1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да и докажам на жена ми дека ја сакам

Дискусија во 'Канта' започната од Skrsen88, 4 март 2020.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Дај те молам сериозно мислиш дека е ова вистина?
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    И да не е конкретново вистина, статистички, има шанса баш ова некој да го доживува во моментов.
     
  3. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Да точно е дека го доживувам, инаку јас не можам да поверувам дека сум со истава девојка во брак, сосема нова личност е.
    Кога ја запознав беше среќна, фина, потоа се смени кога и се правев фраер, и на крајот кога и пукна филмот почна да ме вреѓа, да покажува агресија, да ги навредува моите, почна нудс да праќа по мои другари и направи да ми се смеат сите, ако дојдеше било какво машко кај нас дома го зјапаше во к*рот, му стенкаше, се облекуваше деколтирано и провокативно пред нив, бевме кај моите на ручек и мајка ми ја понуди да јаде повеќе, вика ништо не изеде, и ни два ни три вика ооо не можам да јадам ми треба тело, машките гледаат и на тоа, исто уз муабет мајка ми праша еднаш дете кога, и вика какво дете кој ќе ме сака со подуен стомак и бебе што крешти,ни на сон не сакам да чујам го кажа многу нервозно.
     
  4. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Ако е вистина сето ова, навистина не знам што правиш уште со неа ?????
     
    На candy.cane, mssuniquee и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Што си посеал, ќе си жнееш.
    Никој не ти е крив, освен ти самиот.
     
    На candy.cane, Dalia93, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Верувај ми многу е болно другарите да ти пишат-Торлак, жена ти ми се пушташе, те молам собери си ја.
    Грдо е да ти дојде дома другар а жена ти да му носи кафе и намерно да бутка предмети и да се наведнува за да и го види деколтето.

    Грдо е да излезеш и се сретнеш со другари и да ти се смеат дека жена ти им праќала слики, им се пуштала.Ова е многу ама многу грдо во лице да ти го плеснат.

    Еден што се скаравме ми пиша-Абе сељак, жена ти не те сака тебе, па мис е пушташе мене кога ти дојдов на 1 недела кај тебе за работа да барам, кажа дека си грд и дека ти е мал, па праша дали би ја сакал.

    Пропаднав ова кога ми го пишаа.
    Ја сакам и криво ми е ќе ми биде криво ако ја изгубам.
     
  7. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Она вика дека требало она да се запраша зашто е со мене, сите и викале да ме остави..
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Многу знајш шо сакаш ти.
    По ни една дефиниција, ова вашето, не е љубов.

    Ти рековме разведи се.
    Немаш друга опција.
    Непоправливо е вашето.
    Толку гнев се има насобрано, што може само полошо да биде, поарно никогаш.
     
    На candy.cane, fana, emiliana и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Ама јас немам со жени никаков контакт, и затоа пишав да најдеме начин како да и се смири гневот.
    Јас не верувам дека ме сака, го осеќам тоа.
    Се плашам дека е со мене ради што нема со кој од причина што не е баш друштвена и ретко запознава нови луѓе, и сите што ги запознава и се или колеги, или онака што не би имале ништо, но ете го запозна тој што се скаравме и пишуваше тајно со него, дечкото кога ми даде принтскин срце ќе ме фатеше.

    Осетив дека ја сакам, се би направил за неа, би умрел, но таа ни со прст не мрда.

    Затоа пишав како овој гнев да се смири,што да направам за да се заљуби?
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Никако!

    Ти не сакаш совет, сакаш некој да ти ја верифицира заблудата.
     
    На candy.cane, Dalia93, Mantub и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Ја сакам затоа сум со нејзе
     
  12. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Која заблуда?
    Целта на темава ми беше да ја опишам целата ситуација и така заедно да најдеме решение како да се смири и да ме засака, не сакам да биде заблуда, луѓе верувајте претешко ми е,не очекував дека ваќа ќе ми возврати
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Ама не ја сакаш.
    Разбираш ли, или не?
    Опсесија е твоето, не љубов.
     
    На candy.cane, mssuniquee, fana и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Е тогаш што е љубов?
    Заљубен сум, не можеш така да збориш и ја сакам навистина.
    Знам што е опсесија и знам да разликувам.
    Скршено ми е срцето, верувај ми пробај да се ставиш на мое место, ако беше опсесија немаше да се замарам да пишувам и да се кршам.
     
  15. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    А да си посетиш психолог? Си размислил за тоа? Или брачен советник?
     
    На candy.cane, Dalia93, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Е баш во опсесивност ќе се обидуваш да рационализираш и поправаш нешто, што не е поправливо.
    Оди зборни со психолог, ако не ми веруваш мене.

    Мораш да си најдеш живот, што не ја инволвира нејзе.
    Само тоа ти е спасот, ништо друго.
     
    На fana, cresa-jagoda и LadyLollypop им се допаѓа ова.
  17. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Ако е за така тогаш никој од темата љубовни совети не е заљубен.
    И да отидам на психолог сега е џабе.
    Јас ако не ја сакав немаше да мрднам со прст, немаше да се радувам, едвај да чекам да си дојдам дома, немаше да се радувам и бидам среќен кога е до мене, немаше да ми се скрши срцето.
    Ја сакам и затоа сакам да бидеме среќно семејство, болен сум по неа и заљубен, зошто не пробаш да ме сфатиш, сите ми викаат ептен ја сакаш, се гледа тоа, не знам како да го напишам, сакам само да ме сака и да не е гневна
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Ете, сам си рече.

    И како ќе натераш да те сака некој/а, што не те сака?
    Немаш таква опција.

    Не е единствената жена на светот.
    Аман.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    За мене е единствена.
    Не знам како да ти кажам ама ја сакам, зошто би било непоправливо?
    Тогаш зошо во темата за совети и проблеми би пишувале и би барале совети?
    Што е непоправливото?
    Јас ако не ја сакав немаше да бидам со нејзе и да ја сакам, се познавам себеси.

    Како што им помагаат во љубовни проблеми мора и за ова да има начин.
    Она ми го вика следново: Како да те сакам кога не си ниту мој тип,ниту си ми физички ни психички привлечен, ниту си човек каков што сакам, сакам друг тип на карактер со кој што немаш допирна точка.
    Моите ја прашуваат кога дете, она им вика не сакам деца, не поготово да родам дете без љубов.
    Ми вика-сакам здрава, среќна и исполнета врска, со тебе тоа нема како да го имам, и да те засакам нема да е тоа тоа.

    Како да и докажам дека можам да бидам тој што го сака?
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Мораш да ја прифатиш реалноста.
    И јас не знам како поинаку да ти кажам.
    50 пати истото го повторувам, ама ти не сакаш да чуеш.
    Си верглаш по твое.
    Ко децата мали: Амааа сакаааам!

    И јас сакам да сум на Бали сега, и некој батка од 190цм и 130кг мускулна маса да ме пафка со палмин лист, ама нема!

    Е толку ти е нереална желбата.
     
    На martine, candy.cane, fana и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.