Втората блуза можеш да ја носеш со тексесни панталонки , сини или црвени. А жолтите панталонки со блузата под нив. За првата и последната блуза немам идеја. Би ти предложила да не ти бидат комбинирани со црно или бело, оти досадно е тоа, одбери парчиња во друга боја.
За добра свиња нема лоша помија. Кошулчето, се разбира, ќе биде многу АУТ - ама скупски го кажав ова - ако го носиш само така. Но, мене хит годинава ми е кошулчето пикнато внатре. Те замислувам со фармерчиња, ова кошулче, црвена наметка одозгора... Петка. Едит - тоа бојата не ми се гледа дали е црвена или розова, ама добро би одговарало и со темно сино горно нешто... Зборот ми е да ја вметнеш кошулата во стајлингот, а да не го правиш стајлингот според кошулата. Блузата со цветовите би била мноогу подобра ако ја модифицираш, тоа ластикот на половината ме буни. Не ми е нешто нај, нај по ќеиф, но би била солидна за на плажа. Баш го има тој шмек. Жолтите панталончиња можеш да ги комбинираш со апсолутно се, само јас не би ги комбинирала со уште жолто. Би одела на комбинација, пример, жолти панталони, бела блуза, сини чевли или ташна, нешто да ја разбие жолтата боја, која инаку е премногу јака. Блузичката со риги е супер за кежуал шетња, со фармерчиња, шорцеви, со балетанчиња... Мераци. А тоа шаренкото, ми личи на кошулка и би ја носела пикната во фармерки. Каишот би го ставила на фармерките/шорцевите.
Мислите ли дека е смешно да искомбинирам вакво баретче со кратки тексас панталонки, рамбовка и римјанки или патики? Дека е плетенко нели, а потенко баретче немим. И нема вака да го носам натегнато. Онака, цело позади ќе ми иде, а челото ќе ми се гледа цело. Косата внатре ќе ми биде, знаете нели?
Фустанчево го купив зш ми се виде интересно, и сега само по дома го носам. Некоја идеја како би го искомбинирала со нешто за да го носам и надвор од дома, или сепак да ми остане само за во овие четири ѕида?
Јас мислам дека не би изгледало смешно, само тебе да не ти зоврие главата Инаку еве пример дека интересно изгледа
Девојки помош.. која комбинација би била подоба..? 1. сина маичка без рамчина, бела мини сукња со сина апликација (малечка), сиви обетки и сиви сандалки на плута 2. сина маичка без рамчина, црна мини сукња, црно долго бисерче и сиви сандалки на плута ?? и дали воопшто ми одговара бојата на сандалките во кобинациите ? (не ме бива за мешање бои.. ) а косата како ?? а шминка ??
Плетено баретче во сред лето - НЕ! Тоа е исто како да облечеш купачи и џемпер Ај стрпи се бројче за баретчево уште 2-3 месеца.
женски ај малку помош, утре вечер треба да одиме со друштво и дечко ми онака на седенка во викендица али проблемот е што тоа е да не речам планина и сигурно ќе биде поладно па се мислам што да облечам? сепак да е удобно да не е мн спортски (тренерки) а убаво и сепак да е како за на топа место. сеа се мислев високи бели патичиња,фармерчиња такви се малку искинати, маичка со црно-бели риги и имам подебел црн дуксер кој и не се познава баш дали е дуксер зашо напред има два реда копчиња. со мислите вие? предлог?
simoncelicius бидејки ке одиш во викендица јас ти препорачувам тренерки комплет (за навечер горната тренерка) и одоздола рамбовка или маичка по кратки и патичиња. Иако и со фармерчињата е ок
Добра ти е комбинацијата, знам за кој дуксер збориш (јас имам сив), само би можела да идеш со поедноставни фармерки, не мора искинати или нз какви. Јас лично би идела со тренерки ( )
Добра комбинација но облечи некои поедноствни фармерки или пак со дечко ти догговорете се и двајцата облечете тренерки, а под тренерките носи некоја рамбовка или маичка.
убаво ама сепак мислам дека треба да ставиш патики ниски,а и не сум баш јас некој фан на тие,јас мислам дека искинатите фармерки се јаки и стави си ги ти можиш со некое рамбовче црно или бело,а да не бидеш целата во црно бела комбинација можиш да си ставиш некоја дуксерка во боја ама не некоја дреџ само.позз и немој накит да носиш само сат ако имаш некој
Девојки сакам утре да носам едни 3/4 панталончиња тегет со црвена рамбовка и тегет ташна,е сега проблемот е тоа што сандалките ми се бели,иде или не?да ставам една црвенка и една бела алка?што викате?
прашањево малку е глупаво, ама стварно немам идеи. си купив црн каиш со ластик. навистина ме бендиса моделот, ама имаше само црна боја. и не знам со што да го комбинирам??? Знам дека црната одговара со се, ама да беше во друга боја (кафеава на пр.) ајде де..., ама црниов не знам на што да го ставам
Женски, ај итно дали одговара комбинацијава? + кремасти штикли со полна пета, + кафеава алка.. П.с Сакото е покремасто, нз зш вака сиво испадна на сликава..