Водолија убави се сандалките, само врвците некако не ми се допаѓаат. Можеби би биле поубави да ги извадиш или да ставиш поинакви
Lov3 Јас мислам дека повеќе одговара комбинацијава со црвените сандалки , и мислам дека треба ноктите црвени да ги налакираш, не верувам дека ќе дојде премногу.Накитот е супер истотака, и мислам дека ако ја анправиш косата во ваква плетенка ќе изгледа одлично! п.с. Убаво да си поминеш!
Колку се уникатни! Мораш да ги износиш летово ама како да не ми се за на плажа ,некако многу се затворени. Слободно носи си ги низ град ,за на денско кафе ,преубаво изгледаат!
Многу ви благодарам на сите. Да и мене ми се допаѓаат и планирам да си ги носам, само и јас бев скептична малце околу врвките... Хмм сатен си викам мн ке свети и онака се кожени , па сатен со кожа некако не ми оди што знам. А, ќе ги средам некако па ќе ги постирам да ги видите . Од утре работам на реновирање на врвките...
ќе може да ми постирате некои комбинации со темно сино фустанче не знам со што да искомбинирам се мислев со кремасти штикли напред има кафеаво каифче добро е или ?
Кога не би било кафеното каифче добро би било со кремасти штикли нешто вакво но јас мислам поради кафено каивчето подобро со кафени штикли ако имаш a може и да го замениш кафеното каивче со кремасто и супер ке биде со кремасти штикли
Вечер ќе славам роденден,ќе го носам ова фустанче,црни штикли...е сега незнам што да правам со косата да ја носам фатена,пуштена виткана... Немам многу долга коса. И не занам за накит што да носам...
Некако премногу ми е црно за на роденден, а + имаш 16 години. Можеш место црни штикли да облечеш некои со друга боја, што ќе ти одговараат со ташната и накиотот, за да разбиеш монотонија од црното. Косата ако ти е кратка можеш да ја оставиш така, а ако ти е малку подолга можеш со венче да ја средиш или популарната плетенка
Со косата можеш да направиш плетенка (рибина коска) настрана, а за накит само алка и прстен, ланче не би одговарало на таков фустан, не е многу свечен а и поубаво изгледа разголен врат. п.с среќен роденден!
Девојки дали би ги носеле сандаливе и со што? Нови се мајка ми ги купи за неа, ми се допаѓа материјалот ептен се удобни за носење, па реков да ве прашам за мислење , да ги поносам и јас некогаш Спојлер Спојлер
Вечерва сакам да носам едни бели фармерки што минатите 2 лета ги облеков само по еднаш. Сакам да сум така полежерно облечена, не ми е до дотерување вечерва, но сепак сакам да изгледам убаво . Со што би можела да ги искомбинирам? На мене имам облечено маичка во риги, морнарска, па дали ова би било ок да го дополнам со нешто и со што? Или пак нешто друго? Фала ви
Да, супер стојат светли панталони со морнарска маичка. Можеш да ставиш алки/менѓуши бели и или тегет, зависи што имаш (ако тоа ти се боите на маичката) и нешто лежерно на нозе што ќе одговара со комбинацијата. И убаво да си поминеш
со бели панталони, фармерки, бели/црни маички без големи апликации, тексас кошули/маици. Или црно фустанче. Црвена лакирана чанта. Темно кафеави панталони, кафена кожна јакна. Триаголник марама.
ке се сложам со напишаново и потруди се побарај марама има слични балетанки и види како ги има искомбинирано има ставано слики во модни критики
Вака вечер излагам и сакам некои комбинации секакви но да се спортски секси и кежуал фала ви однапред
Дали би искомбинирале палтенце во војнички стил, и со што? Устручено е палтенцето, убаво тесно и прикладно и со руска јакичка горе.
Темно маслинесто би било ова во војнички стил, така ?? Не те разбрав баш нај нај, ама кога веќе ја спомна јаката, немој никако да ставаш марами. Нели тоа е повисочка јака, пробај да облечеш блузичка одоздола маалку така, поотворена. Леле, чекај слики да ставам, ништо нема да ме разбереш. Спојлер Гледај ја формата кај вратот, сечениот дел... не стилот на блузата. И така гледај потесничка да биде, за да се истакне палтото. Не знам колку е украсено и со што, а бојата исто зависи од палтото.
Војничко бе да, темно маслинесто и нели онака војнички ишаранко дее Ме разбрааа? Е сега не знам како да го искомбинирам стварно. Со кратки, долги панталони, накит каков.... марама секако не ставам, не одговара.... Можете и некои сликички да постирате, некои вакви комбинации.