Јас би го искомбинирала со фармерки убаво ке седи и бели или крем сандалки (какво што е блузето)инаку многу ми се допаѓа
се мислам дали да ја носам блузава, баш си ја најдов у плакар, планирам да ја носам со сако, ама незнам дали ќе иде, и со што друго да ја искомбинирам. па помош феминки!
Јас би одела на црни или тегетни (зависи какви се линиите на блузата) пантолони или хеланки, исто такво сако и крем чевли.
Јас не би го носела. Прво кога го видов помислив дека е од времето кога сме биле мали и е некое старо маиче. Но, тоа е мое мислење, не мораш да го прифатиш.
Мислам дека кога ќе го облечеш ќе личи поинаку. Можеш така да се сликнеш и да ни покажеш. Бидејќи кај градите е малку тесно.. Како и да е , не би го комбинирала со сако, повеќе ми е за лежерна комбинација. Би го носела на светли фармерки со ролка и патичиња. За во зима е како и да е
Мене со ролка ич нема да ми се допаѓа, а сама по себе маичкава ми е убава.. Што материјал е само? Дебела волна или тенок пријатен конец? Ако е конец и доколку се линиите црни, обиди се со црни цефка фармерки, тенок колан и Со тоа што маичкава или што и да е, да биде пикната во фармерките. Аксесорис алки нешто, прстен....
фала ви девојки не планирам да ја носам со ролка, тоа во никој случај, ама пробав со тегетни цефка панталони, па и не беше толку лошо, ја ставив блузата во панталоните и штикли кремасти како блузата, па некако ми се свиѓше ќе ставам слика коа ќе сликнам заедно све
Ролка и блузава? Абе ај Прво блузава ми е зимска вака по прв поглед. Второ под сако не ми иде некоја варијанта на џемпер да носиш, но не значи дека нема да стои, не ми се гледа убаво материјалот искрено. Јас би го носела зимно време со тесни фармерки или хеланки и високи чизми. Лето јок, сеедно што е по кратки.
Зависи материјалот на блузата каков е. Ако е како оние на џемперчињата (не се разбирам многу во материјали) дефинитивно не е за овој период.
и јас се согласувам дека не е за овај период мислам жешко ќе ти е во блузава искрено а ако веќе сакаш да ја ставиш би играла на црна цевка фармерка или хеланка ,сако,и црни чевлиња заоблени или отворени во прстето со плик или голема чанта сеедно одлучи
Девојки, најдов материјал со цветен дезен од мајка ми и сега сакам да си сошијам нешто. Ама, малку ми е чуден дезенот цвеќината се големи. Дали ви се допаѓа?
Еее..Вака дали одговара да носам куси палталонки тексесни, нагоре бела маичка (на грбот плетена, неможам да најдам слика) и црни балетанки?
^ Па сликни ја. Секоја од нас различно ќе си ја замисли сликата, исто и балетанките. FlameFairy обиди се со сукња со висок струк.
Мене оваа блуза ми е премногу зимкса,би ја носела со фармерки,хеланки али на зема.За на лато вакво мислам не се носи.