Шарената кошулка можеш да ја носиш во мини сукња, црна на пример, или во црни панталони, па и средно-темни фармерки Жолтата шарена кошулка можеш на бели ленени панталони
фустанЧињава стотуку ги купив и сеусте ги немам облеЧЕно,но не сум сигурна со каков тип на обувки би мозела да ги искомбинирам, секој предлог би бил добредојден :geek:
Вака имам една сукња ама ја немам облечено никогаш незнам со што да ја комбинирам а и не знам дали да ја носам Спојлер си мислам да не изгледа глупаво еве ваква е како на сликава само што наместо розови,љиљакови, и зелени шарки има сиви , бели и розови но нежно розово
Најубаво ќе стои ако ја искомбинираш со еднобоен топ во таа боја што е најмалце застапена на сукњата. А истотака згора над тоа можеш да си ставиш сако еднобојно или некое откопчано џемперче ! Ако носиш убаво би ти стоеле и на двете стартки на конверс (сиви или тегет би ти одговарале и на двете фустанчиња!). Можеш истотака со римјанки и балетанки. Сметам дека нема да одговараат со штикли!
Девојки што велите вие со што да ги искомбинирам овие куси панталони Со ова блузе или пак со ова се двоумам помеѓу овие две блузина Поводнот не е нешто посебно....
Ве молам за совет, повеќе од 2 недели се двоумам веќе.. значи вака.. си имам направено комбинација од.. оваа маица да ја носам со тегет цевка панталони и тегет балетанки со цветче напред исто тегет, сега се двоумам дали да ја носам со црвена или тегет ташна? help.
Девојки, в сабота сум кума, си сошив ваква сукњичка, слеано стои на мене, тесно,ама се познаваат фалтичките, оваа боја, комбинации за со неа? Уствари, си купив корсетче во ептен неутрална бледопраскеста, шампањ боја, нешто ептен неодредено, и имам такви исти чевли-сандали, отворени напред, елегантни, и си велам дека одговара, ама совет сепак? Еве ги, слаб квалитет, едвај се гледаат Ќе се изглупирам или? Накит, нокти, како? Јас си бендисувам како ми стои комбинацијата, и косава ми е таква боја сега, ама вие ко посигурни Или да си останам на старотот добро мало црно фустанче? Ама лето е, сакав ваква свежа боја, да вришти Ај, кажете што мислите
Може убаво ти стои и изледа убаво, но можела пораскошна кошула без ракави, напред карнери или слично. Или пак да била по џиш боја горниот дел. Мој предлог. Не сум сигурна.
Значи вака девојки имам темни фармерки и сега во продавница пробував едно елече тексас и ама тоа е посветла боја и е некако избледено на некои делови (знаете за што мислам) е сега што мислите дали убаво би изгледало иако елечето е посветло се двоумам дали да го купам
Најдов на интернет слика еве вака некако е елечето а и фармерчињате ми се слични (може за некоја нијанса потемни)
Имам една црвена блуза и сакам да ја носам вечерва. Ракавите не и се симетрични - едниот е подолг ( 3/4-ти), а другиот е краток. Едната страна и е како подиспадната и во половината е тесна. На неа има апликаија со бела боја. СДП со што пантолони да ја искомбинирам - со бели ( што баш и не ми е најнај, да не дојдам како за в градинка), со фармерки или со што? Што би ме советувале? Спојлер Немам слика од неа, а не можам ни да ја сликам, а Paint-от не знам кај ми е во компјутеров
Пепа не го купувај. Мене ми е многу глупаво кога ќе видам елек и фармерки во различни нијанси. А и како што разбрав фармерките ти се некоја нијанса потемни, значи накај црно маваат. Хоупфул мој предлог со цефка фармерки без разлика дали се темни или светли.
Ајде дојде ред и јас да се консултирам со вас На свадба сум кај другарка и ќе бидам старосватица. Е работата е дека не сакам да шијам класичен фустан(шљокица, сатен, чипка),туку нешто по кежуал. Сите ме караат дека немало да изгледа убаво(демек свадба било, а не искачање во диско). Па ми треба мислење од некој неутрален Планирам да носам вакво фустанче и црно палтенце. Спојлер Само фустанчето ќе биде до колена( не над колена) и малку модифицирано Ќе носам стандарни црни салонки и планирам од позади да им ставам зелени машнички.