Pa ladnokrvno mi vozvrakja,se odnesuva kako da ne sme razgovarale voopsto na temata,no dusata ne mi dava mene da ne i pomognam,mnogu ja sakam,znam deka i taa me pocituva no ne mi e jasno sto e tolku tesko da otkace licnost so ne e sigurna dali da bide so nego ili ne .
Ќе ти го раскажам мојот сличен случај. Добри другарки бевме, замина Америка фамилијарно и кога дојде летото се заљуби во еден дечко постар од нејзе 10 години, закој цел град знаеше дека ја тепал бившата девојка, дека се занимава со нечесни работи па дури и дека бил во затвор. Ја седнав дома и, и кажав кој е типот да си ги отвори очите. Првата реакција беше бурна, дека ја лажам, дека јас сум љубоморна бидејќи тогаш бев сингл и незнам што.... Не и се наљутив, некако се трудев да ја сфатам дека ете заљубена е, незнам...дека и е интересно со него, ок ајде минлива фаза некоја Кога се кренаа и други луѓе, кога сите почнаа да и зборуваат за дечкото, таа се врати кај мене и почна да се правда како е типот сменет, како и купува поклончиња, како ја чува како цвет во рака. Нормално мојата реакција беше - отвори си ги очите, тука сум секогаш за тебе. Но секако јас веќе не и требав во негово друштво и тоа се трудев да го разберам, ајде заљубени се Се врати Америка и после неколку месеци дознав дека и тој заминал, се зеле... За после нецела година да дознаам дека се развеле затоа што ја малтетирал. јас и таа веќе не сме другарки нити на фб Да продолжам???
Најдобро ќе и помогнеш ако не и се мешаш. Најзин живот, нејзини одлуки, нејзини грешки така да на крај сама ќе си ги сноси последиците од сето тоа. 16 години е во пубертет и е сосема нормално кога некој ќе и пишува да и се засвиѓа и сигурно дека тоа за 10 дена ќе и помине, знаеме какви се годините. Пред 2-3 години имав една другарка, беше почнала да се плетка со дечко кој беше премногу проблематичен (го познавав лично) ја викнав настрана и и кажав така и така и знаеш што? Таа отишла и се му кажала, ми отвори уште поголем проблем со него. А само јас знам дека не мислев ништо лошо, напротив другарски ја советував. Ако дечкото има 22 години незначи дека ќе ја искористи, но ако таа се однесува наивно и детски ништо чудно. Да и помогнеш никако неможеш, зошто нема да те сфати сериозно, може да ти се налути на крај ти ќе бидеш виновната. Мислам дека другарка ти еден ден кога сериозно ќе загази со нејзините дечковци, симпатии и удварачи, тогаш ќе се свести. Нека внимава доцна да не и биде, до тогаш остави ја.
@Janina Ти твоето како другарка си го направила си и дала совет нејзино е дали ќе послуша или ќе си оди по свое. Ако сака нека проба со дечкото нека види како и е и после нека одлучи дали да оди понатаму или не.Нека види некое време каков ке биде неговиот однос кон неа во врската и после таа сама ке знае што треба да прави.Плус има 16г нема потреба од многу замарање на нејзини години.
Да дополнам уште нешто. Имам друга другарка со кој цел живот сме заедно сега и заедно учиме. 3 години е вљубена во еден ист дечко кој ја врти како што сака. Не ја сака ама ја користи, да не пишувам детали сега тука нема смисла, се се караат и се се заедно. Секој втор ден плачеше од него, не само јас цел клас и зборевме да се тргне од него таа си цупкаше по свое. Ќе го блокира, па ќе го одблокира, број смени пак го бара. Цел клас и зборевме советувавме ама џабе резултати нема. На крај ќе отиде кај него тој и ја полни главата дека не слушала, не сме и биле другарки итн така да се е џабе. Човек дури не осети на своја глава нема да се свести. Не посакувам никому ништо лошо ама некогаш напоинаков начин не се отвараат очи. Како и да вртиш, колку и да искрено мислиш на крај па ти ќе испаднеш лоша, залобна и љубоморна другарка. Затоа пак ќе ти речам стој си настрана, незнаеш на што можеш да налеташ. @Janina
@eloves No taa bara pomos i soveti od mene,sekako jas ke se rasprasuvam za nejze, i taa razmisluvala kako mene velejki mi od edna strana sakam ama ne sum sigurna a i se plase da ne ja doznaat,a od druga strana se plase i da ne ja povredi i seto ona negativno sto jas go mislam i taa go ima razmisluvano..Dovolno e pametna da go protolkuva toa.. @<Глуварче> Jas prvo i velam ako mislis deka e ispravno,ako mislis deka e za tebe jas ne ti se mesam,ne sakam da mislis deka sum ti ljubomorna,i velam osiguraj se so svoite custva,bidejki znam deka i se minlivi za 2/3 nedeli,na eden nacin taa so poveke maski kontaktira no kako zabava i e, i toa samo preku fb..Ama mene me nervira zosto da ja koristat,me bole bidejki mnogu mi znace..
Таа си знае дека сака само играчки да си игра, башка интересно и е сигурно дека е постар и се тоа.Ќе и помине за две недели, не е заљубена во него (а џоинт секој трет пали чат-пат).Инаку најлошо нешто е да му солиш памет на некој, ако те прашала ок кажи и еднаш и толку, вака кога си има нешто зацртано џабе збори ко на дрво исто, само ќе ја нервираш и пак ќе тера по свое
Vo pravo si okolu muabetot,no takva licnost sum sakam da pomognam,bez razlika kako ke misle taa..Sepak cudno e sto samo go menjava mislenjeto,ednas ladnokrvno e nasocena kon nego,nema da kontaktiraat nekoe vreme zaradi toa sto toj ne e sekgoas sloboden,kako sto spomnav pogore pejac e,sekako obvrski si ima vozrasen e.A i koga ke komentiraat nesto okolu sebe ubavo i e i spodeluva so nejze..No spored razgovorot toj ne ja pritiska voopsto,tolku mnogu normalno izgleda sto mislis kiznaj kolku e iskren so nejze..
Нормално е на овие години дечковците да бидат забава.Само нормално ке треба да пази со кој се забавува.Можеби треба да ја остаиш да напарви како што мисли дека треба.Ако се биде убаво тогаш супер, ако биде лошо ке и биде лекција и за друг пат ке знае.Најдобро е коа работите ке ги осетиме на своја кожа. Треба да учиме од своите грешки.
@Janina се убаво, те разбирам ама неможеш да му помогнеш некому кој несака да прифати помош. Таа не бара совет од тебе, таа бара да ја оправдаш за глупостите што ги прави. Да и дадеш подршка на некој начин. Би ти рекла да кажеш на нејзините ама незнам колку тоа би било добро. Само ќе се испокарате а и незнаеш како ќе те сфатат нејзините и дали ќе ти веруваат. Мислењето и се менува оти е дете, несигурна е. Не е спорно да има дечко, ниту се проблем годините, туку начинот на размислување.
Ama nemozam jas da dozvolam be taa da ode po takov pat,mozebi joint za nekoj e obicna stvar,ama ako zatera taka i na losho ke naebe..Joint joint i ke se naprave bela...Ne ja nerviram,bidejki taa samata ja menuva temata mislejki deka me zamara koga mi kazuva za nego,bidejki jas reagiram cudno i izbuvlivo so nejze,i taa misle deka me nervira toa sto taa mi go kazuva..Znam deka e nejzin zivot i deka nemam pravo da i nareduvam sto i kako da prave,ama koga veke bara pomos od mene pocesto sekako deka ke i vozvratam..Epten sme bliski sto nemozam da si dozvolam da nastrada..
Karakterno taa e mnogu pametna,moze da gi razmisluva ostanatite situacii koi se desavaat niz svetot,no koga stanuva zbor za ova i za ova e svesna,samo nerazbirlivo mi e zosto da nemoze da go otkace,mi rece deka krivo ke i bide da go povredela a toj se odnesuva ubavo so nejze..A za da kazam na nejzinite tocno e deka jas i taa ke se ispokarame,bidejki znam kakvi se nejzinite roditeli,na strogo ja drzat.Taka da,samo toa e problemot,a osven pisuvanje nisto nemat napraveno,nitu muvanje,vo kafic cesto pati se gledaat i zdravo ovo ono 2/3 reda muabet i nisto poveke..
Каша попара целава приказна се стори...како прво само комуницираат, ако од тоа не е подалеку немаш воопшто причина да се секираш, и да избувнуваш, ајде да се во врска, да прават нешто ама за вака без везе симпатии толку бурно не треба да реагираш, и самата рече дека не би направила ништо со него, до сега да сакала ќе се смувала бар со него, ни ти, ни Петко ни Станко немавте да ја спречите.
Pa dobro samo pobarav mislenje i mala pomos kako da i pomognam na drugarkami,a svesna sum za rabotive i jas..
@Janina добро девојче те разбравме, нема потреба по десет пати да ни контра реплицираш и секому поединечно да се објаснуваш една иста работа. Никој овде не се посомнева во твоите добри намери ама и од тие делење совети и солење памет еден куп другарства се имаат уништено. Нејзин живот, нејзина работа. Има право да комуницира, да свиѓа да се гледа со кого таа сака, вака оставаш впечаток ко да си помалку љубоморна. Ако таа наумила нешто, неможе никој а најмалку ти да ја спречиш. Ти кажав и пак ќе ти кажам, таа не бара совет од тебе таа бара подршка дека тоа што го прави е исправно. Ти како другарка ако неколку пати си ја опоменала дека не е океј тоа што го прави, си ја завршила твојата работа. Освен тоа годините се такви и јас на 16 години мислев дека се што лета се се јаде. Мисли дека секој што ќе и посвети трошка внимание ја сака ама верувај далеку е од тоа. Ти гледај си твојот живот и не се замарај многу многу со други.
@Janina твојата другарка очигледно се стекнала со епитетот "лесна и едноставна" па џабе и е колку и да е убава кога во главата се има освен тоа што треба да го владее на нејзини 16 години. Зарем од 16 години бре деца дозволувате да имате и да се занимавате со вакви проблеми, мажи, пејачи, џоинзи? Зар не ви се чини дека сте сеуште млади и несозреани за ваков живот? Се што лета не се јаде, ама има време да го сватите ова со другаркати твоја, само внимавајте животот да не си го упропастите пред време занимавајки се со овие работи. Имате време за вакви проблеми, пробајте барем уште малку да се погрижите околу растењето и спознавањето на светот, кој не е нити р од розов како што наликува на вас и вашите години.
Ај да се огласе и другарката малку. Тука очигледно сум ставена малце во лошо светло. Најпрво го ценам мислењето на некој од форумџиките. Како прво јас да, комуницирам со 10 машки ама тоа е само комуникација и тоаа на фб, значи најобичен разговор. Понекогаш ќе ги испофалам тија машки со кој пишам ама не значи дека готово јас а планирам свадбата со нив. И не испаѓам со сите значи у живоо дали два троица ќе видам и тоа на улица. А за машкото тоа беше пробавме 2 недели заврши и толку. Иронија ми е за џоинтот, незнам кој проба кој не. Како и да е фала за вниманието што ми го посвети.