FlameFairy и јас како сефора би ти предложила сукњичка да си сошиеш мислам дека убаво ќе испадне и плус таман сега лето ќе си ја изнаносиш.
Може ли да искомбинирам: Спојлер + + + Розев циклама лак и некој розев детал (нараквица, каиш можеби..) + *Какви балетанки, црни ? *Каква ташничка (немам розева) ?
FlameFairy (мене ми се допаѓа материјалот ) ако имаш повеќе материјал можеш и фустанче Спојлер ако не сукњичка со висок струк (ко предлогот на Сефора), или можеш и поширчоки шорцеви со висок струк Спојлер
Аврил болерото не е црвено? Инаку јас би одела со црни или црвени/розови (во зависност од тоа каква боја е болерото) балетанки, и ташна во некоја од овие бои. Ако маичката е долга како оваа на сликата, мислам дека каишот нема да се гледа, а каиш над блуза мене искрено не ми се допаѓа.
Ај помош, со што да ги искомбинирам ?? Само да не биде она стандард, со сина блуза, со црно, со бело .... малку бои сакам .... фала однапред
^ ако не сакаш бои тогаш јас би идела на еднобојна комбинација пример бела панталона/сукња со бела рамбовка или кошула бела посебно од оние широкине, златно каивче малецко, златен часовник и чевливе. Само они да се плави. Исто можеш и со црно место бело, иако за лето бело си е бело. Или фармерка, некоја кошула блуза која е oversize и овие ципелки. Лично јас не би одбрала и плава чанта. Би земала златеста, бела, црна, сива, сребрена. Доволно се преубави и со преубава боја чевливе. Па комбинирај ги само тие да се впечатливи. А сигурна сум во твоите комбинирачки способности дека одлично ќе биде тоа
Имам едно фустанче тегет( нешо као морнарско му доаѓа) и сеа се двоумам дали да го искомбинирам со кремасти штикли и тегет плик-ташна Јас мислам дека поубаво иде со кремасти штикли отколку со црни Сеа малце ташната не ми одговара со штиклите али тоа е ..имам и една кремаста ташна ама голема е и не ми одговара баш голема ташна со фустанче. Што мислите?
Тегет и црно дефинитвно не бидејќи е многу темна комбинација за овие летни денови. Но можеш тегет со бело и црвено, ако имаш црвени или бели штикли со бел или црвен накит, ако носиш црвени штикли тогаш стави бел накит,ако носиш бели штикли стави црвен накит. Чанта како чевлите можеш. Исто можеш и со кремови штикли штом имаш, можеш црвена ташна и некои црвени обетки. Изборот е твој.
Вечер за на кафенце сакам вака некако да се нашминкам со плаво-тиркизно моливче, но незнам какви бои на олека да носам... Помош!! Да носам некои неутрални бои или пак на мене да имам некое парче во тиркизна боја???
според мене би било добро кога би имала парче облека во тиркизна боја (сандали, маичка или пак чанта) а може и накит ако ставаш да ти е тиркизен
Па можеш и вака да се налакираш и/или да ставиш тиркизен накит. Можеш да се облечеш во светли бои, ама имај уште нешто тиркиз на тебе, без разлика што е.
Фала ви феминки ке се налакирам вака и ке носам маичка во истата боја Малце несекојдневно ама интересно и убаво
Помош феминки! Ова фустанче го купив за на свадба во сабота сум, па кажете ми со какви штикли, накит и каква ташна да комплетирам. благодарам
Можеш со кремови салонки или некои сандали, кремова плик ташна, некои розови обетки (како фустанчето што е) по можност долги и тоа е тоа. Доколку немаш кремови штикли тогаш со црни, црна ташна, е тука можеш да ставиш црни обетки мали или долги (твој избор) и можеш некој голем упадлив црн прстен. И во двата случаи косата нека ти биде во пунџа(по можност ниска пунџа). Се надевам ти помогнав
Дали би ја носеле блузава (туника) и со што? (бела е со портокалови кругчиња различни по големина) Спојлер
ако не парче облека тогаш и според мене некоја белегзија чанта или чевла или пак колан на половина во таа боја а на тебе не мешај бои да не испаднеш мн.нападна и со облеката и со шминката е сега незнам што точно сакаш да носиш на тебе подобро да те советувавме