Каква фризура најдобро би стоела на вакво фустанче (само преку едно рамо) Имам долга коса (не претерано), што значи може и да се собере и да се навитка и се... Што би ми преложиле? Поводот е свадба
^Moже да ја собереш во репче високо на тилот штом ти е долга, ем нема да те нервира цело време пошто жешко е нели, ем ќе дојде до израз моделот на фустанчето пошто ако е пуштена ќе се прекрива голото рамо и едната прерамка
Да ја исфенираш и благо потоа да ја извиткаш на врвовите вака некако а може и уште по поткрената да ти биде на коренот:
Дали би ја носеле блузава (туника) и со што? (бела е со портокалови кругчиња различни по големина) Anyone?!
Јас би ја носела со светло-плави тесни фармерки и исто такво кратко палтиче. А на нозете кремасти сандали на плута, ниски сандалчиња, балетанки, некои не-елегантни штиклички, зависи што имаш...и голема чанта
со што можам да искомбинирам кремави пантолони долу со ластик на глуждот..За утре ми треба ама немам нешто наметка да не ми студи...
Можеш со многу боида ги искомбинираш. Горе можеш со розова блуза, црна, бела, кремава, кафена.. Ако имаш сако или некое палтенце во црна, црвена боја, кафена, тегет, можеш и на зеленкасто - но сепак треба да се внимава при комбинирањето на боите на блузата и сакото. Надолу бидејќи се со ластик јас би одела на салонки или балетанки, кои исто можеш во било каква боја (лично јас би гледала да се со бојата на блузата или сакото) и чанта. Јас имам такви кремави со ластик и ги носам со каква ќе ми текне блуза, црно сако и црни штикли или салонки. Еве некои комбинации. Не се сите пантолони кремави, но може да ти послужат за да видиш како да ги комбинираш.. Едит-Сега кога гледам поубаво, ниту едни не се кремави
Леле јас многу сакам вакви и јас имам нешто слично само не е со кругови и е плаво најчесто си го носам на фармерки или на хеланки убаво седи ....
Феминки која комбинација е поубава од овие две со бело или жолто И што од ова да носам на една од овие комбинации,се извинувам што сум ставила една од жолтите обетки... И за на нозете овие или ако не овие патики црни со розево..
Јас би ја носела втората комвинација, би ја ставила марамата, наочарите, обетките бели што се кругови и белиот часовник и сандалите
Првата е поубава, втората е многу поедноставна и подосадна цела бело розе. А од накит бел часовник, очилата, обетките не би ставила бар не од овие дека не ми одговараат некако може некои најмалецки бели, марама никако. И може ако имаш бела/крем чантичка малецка на страна. А и сандалите се прљаво бело, така да нема потреба од многу креч бели детали на тебе.
Се согласувам со rossonerka.Првата комбинација е подобра.Блузата е доволно интересна и нема потреба да се трупиш со разни детали доволно се само жолтите обетки.Втората комбинација навистина е досадна и долга марама летно време некако глупо ми е
Ако сакаш да го истакнеш моделот на фустанот најдобро е некоја поедноставна висока пунџа.Ако не сакаш да ја собираш тогаш благо навиткај ја.Фризура на страна во никој случај.
Вечер сум на свадба, си планирав сандали со кратко фустанче, со ракавчиња куси, да не е тапа да идам толку гола на времево грдо. Ама па што би облекла ааааах, грдо временце.
Тапа или не , ладно ќе ти биде . Земи си некое џемперче најобично со копчиња или наметка некоја Лавр јас мислам исто првата , втората ми е многу обична и досадна
Тапа воопшто не е но подобро стави си одозгора нешто на долги ракави па ке го соблечеш.Сигурно ке ти стане жешко потоа.Убав помин
Lover мене тие сандалки повеќе ми одговараат со втората комбинација (која и така ми е поубава ), а за накит можеш да ја ставиш марамата (врзи ја на некој штосен начин) Спојлер можеш вака некако или пушти ја слободно нека паѓа белиот часовник на едната рака, на другата рака ако имаш од оние тенки алки во сребрена боја можеш да наредеш и спремна си