Решив да го искомбинирам ова ташниче со бел(обичен)топ, кратки (светли) фармерски пантолончина и обични бели сандалчина, но не знам што накит да ставам...помош ве молам
Mислам дека некој дрвен накит (ланче по можност) во посветли весели бои (портокалова, жолта...) убаво ке стои.
Во сабота сум на свадба и неможам да се одлучам што да облечам , ми треба Ваша помош ! Комбинациите се : Цветен долг фустан во лила зелено нијанси или пак цевка црна сукња до колена со чипкана кошулка исто црна . Однапред Ви балодарам .
може да ми кажете со што да комбинирам едни жорцеви што ги имам? имаат еден многу интересен каиш па несакам да носам долги маички за да не го покривам каишот,но несакам ни да ги пикам маичките во шорцот како некој дедо. тие отприлика изгледаат вака,само имаат еден многу интересен зашиен каиш http://t3.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9 ... EOkie9SSJu
Па штом ти се допаѓа каишот носи ги со некоја мајчка внатре или со некое корсетче. Нема да изгледаш како дедо, баш супер ќе изгледа
Убаво изгледа маичка внатре во кратки пантлончиња, многу така носат сега.. Само гледај да направиш добар избор на маичка, не одговараат сите.
На поклин добив многу убаво сиво ташниче, може да се носи и за вечерно излегување како плик, а може и за дневно излегуваше има и каиш за преку рамо. Е сега немам сиви чевли, сандалчиња. А и во плакарот немам мн сиви (летни ) работи со што да го искомбинирам, со какви бои? Многу ми се допаѓа и сакам да го носам
Savana ако е некоја светла сива тогаш можеш со црн корсет на пример или врни фармерки, а иначе можеш и со црвено или розево, без разлика од нијансата , со овие бои секогаш убаво оди...а нема врска што немаш сиви облеки, баш сива ташничка и сива облека досадно ќе биде, вака ќе изгледа многу поубаво
Одсекогаш сум сакала црвени панталони и сега, кога конечно ги имам не знам како да ги искомбинирам Пробав со бело, многу ми е едноставна комибнацијата, не сакам само две бои, друга боја не ми доаѓа на памет (црна не сакам, бидејќи си имам замислено дека само стари жени носат црвено-црна комбинација ) Па затоа сега барам помош од вас, за да си ги поносам панталоните Инаку бојата е вака црвена, само што се пошироки, со прави ногавици и со врвки долу кај глуждовите.
Со сива, жолта, зелена, тегет, некоја морнарска маичка...можеш и со бела, ама да има некакви апликации за да не биде обично...
Scar.Tissue можеш апсолутно со секакви бои да ја комбинираш, убаво би стоело со тегет-бело, да дојде како морнарска комбинацијата. Можеш со крем корсет и крем салонки, а можеш и со цветен корсет, тенко каифче и сандали во таква боја како каишот. Можеш со обична маичка во било каква боја и впечатлив накит, црвен или бар да ја содржи црвената боја. Можеш со кошула вметната внатре во пантолоните, тенок каиш и балетанки. Можеш со спортска маичка со интересни апликации во било каква боја и патики.Имаш повеќе опции
Савана, можеш со секоја боја да ја комбинираш ташничката, сиво со се оди. Aко сакаш уште нешто сиво во комбинација, иако немаш сиви чевли и алишта употреби некој сив аксесорис прстен/и, алки, венче, марама, каивче.... Скар, за поедноставни комбинации можеш со бело, крем, црно (пробај, ќе видиш дека нема да бидеш ко стара жена ), кафено, со кошулки со принт. Ако сакаш нешто повесела комбинација, комбинирај бои, со плаво, со жолто, лилаково, со маички со апликации... Спојлер Еве некоја сликичка, колку за инпирација
Scar.Tissue убави комбинации ти постира Чика ама искрено јас да имам црвени не би комбинирала со жолто . Мислам тоа е до вкус нормално ама јас би со ете тегет , можеш некоја кошулка и внатре да ја ставиш
Ајде сите феминки на куп, да ми помогнете. Утре сум на свадба и ке го носам ова фустанишЧево подоле што е прикачено со сандали полна пета, бели. Е сеа се думам што накит да носам. Вака не сакам многу да се џинџурам, дали да носам: бела дебела алка црни висечки обетки, така покрупни се, нешто као готик се. или црни висечки обетки, поедноставни со црно крукче на крајот. Или некој ваш предлог..
Според мене висечките обетки со топче на крајот се добра алтернатива. Готик обетките мислам дека би биле пренападни за ова нежно фустанче. Кога ќе те замислам целовкупно, алката ми изгледа како вишок. *Мое мислење.