Еее Гоу, дека мразам црно-кафеаво, затоа прашувам Шери, со црвено, ни под точка разно не би ставила, кафеаво и црвено А плус немам такви црвени темни, имам сандали светли Немам решение пааа А бе глупавава боја што сега се носи е, ни сиво, ни кафено, ко бледо кафено, низ ПП секаде ја има таа боја, ама не сум буџован да барам чевли за сите бои
^ајде бре не фрлај пари за нови чевли, носи ја зимава со црни, па на пролет со тие со отворен прст....зашто сега ладно е за таков модел
хахаха Јас само дадов предлог, не значи дека мора да се прифати. Епа во тој случај водејќи се од тоа што имаш од чевли би ти рекла да одиш со кремавите
Аууу, нема шанси, не ни помислив да купувам чевли Гоу, таман работа. Изгледа ќе мижам за со црни, ама и може да ми остане болка на душа и да не го облечам (а мноооогуууу сакам, убаво е, обично ама необично ) Шери, не се налутив, не сфаќај така, само кажав Фала сепак на двете
кате не би можела да згрешиш според мене со добри црни чевли и црна плик чанта мислам дека супер ќе бидеш позз
А овие пантолони бива ли да ги носам,ама со какви штикли со кремови или црни,ташната сакам да ја носам таа што ја пстирав во “што последно си купивте“????? Еве вие бива ли???? (доле се како по затегнатаи а нагоре се малку по широки,незнам дали се забележуваат на сликата)
За Анннни,мислам дека ке биде добро со црни штикли затоа што гледам дека и црн колан имаат панталоните,а и кремавата боја за чевли ми е некако по за пролет или лето. А инаку девојки да ве прашам дали мислите дека може да се искомбинира кафеави кратки панталони со црни дебели хулахопки и црни салонки,мене не ми се свиѓа комбинавија црно со кафеаво,ама сите чевли и чизми ми се на црно и сиво..
со црни штикли многу добро ќе стојат,бидејќи и ташната така ти делува поелегантно, иако јас би се одлучила за плик-ташна. Црно едноставно маиче и сив накит и прекрасно ќе изгледаш
Ани преубави се пантолоните Мој совет.......топ, каиш, црни штикли, црн плик и некој интересен накит Косата и шминката едноставни и имаш добитна комбинација
Се согласувам, супер ти се панталончињата,баш модерни гледам низ цел град ги има. Со црн акцесорис и ќе бидеш топ!!!
значи имам едно ко кошулче, бело е, а врз него има црна чипка (ко џемперче), така што од назад (чипката) е долга до под задник, а напред како и секое кратко кошулче. Убо е, не викам не, ама не знам со што да го искомбинирам... адвајссссссссссссс??
Ани би ги искомбинирала со бело кошулче крем чевли и крем плик чанта или не мора скроз да е крем косата би ја испеглала би ставила дискретна шминка и црвен карамин мислам дека ќе бидиш топ а пантолоните се 5ка ова е мој стил јас би се облекла вака а за накит се разбира неизбежен е по твој избор
душо црни сатенски пантолони црни чевли и плик чанта и косата виткана ќе блескаш незнам што фризура носиш но јас вака замислувам
Девојки итно ми треба совет! дали е добро да го носам црното плетено блузиче(што го имам постирано во моднин критики) на темно лилава ролка?
Женски овде ќе ја постирам сликата пошто ова сега набрзина се сликнав да ми кажете дали е океј вака да се носи или сепак не.Мене лично многу не ми се допаѓа целово ова,а мајка ми вика не е лошо. Ај ве молам кажете ми искрено,итно ми треба... *Избришано
Дефинитивно НЕ! Убаво си е панталоните со топот и марамата, само друга боја хулахопки земи некои штосни со дезен или сиви, пошто гледам и на марамата има сивкасто, и помал каиш во боја како хулахопките.......или извади ја марамата стави некое интересно ланче што не е црно
Каишот не ми фаќа мене мерак! А горе за зимно време мислам дека поубаво е и бела кошулка или и друга боја кошулка струкирана да облечеш. Марамата е супер. И да како што кажа Го грл друга боја хулахопки. Вака многу црна си ми
А да облечам голема темно сина кошула со црн голем каиш на средината + црни кратки чизмички + ланче? Какви хулахопки би иделе на ова? Скрос темни или?