najubava2010 доколку одлучиш да ја задржиш чантата може да ја носиш со премногу едноставна комбинација на пример цевка фармерки и обична кремава мајчка (бидејки од страната и рачките е кремава чантата) на нозете кремави штикли.Може да ставиш и некое шарено долго ланче Јас мислам дека може да ја носиш па нели сега на мода е мешање принтови и шарени работи
Женски ајде помош. Утре сум на свадба,и имам еден необлечен фустан кој планирам да го носам. Еве го Леле девојкава од што многу лошо го искомбинирала,ми го огрде фустанот А и мене ми е до колена негде...Сега дали ја сум многу ниска или оваа многу висока не би навлагала во тоа И значи вака,имам ташна ваква боја,кремаста со старо злато.Менѓуши старо злато боја,и една таква боја алка, една кремаста,такви широки. Е сеа штиклите ми се проблем.Имам кремасти сандали кои уопште не одговараат,имам црно со златно,ама фустанов е со старо злато боја не е баш обично и не ми се уклапаат,плус тие се со циркони а на фустанов има монистра.Со црни салонки глупо ми е Проблем број два,со црвен кармин убаво ми иде комбинацијава,е сеа очите сакам неутрални да ми се ама незнам какви неутрални,па некој пример не би ми дошол лошо.Или ако не црвен кармин како. Помагајте ако за бога знате,збунка сум целата
Мис што им фали на твоиве преубави кремасти сандали?? Спојлер Мене премногу би ми се свиѓале во комбинација со овој фустан Околу накитот и ташната ти е обмислено :up: , црвени ноктиња и на раце и на нозе, црвен кармин да, и очите неутрално кафено-златни Спојлер
Мисс јас би го комбинирала со овие твои сандали: Шминка мислам ко на профил сликата што ти е, таму си преубава
Со мисла си легнав со иста мисла се разбудив Чика па не ми ни текна на тие пошто се со врвки и некако не ми идат со фустанов..Што викате вие?? А иначе ја со тие Марамка што ги спомна го пробував и стои ужасно,различна нијанса се со фустанот и катастрофа За шминка ќе ги искористам примериве на Чика,на профил сликата само туш и сјај имам бре Марамке Еве го фустанот и еве уште едни други два со него, кој е подобар?
Miss-Independent Првиот е најнајубав од сите а и плус тоа многу убаво ти стои,в крај секси си со него,другите не ми се допагаат овај е дефинитивно најубав
И мене ми се допаѓа првиот фустан! ем модерно ем погодено за на свадба..и сандалите се прекрасни,одличен вкус!
Мисс најубаво ти стои вториот, ама зависи колку блиска свадба ти е, ако е многу блиска тогаш првиот. Јас не можам да го замислам фустанов со чевлите Ла -чика што ти ги предложи, а штом не одговара ни со другиве не знам, од другите чевли што си ги постирала не најдов нешто што навистина одговара.
Мисс првиот фустан во комбинација со чевлите кои ти ги препорача Ла чика Мене топ ми оди таа комбинација. Стави бронзено-кафена шминка и топ си
miss и јас се согласувам со ла чика ти даде предобри идеи, дефинитивно првиот фустан ми се допаѓа што не е прешарен како другите, а и убаво ти стои, во комбинација со шминката и чевлите од предлогот на лачика ќе бидеш и мислам дека си кажа каков накит сакаш да носиш и готово мене супер ми изгледа се како е искомбинирано. а и да, не заборавај да ставиш слика од комбинацијата за која ќе се одлучиш и помини си најубаво на свадбата
Фала ви девојки ќе ве послушам.Ќе идам со тие ЛаЧика што ги предложи.И таква шминка Грл.23 ако ме видиш на свадба намигни ми Уште еднаш фала ви многу,па ќе ставам слика во модни критики да ме видите.
Феминки...имам eдна жолта блузичка и една шарена кошула на три-четврти кои одамна не сум ги облекла зашто мислам дека веќе не се носат, па ај кажете ми дали вие би ги носеле и со што би ги искомбинирале. И уште неколку парчиња облека за кои би ми биле добредојдени ваши комбинации
Искрено јас не би ги носела, ептен се како помината мода од 90ти. * да те пофалам жолтите шорцеви и блузата со црвено бели линии ПРЕУБАВИ СЕ! шорцевите со се можеш да ги комбинираш, а блузата ^ јас би ја носела со бели шорцеви, црни балетанки и црна ташничка, ако е денско искачање се разбира имаш уште милион комбинации