Првата,само уште кога би имала штикли во некоја појјака боја би било совршено! Црвени,циклама,плави,зелени,помаранџасти,кафеави ма било какви
Третата! Особено ако е со мало деколте како што викаш, фустан таков тесен и сако одозгора, фантазија. Сите три ти се убави бре, ко јас да сум ги правела. Или ако неќеш третата, тогаш првата. Па последна опција флоралниот фустан.
Како ви се допаѓа моети најново хаљинче Шиено ми е (моја замисла е ) во сабота сум на свадба. Си купив бели чевли отворени на прст.Е сега не знам каква ташна да купам дали бела или црвена а исто така и накитот.Мое мислење е бело плико ташна и црвен накит.Кажете вие ваше мислење
Ајде, девојки ми треба ваша помош! На свадба сум скоро на прв братучед, па деновиве барав фустан ама речиси ништо не ми се допадна (се се некои сатенски останати од матурските, или од цветните, што ми се некако многу секојдневни). Едино што бендисав, малку од малку, е ко овој нешто слично, па би сакала да ми кажете што мислите и евентуално, ако е ок, со какви чевли и акцесоар да го искомбинирам. Ајде бидете добри, посоветувајте ме
И јас сум за првата,само како и Miss-Independent мислам дека многу поефектно и побаво би било доколку чевлите се во некоја впечатлива боја. Анелија јас не би купила бела ташна,црвена поубаво или пак тегет нека биде ако сакаш накитот да биде црвен.
Лолипоп Мене таа плаво-бела комбинација убаво ми иде со кафеаво,она окерасто кафеаво.Ваљда ме разбираш На пример кафени штикли и ташна.Па можеш црвен накит да ставиш.Или па златен. Исо црвен кармин топ. Исто може и со црно да се искомбинира место кафено. Анелија јас не би одела на варијанта со бели штикли.Некако не ми се уклапа се тоа,незнам зошто.Ми доаѓа многуу...очекувано. А и бели штикли,баш бели бели не преферирам,многу ми делуваат невестински.Посебно ако се сатенски. Можеш да направиш комбинација ко што ја спомнав веќе погоре за Лолипоп. Еве ви некоја такви комбинации со тие бои девојки,ваљда ќе најдете инспирација.
Девојки, фала ви на асистенцијата. Ќе изберам помеѓу првата и втората комбинација Третата ќе ја оставам за некои постудени времиња, бидејќи забележав дека материјалот е подебел Анелија, убава ти е замислата. Бел плик и црвен накит. Би било многу ефектно и убаво доколку на пликот додадеш некој црвен детаљ (црвено, платнено цветче во форма на брош). Јас ти препорачувам да ставиш некое впечатливо црвено ланче, но сепак внимавај на материјалот од кое ќе биде изработено (пластика-никако). Лолипоп, кога го гледам фустанов ми изгледа дека убаво би стоел со пин-ап шминка и со бисерен накит. Оди или на црвени штикли со црвена чанта или со окер комбинацијата која ти ја препорача Мисс
Пред еден месец бев на свадба и тогаш си купив сиво фустанче со цветен дезен, малку над колена, одоздола со постава одозгора со оној материјалот мислам жоржет се викаше и тенко каишче го комбинирав со сиви штикли и таква плик ташна. Од накит си ги носев оглицата и обетките од Сваровски.Моментално не можам да сликам, утре ќе се потрудам за да можете да видите. Сега нешто ме мачи... Значи јас не излегувам често навечер, всушност ептен ретко (заради детето, нема кој да ми го чува, ок, не е битно) и се' што ќе купам онака посвечено, така ми стои, неискористено. Наредната недела пак сме на свадба. И сега се мислам дали да купам нешто ново (кое ќе си го најде своето место меѓу неискористените работи) или да го носам ова од претходната свадба
Слободно носи си го тоа од претходната свадба, не сме ние некои од светските ѕвезди па еднаш носено да не го облекуваме пак иначе нема нипто лошо а ни срамота да го носиш истото(барем според мене) а и со парите што би ги дала за нешто ново(кое ке биде неискористено) ќе си купиш нешто што ќе го изнаносиш
rainlover слободно носи го истото фустанче, но можеш да го искомбинираш со нешто друго, други чевли и накит. Не троши пари на ново фустанче кое во плакар ќе ти собира прашина, туку со тие пари купи си нешто што ќе го износиш
Девојки вечерва можно е да одиме на седенка негде со друштовото од дечко ми,а после можи и некаде в дискотека.Е сега не сакам да носам некое фустанче бидејќи не знам точно каде ке одиме.Затоа се одлучивам да носам фармерки и рамбовка.Фармерките се бели,а рамбовката крем бој,не е обична има некоја машничка со чипка и гол грб со чипка.Е сега сакам да го искомбинирам со црни чевли на штикла,и зависи од времето какво е можи да носам и црно сако.Не знам колку одговара али тоа го имам на располагање.Ваш рпедлог нешто???За накит каков,и каква боја најубаво би стоело.
Можеш со црни цевка пантолони или фармеки во светла боја, јас лично не сум за бели фармерки. Накит можеш во кремова боја да ставиш некои обетки долги кои преубаво стојат на висока пунџа, можеш некои мали црни обетки и некој впечатлив прстен. Можеш и друга боја некоја по дреч да ставиш како накит, за да двои и да не биде монотони црно, бело и крем. Не знам што имаш од накит за да ти кажам.
Модни критики (за не толку храбри феминки) Ajде феминки сакам ваше мислење. Фустанчето ми е за свадба,мегутоа има и црн каиш како што гледате но сакам наместо каишот да ставам машна црвена или розе боја или пак сепак да остане со црниот каиш.Како би го комбинирале фустанчето?со каква боја на сандали и машна или да си остане како што е
Јас би ставила друга боја, розе, сино, зелено... Зависи какви обувки имаш. Црно-црвено ми е премногу честа комбинација.