Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да и докажам на жена ми дека ја сакам

Дискусија во 'Канта' започната од Skrsen88, 4 март 2020.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Те разбирам, ама верувај ми тешко е некого да сакаш и да ти каже дека е со тебе ради што нема со кого, а верувај ми ако ја видиш во живо ќе речеш оваа ли е за така да се понаша, сите што ја знаат ја знаат како мирна и повлечена девојка што на мравка не би згазила.
    Тешко е кога ќе се залеташ и дигнеш во облаци, јас се осеќам ко да сум треснат од земја после ова што ми го плесна во лице, за исмевањето од другарите нема да коментирам.

    Но тогаш ако не ме сака зошто во почетокот даваше знаци на љубов и внимание?
    Јас тоа пробувам да го објаснам, дека од кога виде како ја навредувам и понижувам и пишам со други тогаш стана ваква.
    Сакам да се врати ко пред тоа што беше, знам само дека за бившиот нејзин душа даваше.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Можби те сакаше од почеток, ама те отсака.
    Се случува секојдневно.
    Врски и бракови се распаѓаат, луѓето се отсакуваат.

    Те разбирам дека ти е тешко, ама колку и да е тешко, мораш да се адаптираш на новонастанатата ситуација.
    Нема да ти заврши животот ако се разделите.
    Напротив, нови опции ќе имаш за среќа.
    Промените се страшни, ама некогаш не можеш да ги запреш, туку само да ги изодиш.

    Ќе биди се' во ред.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, emiliana и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Инаку сум од мал град каде што 99% од моите школски, соседи, роднини и пријатели се оженија ради да направат свадба и 3-4 деца, да не се дигне срам дека се сами, и 90% од нив ги вараат, тепаат,малтретираат жените,пијат по кафани, одат ергенски на одмори, кафиња, излегуваат секаде сами а јас тоа не го правам, секаде ја носам, значи што сум и ветил сум исполнил, и криво ми е да пропадне
     
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.043
    Допаѓања:
    21.679
    Пол:
    Женски
    Мене ми боде очи делот со децата...
    Тоа не е нормална особа да рече такво нешто...

    Џабе форсирање...си се мачиш...
    Сте седнале ли да напраите муабет што сакате понатаму во животот?
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Абе криво ти е, ама и ти имаше удел во тоа што сега се случува.
    Што ѓаол те тераше да се правиш јако мажиште?
    Шо мислеше? Нема да и' се скур*чиш?

    И доста мислиш на се' друго, освен на она што треба:
    Како да изградам нов, подобар живот за мене.
    Оти не е 'нормална'?
    Оти не сака со него деца?
    Гледаш дека во лице му кажува оти не го сака.
    По која логика, би сакала да има деца со него??
     
    На candy.cane, Mantub, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Ти благодарам што ме разбра, поентата ми беше да ја доловам целосно ситуацијата.
    Јас многу се извинувам вака нагло што пишав вчера и што многу од вас мислевте дека лажам, но нема шанси ова да го доверам на другар што ми се смее затоа што жена ми му се пуштала, ни на сон.

    И јас мислам дека ме отсака, и ти викам пишав на истите девојки, значи јас следново го правев-
    Пример да кажам,и викам жено јас вчера се смував со вајлд, па со другарка и, а ти немаш појма дека постојам, и замисли после неколку месеци ти стига порака од мене на фб, каде што те молам да и кажеш дека ништо сме немале, јас ова го правев со реални луѓе, и на сите што им пишав и пишаа дури и и се извинија ако нешто и згрешиле, и покрај тоа што ја дозна вистината она сеуште има омраза према мене, а инаку пишев за да не ми се смее дека сум и прв, но она ми кажа дека не би се смеела никогаш, дури ми рече дека сеедно и е кој на кого е прв, и после се што правам за неа упорно е разочарана...
     
  7. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Јас и викам дека сакам најубава иднина да и обезбедам, она вика епа тогаш запознај ме со некој маж што е најдобар и што ќе се сакаме, врти муабети како ќе барала друг, ако сум сакал најубава иднина за неа ќе ми била благодарна ако најдам маж според нејзините стандарди.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Си ја лажел.
    Изневерување е и лажењето.
    Дали си пенетрирал во некоја, на сите стресови што си и' ги приредил, ама ич не прави разлика.
    Умот и' го имаш сомлено.
    Сега и таа не знае кај оди - кај тера.

    Лошо си влијаете еден на друг.
    Се 'убивате' еден со друг.

    Навистина има некоја подобра за тебе, и некој подобар за нејзе.
    Под услов да научите каде се' сте згрешиле во оваа врска.

    Оваа нејзина реакција е скроз логична за мене.

    И таа е од истото тоа мало место, и страв и' е да го прекине бракот, оти мисли дека ќе остане сама.
    Затоа сеуште нема поднесено документи за развод.
    Сака да најде прво некој, па на сигурно да прекине со тебе.
    А всушност, само се измачува себе си, а и тебе.

    Лошо си влијаете еден на друг! - да повторам
     
    На candy.cane, fana, Mantub и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Да ама јас се сменив, и она пак е иста.
    Секој ден-ти не ме сакаш, ку*вите, скопје, минато, секој божји ден.
    Она е болно влезена во минатото, она не сака да бидеме фамилија и да уживаме, верувај ми ако можам да го вратам времето ни А не би пишал со никого, не можам да опишам колку се каам.
    Јас тоа пробувам, да го заборави минатото, да биде среќна сега, сменет сум не знам уште што да направам.
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Абе ти се смени, ама ту литл, ту лејт.
    Некои работи се непоправливи.
    Штетата е веќе направена, и нејзиниот однос кон тебе е последица на твојата грешка.

    Во моментот кога и двајцата ќе се соочите со фактот дека е најдобро да се разделите, планина има да ви се симне од грбот.
     
    На candy.cane, fana и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки

    Она е од Скопје, не и е гајле ради срам од луге или нешто такво, туку мислам дека би сакала друг прво за да ме преболи, па после да мисли што ќе прави, така да овој страв и јас го имам-дека ако најде друг ќе ме остави, сигурен сум дека затоа пробуваше да се пушта на мојот другар, инаку она крие дека е во брак на сите им вика дека сме цимери, бидејќи личиме во лицето и се облекуваме слично едно дете еднаш го излажа дека сум и брат, јас мислам страв и е да е сама бидејќи некако искрено се оддалечи од луге, стнаа поповлечена, поисплашена, можеби си мисли дека сите ќе и забодат нож, она вика нема да најдам друг никогаш, некако ко да нема самодоверба, сестро верувај ми блескаше од среќа порано, а најмногу ме боли што на факултет и работа е таква дотерана, позитивна, сите и викаат што човек си се насмеана, добра,сегде шириш позитивна енергија,а дома е спротивно, како им глуми не знам, дали е среќна кога е сама или едноставно тоа и е карактерот да е добра,а со мене да е лоша не знам.
    Инаку се кршам кога ја гледам несреќна, ме боли и пробувам да ја усреќам, дома кога е се затвара во соба, или слуша тажна музика, или лежи и седи на креветот и гледа во една точка, ко да не е таа личност што беше.
    Сакам ко што е со другите така да е и со мене,луѓе верувајте да ја видите ќе речете оваа ли е за така, нема шанси 2 карактера да има.

    Тоа го посакувам, само да ми возврати љубов и да имаме среќна врска.
     
  12. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    И она ми вика дека е касно, ми вика зошто би те сакала кога не знаеше да ме цениш и заслужуваш, и што е најлошо, има огромна поддршка од сите мои непријатели, сите и викаат дека сум сељак, да ме остави, дури еден поранешен мој другар и вика дека со бившиот му биле многу слатки заедно, и кажуваат дека сум грд,неспособен да најдам друга, несоцијализиран, значи тие што им пишев сега си го ладат со мене.

    Инаку пријавен сум во полиција повеќе пати за малтретирање од поранешниве пријатели и пријателки затоа што сум пробал да им наштетам, сум ги правел к...ви и секакви.

    Луѓе со какви зборови ме повредува не сте свесни.
     
  13. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    @Skrsen88 Она е со тебе ради тоа што нема кај да оди или ради пари... Друго не гледам зошто би била со некој кој не го сака и не сака иднина со таа личност.

    Не се измачувајте за џабе, ова вашево нема иднина.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Си ја повредил.
    Нема да ти возврати љубов, и не можете да бидете среќни заедно.
    Нека ти влези во главата тоа.

    Ако ја сакаш, ќе си заминеш од нејзе.
    Ова со пријавите во полиција, ме тера да мислам дека си способен и за многу пострашни работи од навредување.
     
    На LadyLollypop му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Можеби и сето ова е вистина, со оглед дека све и свашта шета по светов, не ме чуди.

    Ова е класичен токсичен брак и мислам дека двајцата се храните од тоа што еден на друг си нанесувате бол, зависни сте од тоа. Единствен совет тука е едино посета на психијатар поединечно, и плус терапија за парови.
    Не дека ќе послушате некој од советиве, ама ајде.
    Hapilly ever after.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, emiliana и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Целиот проблем со нејзе е што е девојче растено различно од мене.
    Едно дете им е, растена со многу внимание, има малку ама вистински пријатели, што е најлошо и тие се такви ко нејзе мирни, моите другари беа полоши и од мене,така да со негативни ликови нема искуство, додека татко ми ја тепаше мајка ми и ја третираше како стока и истото ми го правеше мене, нејзните ја учеа да биде културна,да учи, да шета,и учена е да не навредува, она беше човек што да ја утепаш и физички и психички нема да ти возврати, значи што и да и кажеш она си е мирна, повлечена,во животот нема видено семејно насилство нешто што го имаа моите секој ден, и си мислам да не мисли дека сакам да ја направам да биде како мајка ми,ми вика јас не сакам да бидам домакинка како мајка ти и да не постигнам ништо во животот, викам ти нема никогаш да си таква, ти си најдобра, и кажувам, дури ни кај моите не сака да оди, 2-3 години немаме отидено на гости, се мислев дали мајка ми би можела да ми помогне со проблемот, ама она има старински сфаќања и не знам колку би успеало.

    Верувај ми нема шанси да речеш лошо за нејзе, ти викам стана агресивна од кога и пукна филмот.
     
  17. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Ги навредив другарите што ми викаа брат прави се женкар, и што потоа ми се смееја и гледаа сеир, прво ми викаа пиши на други, и после кога жена ми ми возврати наместо да ми помогнат другарски они гледаа сеир и во лице ми се смееја.
    Нема ли да ги отераш ваквите?
    Инаку од една девојка што е во брак бев пријавен затоа што кажував дека ми е вереница а таа веќе имаше дете родено и кога разбра полуде...
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Морате и двајцата да разговарате со психијатар, не со психолог.
    И поединечно и заедно.

    И немој и на ова да се противиш.
    Да одмогне нема, а да ви помогне, можно е.

    Уште денес да си најдиш психијатар и да закажиш термин.
    Трк кај матичниот!
     
    На mssuniquee, fana, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Она најде некаков приватен психолог, 20 евра било од сеанса и тоа баш на тема трауми од детство и потоа проблеми со брак, луге, и слични работи.

    Инаку му имаше побарано совет на мој поранешен другар, дечкото и имаше пишано дека сум лажел,дека приметил дека не сум ја изневерил, но виновник на проблемот го направи моето минато.

    И имаше пишано-маж ти има преживеано трауми штом вака со сите се однесува, и решението е или некој посилен маж да му го дотера паметот, или ти да станеш посилна (во тоа успеа) или со разговор од стручно лице да се реши.
     
  20. Skrsen88

    Skrsen88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Мислиш ли дека би имало шанси да ме засака?
    Јас мислам нејзе страв и е да ме сака само ради фб и што се правев важен.
    Ама веруј ми највеќе ми е криво што тие што ми викаа брат ајде дај малку женкарски и егоист биди се првите што дојдоа за сеир...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.