Дали би искомбинирале сако со обична маица со натпис да речеме ? Никогаш до сега не сум носела, а сакам да пробам. Нешто вака: Сакото е кремасто, имам и сандали кремасти на полна пета и се мислев за црвена маичка, со уште некој црвен детал. Што ми предлагате?
Кога носам маичка со натпис под сако, гледам да е во светла боја ( не знам зашто). Од мене имаш зелено светло за комбинацијата крем сако со маичка со натпис, но не знам како тоа би одговарало со црвена маица Како и да е, ќе биде уникатно. Не му ја мисли многу
Да, јас носам спортска маичка со сако. Само, знаеш, мене ми е битна каква е апликацијата, да не биде апла спортска и недефинирана, туку само едно нешто централно да има - дали девојка, машна, кукул, мачка... Нешто што ќе биде центар внимание, не знам дали ме разбираш што сакам да кажам. А и не е лошо така малку како покрута да биде. Обичен памук, плус растеглив, не знам, не е тоа тоа. Пробај прво нешто поедноставно, јас не би одела со црвено и крем. Ама затоа што не ја сакам црвената боја. На пример, фармерки, блуза со некоја девојка, не знам, можеш со бела боја а деталите на блузичката да бидат нешто од типот машна, коса. Уф, ама објаснувам, не можам да најдам слика. Абе пробај види, така најдобро. А и не е лошо да ставиш слика, плус едно е теорија друго е пракса.
Јас ја обожавам оваа комбинација!! Пробај, сигурно убаво ќе стои! И со ваква сукничка стои, а со фармерки уште поубаво е!
И од мене зелено светло. Си носам и јас сако со маичка со апликација. Плус обожавам црвена боја па верувам дека супер ќе изгледа.
Супер тогаш! Фала ви многу. Прв пат вака да откријам дека ми се допаѓа нешто! Уште петок да дојде и ставам слика во критиките!
Девојки со што би ги искомбинирале овие панталончиња? Спојлер Ги немам облечено (нови ми се). Со каква боја на маичка, накит, ташна и сл? Дајте ми некој предлог
Панталониве се многу убави, јас би исконбинирала вака : рамбовка (кремаста , бојата да биде таа , но малце посветла нијанса),бела чанта, бели балетани или некои бели сандалки (бидејќи има бели линии на каишот) и бело цветче, машниче, венче на косата.Мое мислење, во две бои супер ...летна комбинација , а и + панталоните не се нешто многу елегантни (или мене така ми се чини на сликата) П.С. со здравје да си ги носиш
Фала, поубави да си купиш Не се елегантни, баш се супер за дневна прошетка, за на кафе и сл. Кремаста маичка немам, ќе искомбинирам со бела рамбовка. Фала
епа јас мислам вака точно можи да ги искомбинираш со рамбовка ама не мора да бидеш целата облечена во кремово и бело,оти денес не се носат само две бој можиш да вментиш и некоја друга боја така по дреч,на пример пупиња или апостолки во боја и таква плик чанта ама со синџирџе,немој да ставаш голема чанта не одговара а и ско имаш долга коса може да си ја ватиш во репче или да си сплетиш некоја плетенка позз се надевам ти поможив
Имам црни кратки пантолончиња,долу со ластик значи на балонче...горе со три копчиња,малку повисок струк..со што би можела да ги комбинирам освен со бела рамбофка?
зависи од каков материјал ти се?ако ти се такви како шушкавни значи дека се по едноставни освен со бела рамбовка,можиш да ги комбинираш со со некоја блуза со гол грб ама да е памучна блузата или блуза со некој натпис знајш каква,со апостолки тегет или во бојата која ти е блузата и некоја по едноставна чанта со синџирџе позз
ЕПА не можеш да ставиш слика така најубо ке можам да ти одговарам,епа ако не е таков материјатолот тогаш значи можиш да ги носиш навечер така за излегување,тогаш носи ги со некоја блузаа со фарбели ама да не е сатенска оти НЕМА НЕШТО ПО ГРДО ОД ТОЈ СТАЕНОТ И Е МНОГУ АНТИФЕНЕСИ И со штикли ако имаш тегет ако не можиш бели или зависи од каква боја ти е блузата,ама во никој случај не ставај црно,оти црно и тегет се многу лоша комбинација
фала ви на предлозите ама не ми се облакаат тренерките лично мн ги мразам ги носам 1 годишно - за први мај инаку пошо знаеш кој дуксер е не мислиш дека е малку дебел за ова време?
би ти препорачала црно или кремаво маиче-топче милам дека марама има неколку комбинации со такво маиче ќе сватиш за какво ти зборам