1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да и кажам дека не сум невина?

Дискусија во 'Секс' започната од sonique, 11 декември 2009.

  1. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Леле темава :D
    Пред некое време, во вц на татко ми му протече крв од носот и боже сачувај човеков пешкирот доле го ставил така. (facepalm)
    И ми доаѓа мајка ми и ми вика, да не изгуби невиност? И вакви фаци некои - ^_^ :wasntme:
    Јас ја гледам и онаква што ти е бе? :D (не бев невина иначе, пред тоа брзо кога имав немав потреба да и кажам, гајле ми е )
    И ми вика па има крв на пешкирот.
    Јас мртва ладна и викам да. И го раширив така убаво да видите сите, па после и на комшии ќе го покажувам 8)
    Сфати дека не е од мене и си отиде :D
     
    На Lolo5, Giovanna, simonna.a и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Не е тренд туку луѓетo сфaтиле декa и женaтa е чoвек сo свoи пoтреби кaкo мaжoт и немa ништo лoшo вo тoa дa ги зaдoвoлувa. Oпштествoтo oди нaпред.
    Нa пример дo 19 век рoпствoтo билo нoрмaлнo вo Америкa, и пoсле се пoјaвил "тренд" декa сите луѓе се еднaкви. Oсвен aкo некoј не е верник, не гледaм причинa нa некoј дa му е чуднo oднoси пред брaк.
     
    На Janis Joplin, Lolo5, crazylady и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.562
    Допаѓања:
    78.834
    Пол:
    Женски
    @Hindsighter во теолошка смисла не е во ред, ако добро сум информирана оние што се дотолку големи верници не треба да имаат интимни односи се додека не стапат во брак, но кој денес е толкав верник и го почитува тоа? Јас не познавам таква личност. Како што пиша @Joi се менуваат времињата, луѓето, сфаќањата, потребите...
     
    На Lolo5 и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    Во телеолошка (целесообразна), а не во теолошка смисла. Има разлика тука. Верата да ја оставиме настрана, зборуваме од лаички (нерелигиозен) аспект. Со други зборови, дали е добро за човештвото во најопшта смисла на зборот таквиот тренд, освен од морална гледна точка?
     
    На Lolo5 и ccca им се допаѓа ова.
  5. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Сексoт е нaјнoрмaлнa и прирoднa рaбoтa и немa ништo немoрaлнo вo негo се дoдекa е меѓу две зрели личнoсти штo сaкaaт дa бидaт интимни. И не е ништo немoрaлнo aкo не ти oди сo еден пaртнер дa прoбaш сo друг.:)
     
    На Lolo5, LollySky, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ^^ Овие па се најлоши, исфилувани, затуцани конзервативци до срж. Научил пет високи збора и сега ќе ги филозофира тука. А е сељак во душа и бара од секоја жена невиност. (facepalm) :D

    А што се однесува на темава. Штом се мислите како да кажете дома за една нормална појава, не сте ни зрели за истата. Сексот би требало да биде приватна и интимна работа за секоја индивидуа и апсолутно немате никаква обврска да ја споделувате со никого, се' е прашање на желба. Возрасни личности сме. Нит сум кажала дома кога сум почнала со односи, нит па планирам да зборам за тоа. А не ме ни прашале. Треба да се зборува со децата кога се мали за оваа тема. Треба да се насочат, да се информираат и толку, треба да се повлече една линија. Потоа веќе сите влегуваме во светот на возрасните и со мама и тато не сме веќе "ние", туку има само "јас". Тоа ти е исто како мајка ми да ја прашам кога имале прв пат односи со татко ми. Бљак. Too much info. :tmi: Или сега јас да купам чоколадо од мои, сопствено заработени пари и да се мислам со денови како да кажам дома. Според мене, родител си е родител ама не треба да заборавиме дека сепак сите сме си свои, самостојни идивидуи. Барем би требало.
     
    На Janis Joplin, piksooki, Lolo5 и 31 други им се допаѓа ова.
  7. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    Секако дека е тренд, новина. Нема дилема тука. Фала богу, нормално дека постои новини кои претставуваат најдобри придобивки за човештвото, како што е укинувањето на ропството во овој случај. Но јас барам докази за овој тренд на напуштање на тие "фикс идеи" како што спомна госпожата, не знам во која категорија да ги вметнам, во добри или лоши трендови. Тука ми треба помош мене. Да не зборуваме за верници или не, да зборуваме од лаички аспект. Докази?

    Знаеш, сексот е толку убав што ти ги ослободува вените, те прави расположен/на, и патем е најнормална, најприродна и најморална појава, чак сум слушнал дека и шансите за срцев удар се намалуваат со регуларен и јак секс. Но сите овие позитивни страни се однесуваат на индивидуално ниво. На општествено ниво каква е ова појава на нерегулираност на сексуалните односи на луѓето? Бидејќи јас знам дека само растителниот и животинскиот свет се парат кога сакаат и кога имаат потреба од тоа без претходно размислување и знам дека кај нив институцијата брак не постои. Ако би сакала, би можела да ми објасниш и за бракот и неговата функција, кога сме веќе таму :)

    Млада дамо, не ги активирај твоите заштитни механизми, бидејќи нема потреба од тоа. Не ти ја побарав твојата невиност за толку да се возбудиш. Јас разбирам зошто се обраќаш на овој начин, но да се држиме до некаква етичност, ако знаеш што значи тоа без потреба за истото поподробно да "филозофирам". Лесно е да се етикетира некој и да се постави во одредена категорија, но докажувањето дека некој е во грешка е малку потешкичко, нели? Бидејќи спротивното на конзерватизмот е либерализмот, еве би можела да ни збориш за придобивките на истиот, па да ни кажеш што всушност значи тоа да не бидеш сељак и истовремено како да бидеш граѓанин, еманципиран џентлмен и каваљер. Но без одранбени механизми, бидејќи и јас и ти и здравата логика знае како се нарекуваат девојките кои имаат односи пред брак, без потреба да ги наведам тие грди зборови. Бидејќи сите девојки знаат за ова, тие ги употребуваат термините од типот заостанати, сељаци, конзервативци и тоа затуцани, како заштитен механизам и оправдување на нивните постапки. Докажи ми дека сум во грешка.
     
    На Lolo5, Мистер_89 и ccca им се допаѓа ова.
  8. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    ^
    Абре какви докази каква помош какви глупости.
    Во која група сакаш вметнувај си ги новите „трендови“.
    Темата е друго! Не полни ја полни со безвеза неповрзани муабети има други теми каде што можеш слободно да се изразиш.
    Фала многу пријатно.

    Да не сум оффтопик, мојата мајка е почината, брат ми знае и тетка ми која ми е како мајка. Со нив сум отворена и блиска. Татко ми не го знае името салам на дечко ми го греши ако одиме 3 години така да.... Веројатно никој не пие мастило.
    Не мислам дека има потреба да се каже тоа така како известување. Ако паднете на муабет ако ве прашаат ако се чувствувате пријатно да споделите ако сте блиски океј, ако не тоа си е ваша лична работа.
     
    На Lolo5 и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    @Hindsighter човеку дај олади со мислењава, пишуваш работи во теми што не им е местото.
    Ме потсеќаш на еден напоред член што е баниран |(
     
    На Lolo5, theowndemon, LollySky и 9 други им се допаѓа ова.
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Колку страшна дискусија се развила на толку едноставна тема...па кои зборови, па кои изрази се употребувани, леле луѓе што напраивте?
    [​IMG]
     
    На Lolo5, crazylady, MilaP и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    @Hindsighter Долго време не си е*ел ти братче...
    Некои факти,докази?Колку време и зошто не?!
     
    На Lolo5, crazylady, theowndemon и 10 други им се допаѓа ова.
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Во друга тема има кажано дека е невин. Ама не е битно тоа, битно е зошто вака се изразува по сите теми? Мене тоа најмногу ме интересира. И дали е ваков во реалниот свет, или глуми филозоф само во виртуелниот свет?
    На наједноставна тема, тој вади цитати од книги :!:
    пример:
    Тема: На колку год ја изгубивте невиноста? Негов одговор: Па види вака, значи според принципите врз кои се заснова губењето на невиност кај млади луѓе, можеме да кажеме.......абе чоек не го тупи.....
     
    На Lolo5, crazylady, Jordanovska-K и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl Не осетив потреба да отворам и да му буричкам по други мислења ама ете го оправдав заклучокот.
    Ова ти е исфрустриран тип што дроби сол над глава и упорно докажува од лаички аспект дека девојките што имаат секс пред брак при (пази здрава) логика се нарекуваат со најпогрдни зборови.
    Од друга страна збори како сексот е прекрасен,те прави расположен и е ептен нормален и природен процес,за да во наредна реченица пу пу не важи општеството е расипано..
    Искрено цел овој говор ми личи на извадок од некој од новите учебници.На долго и на широко,без никаква поента.Да ти се смачи да читаш...
     
    На Lolo5, oblace1, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Уште еден Петре се појави на форумов а? :D
    Шубо, некако досадно беше без ваквиве. :smirk:
     
    На Lolo5, Viktorijaaa5, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Abre deca zar ova prasanje vo ovoj vek go postavuvate.
    Dali ste "vini ili nevini" toa e vasa licna rabota, a ne na partnerot. Sto ima da mu se pravdate, objasnuvate i sl.
    Za NG sedime na masa so eden par koj se 56 god vo brak. Znava vika nie sme od modernite parovi, prvo go probav pa go zemam.
    Deca, 1960 se zemale pa ne stanuvalo zbor za nevinost.
    Sssss..zatvaraj te ja temava, sramota e da na ovoj vek ve prasuva takvo nesto, pa uste i Vie da mu odgovarate.
    Devojcinja ajde malku dostoinstvo, zar ke dozvolite maz da vi go vodi zivotot.
    Ako ne e toj drug ke bide.
     
    На Lolo5, crazylady, LollySky и 6 други им се допаѓа ова.
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Чекајте другари, сега се подготвува, вади зборови, бара, се труди ама затоа пак утре кога ќе ни лупне еден цитат од Питагора и неговото гледиште за и околу невиноста, па тоа има на големо на газ да се паѓа...и тек тогаш има да видите како ќе и кажете на мајка ви дали не сте или сте невини :lol:
    леле мори мајко, очекувајте го и неочекуваното.
     
    На Lolo5, crazylady, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  17. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    СИТЕ СЕ КУРВИ! со болд и тоа.

    Значи да резимираме: Сакаш да се ебеш пред брак? - Курва си, изволте етикета со бар код.
    Сакаш да се ебеш во брак? - Аууу, нешто ти фали, затуцана, умрена, сељанка, ненормална. Изволте и тебе етикета.

    Како и да вртиш, луѓето ќе си најдат шо г**на да јадат за било кого. Така да, ебете си се со кого сакате, кај сакате, колку сакате, до кога сакате и како сакате. Аман живејте си го животот денес.

    А за типов, почастето го еден бан за добродошлица.

    Да не сум офф топик ко дотичниот, се согласувам со останатите женски дека нема потреба од оправдување и расправање за својот сексуален живот ни дома ни на улица шо се вика. Јас лично воопшто не сум блиска со моите за такви теми иако иам долга врска, идам кај него дома ваму таму и не пијат нафта, сепак за првиот пат мајка ми дозна поради мое невнимание во сокривање на трагите :lol: . Како и да е, имаше малку лутиш од нејзина страна, проповеди и лекции секако ама одма и пројде. Од тогаш, ме нема прашано, јасно и е се, почитува и знае дека пазам, не сум глупа да се трескам у Дали сум бремена ако ме допре со прст на лев палец кога си го почешал преку фармерки |(
     
    Последна измена: 22 јануари 2016
    На Lolo5, crazylady, MilaP и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски

    Е да си ми жива и здрава за ова браво :D
     
    На Lolo5 и srcence1607 им се допаѓа ова.
  19. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.381
    Koja e тогаш придобивката од губење невиност во брак? Дали држењето кон старите ставови го оправдува тоа само заради истото, а имањето секс пред брак е нешто поново и само заради тоа е и полошо? Разбирам дека повеќето луѓе не се склони на промени, во 60те мислеле дека рок музиката е од ѓаволот, требало да се смени една цела генерација за да се прифати. Истото се случува и со ова. На крај краева не значи дека ако нашите ставови и начин на живот се поинакви дека се и подобри. Има племиња каде што луѓето шетаат голи, и други со разни обичаи чудни за нас. Тоа не значи дека се полоши од нас туку дека имаат поинаков начин на живот.


    Петре со брада.

    ПС.
    И НЕ, НЕ СУМ НЕВИНА!!!
     
    На Lolo5, calliope, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    Глупи сте сите вие кои мислите дека животот се живее со имање односи кога и да се сака и со кого и да се сака, бидејќи како и да вртиш нели, општеството секогаш ќе зборувало, па болје да се живеело отколку да се чувало за некакво повисоко добро. Жал ми е за тие што гледаат кон исполнување на пониското добро како што е задоволување на сексуалните нагони и своите лични интереси без да погледнат кон повисокото добро како што е чувањето себеси до брак. Чуму постои бракот ако не за регулирање на сексуалните односи, меѓу другите функции. Мислам, би требало да има некаква мудрост зад постоењето на бракот нели?

    Да не бидам оффтопик, со толку завршувам. Извинување до администраторите и модераторите.
     
    На Lolo5 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.