Edna od moite drugarki e vljubena vo eden tip, so nego se muvase nekoe vreme, potoa imaa odnosi no ispadna deka toj se zaebava so nea...posle toa ne i se javuvase ...taa e premnogu zaljubena vo nego ! Veke poveke od 2 godini taguva po nego na 5 meseci se slucuva i da se vidat da imaat sex i potoa se po staro prodolzuva, veli ke najde drug , no koga ke bide vo prisustvo na masko ne saka nikoj osven nego! Bliska e samo so mene, no duri i na mene vo posledno vreme ne mi kazuva nisto bidejki misli deka me zamara so nejzinite problemi ! doma so nejzinite e kako stranec, nema skoro nikoj osven mene... Jas navistina sakam da i pomognam , no veke ne znam na koj nacin... :/ Sovet? Kako da i pomognam? [mod-kirilica:16fxgotk][/mod-kirilica:16fxgotk]
помогни со тоа што ќе и укажеш дека господичниот се заебава со неа тој само ја корист,ќе и покажеш дека има и други дечковци не е само он ,искачајте,забавувајте се,прајте многу работи интересни што нема ни да има време да и текне на него
Од иксуство ти кажувам дека ти не можеш да и помогнеш додека таа не реши дека треба да си помогне самата на себе. Жално, но добро велат дека љубовта е слепа. Сега се што можеш да направиш е да и бидеш поддршка, да ја тешиш и да и трубиш постојано да се отргне од него. Таа ќе го стори тоа, но само тогаш кога таа ќе сака. Верувај, ако некој сака да заврши со нешто, завршува. Се друго се чисти изговори. Се се може, само треба да се најде начин, зар не ?? Пак ќе ти речам, биди тука за неа. Еден ден ќе ти биде многу благодарна.
Koлку сакам да имам другарка како што си ти,да биде загрижена за мене и да сака да ми помогне а не кога и да побарам совет да ми вика не се замарај епа тоа не е совет. Биди покрај неа,барај и да се искаже,кажи и дека не е само тој на светот дека ја користи ид ека не ја сака.Ке ја боли но со тек на времето ке и помине
Мене ми текнува едно едноставно решение - журка! Веројатно штом велиш дека е затворена и странец према сите, со тоа што ќе и кажеш дека може да разговарате и да и дадеш совети, нема некако да го пробудиш заспаното во неа. И голема е веројатноста да те одбие. Велиш мисли само на него. Епа организирај си го друштвото, најубаво да си направите girls night out, измисли нешто интересно, коктел ноќ што јас знам што, дотерајте се, резервирајте сепаре и party! Ем мислите ќе и ги тргнеш на страна, ем спонтано можат да излезат илјадници непредвидливи ситуации, нови дечки, нови моменти. Никогаш не знаеш Освен тоа се разбира, можеш да и кажеш отворено дека си тука за неа. Друго ништо не можеш да направиш.
Биди секогаш тука за неа, нека знае дека не е сама, биди и поддршка, излегувајте, забавувајте се, запознавајте нови луѓе. Другарка ти сега е очајна, мисли дека не постои друг за неа, но не е баш така. Ќе помине некое време, некој друг ќе се појави во нејзиниот живот. Ќе биде среќна.
Се сложувам со Дози сосема. За жал имам таква пријателка, за која се потрудив се да направам и сфатив дека се е напразно, бидејќи таа не сакаше да стави крај на една таква ситуација, ниту да почне нов поинаков живот, едноставно не знам зашто не можеше да си се збогува со тој живот и во моментот ми е како речиси уништен човек... но продолжува со истото. Пробај го она што ти го вели Пирамида. Јас сите тие работи ги пробав со мојата пријателка, но таа е само еден пример. Не мора да значи дека твојава пријателка ќе реагира исто како мојата. Со мојава веќе преку 10 години се трудиме да тргнеме од нулта точка и таман стасаме до некаде, како демек готово одлучила да стави крај на се, тој се јавува и се почнува од почеток. Среќна е неколку дена, по кои откако пак ќе ја напушти повторно паѓа во ненормална депресија не можеш ни да ја гледаш од што те боли, нити да ја слушаш. Потруди се ете тоа, м’кни ја со тебе по забави, во друштво со луѓе, машки фини, нејзин тип. Запознај ја со некој кој знаеш дека ќе има доволно трпение за неа да стане другар и тоа да се развие во нешто поинакво, макар што како што рече Дози се зависи од неа. Само биди покрај неа, направи се ова и ако ништо не се измени не се измачувај. Сепак тоа е нејзин избор. Јас само се надевам дека мојава пријателка конечно ќе крене раце од дечково, бидејќи последно за него што слушнавме пред пак да ја посети, пошто се канеше за тоа е дека забременил некоја девојка. Само другаркава моја дури и тоа некако како да не го резонира на начин на кој треба, а се тепа од земја зашто не и кажал, како он тоа и зборувал на неа да му роди дете, па сеедно жали што таа не е со детето. Се надевам другаркава твоја ќе излезе поумна и похрабра да стави крај на нешто што не вреди и ќе си продолжи со животот, пошто и ваквите приказни би требало да и ја отсликаат ситуацијата со дечковците, како нејзиниот... љубен.
мислам дека јас бев во слична ситуација со другарка ти... мене не ми помогна никој, иако цела околина беше покрената да го стори тоа...не е дека сум тврдоглава, ама бев во филм "само јас го знам каков е''...и знаев дека има други девојчиња, и пак мислев дека сум посебна...за секунда ми помина се, во моментот кога го видов со друго девојче... значи сепак не сум била сосема свесна што се случувало додека не видов се! ќе му помине на девојчето наравоучение: држете се настрана од слаткоречиви момчиња со убава насмевка
Додека не свати самата....дека тој само си игра со неа..ти не можиш никако да му помогниш дзбае ке му збораш...но тебе само тоа ти преостанува да збораш
Мислам да пробаш да и објасниш дека тој со неа е само за корист и дека само ја искористува како крпа биди груба малку кон неа нека свати дека е понижена и дека е глупа што дозволува така да си игра со неа некој си идиот, се додека самата се залажува себеси дека можеби еден ден тој ќе се промени нема никогаш да го заборави докажи и дека таквите кретени не се менуваат посебно ако ја бара само за с... Ако и после тоа не те свати и самата не одлучи да стави крај, остави ја значи стварно е затрескана и опседната со тој тип со текот на времето кога ќе најди некој што навистина ја цени и почитува можеби ќе го заборави
Мислам дека и на другарка ти и е совршено јасно како стојат работите, само што таа живее во постојана надеж дека некогаш работите ќе се сменат и дека типот ќе и се заколне на вечна љубов.Надежта последна умира.Кога човекот е вљубен работите ги гледа субјективно, бара симболика во секој поглед, движење, насмевка, паѓа на секој нежен збор,се движи во тој зачаран круг до бесконечност. Не верувам дека можеш да и помогнеш.Колку и да се обидуваш да и објасниш дека тој се поигрува со нејзините чувства, таа само ќе се одалечува од тебе се повеќе и повеќе.Клучот е во неа.Се додека не расчисти самата со себе, нема да може да расчисти со него.Очигледно е дека таа е опседната со него и самата го воздигнува на ниво на божество.Живее за моментот кога ќе и се јави, ќе ја повика да се видат и се задоволува со било што што тој ќе и фрли, се става во подредена ситуација на робовска послушност само да не ја изневери неговата доверба.Тука нема лек, ни психотерапија што ќе и помогне, самата си прави тортура на мозокот и еден ден кога ќе и светне сијаличката, сама ќе го избрише, како никогаш и да не постоел.А дотогаш, тој ќе биде „совршенството“.
Fala Vi na sovetite mnogu ! Drugarka mi premnogu mi znaci i ke se potrudam da i pomognam kolku sto mozam!
Велиш се видуваат?е нека не се видуваат ...одете на забави,тргни ја од мислите за него.Велиш се заебава со нејзе,укажи и го тоа дека не вреди тој за нејзе...има многу многу подобри. На тешко се спојуваат парченцата
Како да и помогнеш? Најдоброто нешто што може да го направиш е да ја соочиш со реалноста дека штом досега не бил со неа во врска нема никогаш ни да биде. Ја искористува и тоа како, само за секс, играчка му е. Седни ја и кажи и го ова, плесни и го ова во фаца за да се разбуди. Леле што мразам вакви девојчиња, кога се фатиле за еден како слеп за стап. Па сватете дека ако не сака ништо повеке од секс сега, нема да сака ни понатаму. Секоја нормална врска почнува прво со заемно запознавање па потоа секс, а не секс па да се надева на врска. Тоа некако не ми оди. Па крај краева не е ни прв ни последен. Дружи се повеке со неа, пробај да и наместиш некој друг, што знам што да ти кажам, до неа е се, ако е решена да го заборави ке го направи тоа.
Случајов е интересен. -.- Но прво шо не ми е јасно е КАКО МОЖЕ ДА ИМА ОДНОСИ СО НЕГО КОГА ЗНАЕ ДЕКА ТОЈ ЈА ЗАЕ*АВА И ДЕКА ПОСЛЕ ТОА СЕ ЌЕ СИ БИДЕ ПО СТАРО !? Втората ствар е дека ти неможеш нејзе да и помогнеш, туку таа треба самата да си помогне со тоа шо више нема да дозволе тој да ја искористува и да прај будала од нејзе. Можам слободно да кажам и дека таа е сама виновна за ситуацијата во која се наоѓа... А онака ако стварно те има само тебе како блиска у животот, оддалечи ја од него, тргни и го од глава, редовно вели и да одете на шеткање, на забави, развесели ја, одете заедно на пикник, упознај ја со некои други друштва, почнете да се дружите. Можда ќе се упознае со некое друго момче па по него ќе летне. Мислам дека ќе и помогнеш само ако ја спречиш да мисли на него, да му дава да ја искористува... ) Друго решение не верувам дека постои..
imam drugarka sto pocna da cuvstvuva nesto za nejzin bivsi a pred toa ne i bilo gajle za nego...posledno se videle na rodenden kaj zaednicki drugar i od togas ne prestanuva da misli na nego..neznam kako da i pomognam , saka da napravi prv cekor a se plasi od odbivanje
@MD17 Девојче да не прашуваш случајно за тебе, според она што го имаш пишано во друга тема, некако случајов ми делува ист како во другата тема.
Здраво,имам 16годишна најдобра другарка која неможе да си ги контролира '' чуствата '' ..Ќе и се пуштаат повеќе машки и пример од тие '' повеќе '' таа ќе засвиѓа двајца - тројца и ми вели незнам што да правам..Била во две врски од по два месеца...Сега моментално контактира со еден тип 22 годишен..Човекот е пејач и карактерно преубаво се однесува спрема неа..И искажува чуства на скромен начин,не ја притиска,но стилот кој го има тој таа го обожава,исто така и карактерно го обожава.Дечково и понуди врска,рече ќе прифатам секаков начин за да биде нашава љубов како шо треба,и сега другаркава ми вика дека незнае што да праве,и дека од една страна сака а од друга не поради причиниве Да не ја дознаат од дома,да не зборувал народот и поради чуствата нејзини..Кога станува збор за чуствата таа ми има кажано а и јас имам приметено дека кога ке поконтактира со некое машко симпатиите кон таа личност и се минливи за 2-3 недели па и со овој некако чат пат така кажува.Јас и велам дека човекот ми изгледа како да сака да ја придобие на скромен начин за да ја искористе,бидејќи е многу убава и згодна а и плус тоа сигурно на 22годишен нема да му е дојденода биде во врска со 16 годишна девојка и плус можност за гледање дали 1 во неделата ќе имат..Околностите им се разликуваат за 10 мин,но не е тоа проблем..Јас и велам доколку мислиш дека е исправно да бидеш со човек кој мислиш дека ти прилега и во кој веруваш дека те сака искрено,јас немам против и те подржувам,но таа сака и да го откаче а му дава знаци за да бидат заедно.Тешко и било да го откаче мислејќи дека ќе го повреде..Многу пати ја имам советувано околу ова,секој можен совет кој и го нудам таа ладнокрвно го сваќа или па ќе смене тема...А така најмногу ме нервира и често се караме и и се лутам поради тоа бидејќи јас се трудам да не бидде повредена на било кој начин,се трудам да и укажам да не тргне кон лош пат и кога станува збор за тоа капак врз се ми кажа дека човеков чат пат палел џоинт..И со тоа ме излуди..Ако знае некој некаков совет да ми даде за да и помогнам,сепак нејзин живот е но јас ја сакам премногу и многу се грижам за неа,нервирајќи се за ова..Фала многу..Поздрав
Од искуство, џабе се нервираш ти за нејзе. Твоја задача како другарка е да и укажеш на грешката 1-2, толку. Ако таа самата не сфати дека прави грешка, ако таа тогаш со еден два разговори не сфати што е целта на муабетот, џабе ти е, навистина. Се е во нејзината глава, како таа ги склопила коцките и дали сака да прима нови информации??? Другарката твоја викаш менува тема.... што понатака?? Ти ли да се нервираш за нејзе?? Не вреди,