Есперанса и мене многу ми се допаѓаат и баш се срцкасти. Бидејќи се бели и си во предност да ги искомбинираш со било која боја на маичка со ракави, без ракави било што
Есперансаа многу се слатки шорцевите (посебно златните копчиња ми се свиѓаат ), веќе погоре ти кажаа со што све можеш да ги комбинираш, затоа да не се повтарам и јас, само ќе ти дадам неколку сликички колку за инспирација Спојлер
Есперанса и шорцевите и сукњата многу ми се допаѓаат. Сега високиот струк повторно започна да се враќа во мода. Дека се бели имаш многу голем избор со што да ги комбинираш. Можеш да облечеш некоја пошарена маичка, и тоа би ти било полн погодок, со доле на нозе некои балетанки, римјанки или пак штикли зависно од пригодата. Исто можеш да ги искомбинираш со најобична еднобојна маичка ставајќи повпечатлив накит. :up:
Есперанса блазе си ти... Ако не си ги носела 4-5 години сега му е мајката маста да им ја извадиш Сите се убаво ти кажаче, ја да сум на твое место би ги носела ко на втората слика што ја стави Ла-чика или ко таа со зеленото маиче... Мераци
Есперанса прекрасни се и шорцевите и сукњичката. Можеш да ги искомбинираш со топ, рамбовка или обична маичка во која сакаш боја, некој впечатлив накит и на нозе римјанки, штикли, балетанки, зависи кога и каде ќе ги носиш.
Сакам да прашам дали би одговарало црни панталони, бел каиш црвена рамбовка, бели балетанки и бела ташничка?
девојки ај малку помооооош, имам кратки тексас шорцеви, така малку се обелени и искинати а скроз доле на рабовите имаат бела чипка, со што да ги искомбинирам? предлози? одприлика вакви се ...
Со кратки тексас шорцеви може да се носи се и сешто, лесни се за комбинирање. Еве ти неколку слики за идеа
за на свадба мора да се носи фустан???? дајте ми некои комбинации кои би можела да ги земам во предвид како да се дотерам, а да не е фустан
Девојки ајде помагајте утре треба да се видам со една другарка што долго време не сме се виделе...па решив да носам ова Е сега и сандалите и пупината седат убаво,само што јас сакам да изгледам повисоко со сандалите,а пак во пупината се чувствувам поудобно,што мислите вие што да носам? И ако имате некоја идеја за да сменам нешто и воврска со облеката и тоа можеет да ми пишите.... И секако оваа чанта ќе ја носам...со долга рачка...
Па, ако е дневно кафе, мене лично ми е малку смешно кога одат на дневна прошетка со штикли. Како сакаш, јас би одела со балетанките. Друга работа е што би го тргнала каишот од кошулката, и би ја носела или без каиш или би ја пикнала во фармерките, да биде малку како натресена.
И јас би одела со кошулата во пантолончина,и со балетанките.Многу по убаво изгледа така,отколку со штиклите
Ловер, јас би ти ги препорачала: шорцевите, сандалите и некоја пообична маичка (топ, рамбовка). Доколку си се решила за оваа која си ја постирала, не го носи каишот на неа. Ташната замени ја со пообична
Ловер јас би одела со балетанки, но некои во пожива боја а од ова што ни постави би го тргнала каишот и би ставила некое потенко, по можност во бојата од шорцевите .Бидејќи кажа дека сакаш да изгледаш повисоко носи ги штиклите, но смени ја ташната, воопшто не оди со комбинацијава.
пантолите - балетанките - и бела рамбовка (сто и да е, бело ) со штиклите ќе се потиш и мачиш на жешково (иако се навистина убави, ептен like ) кошулата ти е позатворена боја за ова сонце иако, и со балетанките ќе ти е жешко..немаш некои римјанки, или обични влечки???
^Да имам рaмбовки еден куп ама моментално оваа ми е најнова вака е од напред а вака од назад или пак ова блузе како корсет е (мислам дека и тоа би седело убаво) а од римјанките ги имам само на бело,овие или овие