Добра ти е вака комбинацијата, ми се допаѓа. Можеш да ставиш бел или кремав накит, јас повеќе би идела на кремав * Убав помин на свадба.
Ми се допаѓа комбинацијата, никаде не постои правило дека со штикли треба да се оди на свадба. Баш модерно и младешки. убав помин
Убави ли се шорцевиве? Ама најискрено кажете И ако се , со што да ги комбинирам ? Зошто не се ни со низок ни со висок струк
Многу ти се убави шорцевите .нема врска струкот убав си е и плус бели можеш да си ги комбинираш со што сакаш
Да стварно многу ти се убави шорцевитее и јас порано имав такви слични и најчесто ги носев со една во риги блуза (розево со бело) или со црно бела блуза. До душа бели се одат со се П.С. ако ти се нови со здравје да си ги носиш
Убави сеее... Бели со се можеш да ги комбинираш јас би ги носела со морнарско блузиче ... баш со се се коминираат преубави се за летово
Со маичка розева над нив, и нема ни да се гледа струкот, бело ланче и тие твоите розеви убави за на нозе. И шибај.
Баш се убавки шорцевите можеш да си ги носиш со каква сакаш маичка и ќе се покрие струкот нема ни да се познава до кај е а можеш да си ги носиш и на рамни сандалки римјанки или пак на сандалки со плута како и да е можеш илјада комбинации да си направиш сепак бели се
за Lepaaaa -преубава ти е комбинацијата,да ги носиш тие сандалки и убаво да си поминеш...можеш да искомбинираш со сив накит, да не биде се на тиркиз и сива ташничка ,или бел накит со бела ташничка.... а и оние црните ти се преубави најди само некоја убава црна трочетврт сукња и ќе средиш работа
Бели се и можеш буквално со се да ги искомбинираш. Летово се популарни јаки дречливи бои па слободно можеш со некоја таква да комбинираш. Или пак со морнарски стил. Се е до вкус. А струкот прекриј го со блуза која не е многу кратка ниту долга.
Па ин сеа се панталнони и сл со висок струк.. можеш со некоја било каква маичка еднобоја или било шо може маичката да биде иста боја со кондурите шо ке ги носиш и маичката можеш да ја ставиш внатре во шорцевите и некој убав каиш шо ке ти одговара да имаш.. Eве неколку слики ..на вакво нешо мсилев.. мене искрено убава ми е ваква комбинација ама секој си има различен вкус !
Душица, шорцевите се многу убави и преубаво ти стојат. Воопшто да не се мислиш, да ги носиш, а за комбинации јас сепак не би ти препорачала морнарска, толку (ми) е досадна, секоја втора е така облечена... Можеш да ги носиш со маичка во било која повпечатлива боја и балетанчиња во истата. И Лепа, и мене ми се допадна твојата комбинација за на свадба, јас би искомбинирала со некоја полесна шминка или во тиркизна, или во крем боја. Задолжителен е тиркизен лак!
Фала ви многу девојки , не ми се нови . Ги најдов во плакар Инаку ми се засвиѓа морнарскиот тренд многу ама дур се наканам да купам нешто такво сите почнаа да го применуваат и од што гледам се заситив Ќе ги комбинирам со некоја впечатлива маичка па ќе сликнам за да видите што сум направила
Со што да го искомбинирам фустанчево? Боите на фустанчето се бела ,црна и некоја темнорозева накај виолетова боја . Повеќе одговара за денска или ноќна комбинација ?
За ноќна комбинација, искомбинирај со црни салонки или сандали и накит во иста боја ко таа на фустанчето (темнорозева, виолетова)... Ако имаш некои менѓушки или алка со камчиња во таа боја... Спојлер Пример и со мала црна ташничка
Вака девојчицииии.....јас имам готови три комбинации, само се мислам што и како да носам. Би сакала да слушнам ваши сугестии Фино лепо успеав некако да извизуелизирам на Луклет и еве ги и тука трите комбинации. Не се онакви како што во живо изгледаат, но отприлика бар успеав да ги доловам боите Фустанот од втората комбинација е флорален, но е залепен за тело и е со една прерамка. Од горе има кремасто сако и доле крем-кафени сандали. На третата фустанот е тесен исто така но има мало деколте. Инаку сакоата не ми се волку широки како на “кукливе“ Ајде сега кажете ми, за која би гласале