Како марама и јас ти викам. Црниот фустан со розевите штикли. И ако имаш розева ташничка и некоја алкичка, топ ќе си. Може и некоја сина или тиркизна алка, да разбива монотонија.
Девојки може ли да ми помогнете кои обетки да ги носам вечерва.. Вака ќе ми биде косата и вака ќе бидам облечена.. Знам дека е малку доцна
Па и двата пара се елегантни за овој изглед но мислам првите, некако повеќе ми одговараат ради сличноста со деталот на блузата.
Марамка, овие ќе ги носам на нозе..П.С. Немам многу руменило, така ти изгледа од сликите најверојатно и светлото
вечер сакам да носам корсет фустанче (розево со сиво е), сиви штикли и имам сива ташна ама голема е... се мислам ке одговара ли со лесно лежерно фустанче голема ташна??
Слики од вашите омилени чевли (сандали,штикли,на платформа) Девојки дали би ги носеле овие, ги најдов, од мајка ми ми се, може ќе ги биде за долги летни прошетки по плажа,а ? Чекам искрени одговори
Слики од вашите омилени чевли (сандали,штикли,на платформа) Мене ми се преубави- не за плажа и онака да ги носиш, ептен се кежуал и фенси . Носи ги
НАвистина се убави,не гледам причина зошто не би ги носела! Наместо оние врвци можеш да си купиш сатенски,ооние што се продаваат на метро по копчарите и да си ги разубавиш уште повеќе и да си ги сменуваш пувчината во каква боја сакаш. Позз
Мене ми се многу интересни, сакам такви уникатни обувки. Да си ги носиш ако ти се допаѓаат, не е важно другите што мислат.
Помош! За два дена сум на свадба, отприлика знам што ќе носам ама уште не сум 100% сигурна. Спојлер Не ме карајте, знам дека се катастрофа сликиве... Сандалите се потемни, двата пара, црвените се исти како фустанчето, сивите се исти како линиите на фустанчето (од светлото сини испаднале линиите ) Фустанчето не свети толку ќе го испеглам т.е. мама ќе ми го испегла Обетките се вртат, од едната страна се црвени, од другата сребрени со циркони, се вртат самите, не знам како да објаснам. Се мислам кои сандали да ги облечам, некако повеќе ми се допаѓаат црвените, ама не знам кои одговараат повеќе.. Накит планирам само обетките, белегзијата, прстенот и ланчето да ги носам, можеби и нешто на косата. Дали би одговарало, кои сандалки да ги одберам, како да ја направам косата и како да ги налакирам ноктите. Прво мислев со црвен лак, ама ќе дојде премногу црвено... Би одговарал црн? За коса мислам ваква, ако имате предлози, слободно дајте.. Спојлер Не знам дали ќе успеам Малце ми е подолга од оваа на сликата. Однапред фала.
Lov3 црвените сандали мислам дека подобро ќе изгледат, и така немаш многу црвени детали, ноктите немора црвени да ти бидат,можеш сиви или црни, црвени нокти некако не ми личе за 14 годишно девојче. Косата можеш како на првата слика да ја направеш.