се сложувам за ланчето и мене не ми одговара, и за малите обетки,- мислам дека фустанчето е доволно накитено самото , па... мислам дека ти треба нешто едноставно за да не изгледаш како да си премногу накитена-инаку ми одговара за поводот
Фустанчето е прекрасно, и е таман за пригодата на која ќе го носиш навистина ми се допадна... ланчето можеш да го тргниш, доволни би ти биле мали ситни обетчиња и алка/и на раката... мој совет е косата да ја носиш пуштена бидејќи ако ја фатиш горниот дел кај вратот би ти изгледал многу празен овие штикли ти се убави, ама пошто не сакаш да ги носиш можеш да се купиш или црни или розеви вакви слични чевли со отворени прсти се надевам дека малку ти помогнав , и обавезно да ни кажиш што ќе одлучиш.
Како прво преубаво е фустанчето Со ова ланче убаво ми изгледа. Ако решиш да го носиш можеш да ставиш и некое гломазно прстенче. Или пак со соберена коса да носиш обетки и некоја црна алка (јас вака би носела). За во лето затворени салонки не би носела. Убаво би било и со отворени на прст и со сандали некои елегантни. Ти одлучи си што ќе си купиш, т.е што ти недостига во плакарот
Јас не би го носела ланчето, затоа што фустанот сам по себе е многу убав. Ланчето го уништува. Јас би ставила прстен и обетки, одлучи ти црни или розеви. За обувки какви имаш такви носи или купи нешто што после би го носела, да не фрлаш џабе пари. Иако јас би одела на салонки или пак со прсте отворено.
Јас сум терсене за накит, и би ти рекла без ланче. Крупна алка со големи црни камчиња пр. и обетки, или обетки и прстен голем исто. Кога се две нешта изгледа многу поубаво и повкусно отколку наредено без исаф и обетки и гердани и нараквици и прстени... И со прсте штикли.
зависи каков ефект сакаш да постигнеш...мислам сакаш нив да ги потенцираш(целото внимание да биде на нив ) или не....ако сакаш да дојдат до израз јас би носела фустан во една боја онаа која најмногу доминира на сандалите
Ако и твоите сандали ги имаат овие бои како сандалите на сликата, можеш со се да ги комбинираш, но гледај тие работи да бидат едноставни за сандалите да дојдат до израз Можеш да носиш фустанчиња, маички или шорцеви во црна, бела, црвена, жолта, сина боја..едноставно, се ќе ти одговара
ааа, епа можеш да ги комбинираш со нешто црно или бело (мислам дека убаво би одговарале) или пак пробај со нешто кафеаво, односно таква боја како што е плутата
Бидејќи е лето можеш да ги носиш со некое бело летно фустанче или облека со цветни декорации ти одговараат со многу работи можеш и со фармерки и некој убав корсет.
1.Со црно, бело, сино кратко фустанче 2. Корсет со кратки панталончиња или сукњичка 3.Црни тесни фармерчиња со тесна маичка која има цветен дезен
Многу од вас не би ги носеле, ама јас имам таков специфичен стил и ми се допаѓаат поразлични работи. Сакам уникатни работи ама тешко ми е да ги искомбинирам. Појма немам каква маичка да облечам. Накит? Шминка? Доле мислам да носам црни римјанки. (Каишов дефинитивно ќе го носам, без каиш не стојат)
^ Ако ги носиш за вечерно излегување можеш со црна тесна маичка на прерамки, за накит би одбрала црни менѓуши долги и марама црна околу врат (мене марамите ми се фетиш). Е сега за шминка неможам да ти кажам зашто незнам како изледаш , но сепак мислам не многу нападна. Се надевам дека малку ти помогнав
искрено јас тоа не би го облекла ама секој си има свој стил.Можеш да облечеш некоја црна маичка со подолг ѓердан ако имаш иста боја како пантелоните а римјанки не одат со пантелониве а каишот како да ги краси
Тешки се за комбинирање затоа и ве прашав.. Ланче се мислам дека нема да одговара.. Јас па се мислам дека римјанки одговараат,а и незнам што друго би носела. Балетанки-No way! А,да напоменам дека се широки панталончиња(како хеланки) и се сосема поразлични од на сликава Иначе Спојлер Боже господе! Хаха
^ Јас би ги облекла со портокалова маичка на рамки може и рамбовка. Црни салонки и ташна можеш некоја од тие три бои.Или пак со маичка во таква светло зелена боја , нежно зелана. Сега се носат такви драч бои.