Andzelika мене ми се допаѓа фустанчето, мислам не постои правило дека на свадба МОРА да се оди со чипка или сатен фустан.
^Знам дека нема пишано правило, ама сепак. Ќе бидам од тие ткн званици па сите ме убедуваат да шијам некој долг посвечен фустан. Фала Заљубена 111
Од мене имаш подршка за да си го сошиеш фустанот Интересно и прибрано е и не гледам зошти би изгледало како за во диско Убав помин
Одличен фустан, не знам зошто не би бил за на свадба? Па мора ли секоја старосватица да носи шлокици? Ми се допаѓа идејата и со машните на штиклите
Идејата со машните беше малце украдена од тебе Ептен ми се допадна чантичката со зелени машнички и наместо на чантичката решив да ги ставам на салонките
Го делам мислењето со Марама и Лепа... Фустанот мене лично ми е преубав, сигурно ќе бидеш најубава. Нема потреба од светки, чипки и 300 тракатанци.
Лелее...а како треба да изгледаш на свадба ко теткица? Па ти си млада и со овој фустан многу повеќе ќе блескаш...+ ќе можеш и понатаму да го носиш и нема да ти пропаднат парите за некој турбофолкерски фустан
Ах BlackCat за ова млада имаш што сакаш (јес да не сум баба) Фала ви девојки, дефинитивно падна одлука
^ Ехх па млада си на 29 бе Со тирбофолкерски фустан само на тетка ќе изгледаш , а со ваков уште помлада
Супер е фустанот, како не го стави порано ќе имав идеја за матура. Него мене ме бунат тоа машничките, не ги кити чевлите многу многу, гледај фустанот/појасот да доминираат.
Анџелика и мене ми се допаѓа многу моделот на фустанот и се согласувамсо Дузи мој совет да ги оставиш машничките за поопуштени комбинации , сега за свадба носи си ги како обични салонки (без китење ) . Повеќе внимание обрни на накитот... Гледај да е "погламурозен" дозволи си да имаш повпечатлив накит бидејќи фустанот, палтенцето и штиклите ти се црни, па да не е монотоно
Aнџелика, ми даде идеја каков фустан да шијам во некоја идна прилика. Многу ми се допаѓа моделот. А за салонките, јас не би ставила машнички, освен ако не се некои помали и не многу впечатливи.
Баш одговара фустанов за старосватица,не гледам нешто што не е како што треба,супер е,терај си одлично ќе изгледаш.
Фустанот е преубав и да го сошиеш и носиш! Баш во вакви парчиња се изгледа поинаку и далеку поубаво од стандард розови свадбарски фустани. Само што искрено, не сум воопшто за машни на чевлите да додаваш иста боја како фустанов, нема потреба и детски ми е. Не мора да си од глава до пети во две бои за да ти одговараат нештата, совршена ти е замислата, терај и убав помин.
се согласувам и јас фустанот е прекрасен, ако планираш да имаш златен каиш стави си повеќе златни алки, и не ставај машнички на штиклите според мене и не мора да е до колена, вака е супер незз јас не би менувала ништо на него преубаво е вака
Andzelika фустанот е супер и немој ништо да менуваш, не ставај машнички на салонките, стави некои златни алки и златни обетки и готова си
Феминки ве молам за помош... не знам што да облечам за вечерва на свадба дали оваа дречлива комбинација или пак ова фустанче (скоро исто е моето само малкуцка пократко) со црни сандали на плута...