Како да и понудам врска ?

Дискусија во 'Сингл' започната од Miki98, 1 мај 2012.

  1. Miki98

    Miki98 Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Значи вака..
    На најпознатата социјална мрежа меѓу нас младите најдов едно убаво девојче. Почнав да и ги лајкнувам сите слики. На тоа ми возврати и таа. Но сепак на чет немаме започнато муабет..
    Сега од вас барам помош да ми дадете како да започнам муабет за запознавање, а потоа бидејќи не сум многу искусен да ми кажете како да и ја прашам за врска?

    Ви благодарам однапред и се надевам дека нема да се исмејувате на сето ова и ќе добијам одговор што побрзо :)
     
  2. asm

    asm Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    епа почни со маубет на фејс..здраво како си што правиш ова она..нека помине некое време недела, две...викни ја на кафе или негде на некоја забава искочете...па што биде нека биде :)..и како можеш врска да и понудиш а не се ни знаете О.о...?
     
    На Miki98 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    1.527
    Допаѓања:
    2.724
    Пол:
    Женски
    Кажи и
    - Извини мала сакаш да се фатиш со ЈА ??:rofl:

    Па голема процедура е таа ама еве ке ти кажам мене како ме има така дечко фатено. Кога излезе фејсбук еден дечко ми лајкнуваше слики ова она а јас не ни забележував. Имав објавено слика една на која имаше само еден препреубав букет. И после два дена од објавувањето на сликата ми пишува типов Извини што ти досадувам ама сакам да те прашам нешто. Од кај ти е букетот многу е убав? Мене прво смеа ме фати отварам слики да видам дали има пе*ерастична фаца и слики со другарчиња. Ама ми вика демек сакал на колешка некоја таков да и поклони. Па почнавме муабет дали стварно треба да и поклони толку убав букет да не го свати таа тоа погрешно и така се смеевме околу букетот. На крај заклучивме да и го подари букетот и баш да видиме како реагира жена кога добива букет од маж што не и е ништо освен колега. После тоа му објснив кај да ја најде цвекарницата итн итн. После некој ден се смеевме за колешката, па го прашувале демек кој го избрал букетот дрн дрн јариња. И така почнавме да си пишуваме , па отидовме неколкупати на кафе, ми се допадна и натаму се знае што како. На крај излезе дека букетот и колешката се само измислица за да стапи во контакт со мене ( и јас глупа налетав).

    Муабетот ми е најди и таму низ групи низ слики и слично нешто што може да покрене тема на разговор.
     
    На B.Waldorf и Miki98 им се допаѓа ова.
  4. Miki98

    Miki98 Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    asm прашањето ми беше како да започнам муабет со неа ...
    а за врска тоа беше за после извесен период но сепак фала на помошта.

    kikikikirika фала многу за советот.
     
  5. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Епа така фино лепо ке почнеш здраво како си прашај ја нешто работи ли, учи студира и така а за искачање полекаааа немој само да бидеш многу нападен ;)
     
  6. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.331
    Пол:
    Женски
    Или можеш нешто како да ја прашаш да не живее „таму и таму“ нешто како бидејќи си бил кај братучет ти па си ја видел демек нејзе,или некоја слична на нејзе, потоа можеш онака нормален муабет да почнеш, да ја прашаш каде учи ,колку години ова она, да најдеш нешто на нејзиниот профил што би можело да биде некој почеток на разговорот, некоја песна нешто ако има објавено, па за музиката да почнете да зборувате.. ее има многу начини. Пиши и веќе ајде, со среќа :)
     
  7. Balzzak

    Balzzak Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    луѓе дај кажувајте совет...смучено ми е да сум single...пробувам на фб, во друштво ,на само ...но никако не можам да фатам девојка....сакам да сум во врска...имам 16 год а не сум имал девојка ...за ружен не сум ружен...тоа ви го олеснувам ама изгледа проблемот е во нешто друго ...ако имате совет давајте ке пукнам
     
  8. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    149
    Смачено ти е да си сингл на само 16 години???
    Јас би ти препорачала да не се оптеретуваш многу со тоа, кога треба да биде ќе биде, а не со сила.
    Ти си наумил дека сакаш да имаш девојка и сакаш да го изреализираш тоа па макар било која и да е според ова што го пиша.

    Ама така врска не се гради. Врската е нешто во што се вложува многу и не се влегува во неа ради реда.
    Убаво кажа имаш 16 години, излегувај, дружи се, млад си, спортувај а не да се оптеретуваш со тоа дека мораш да имаш девојка и дека ти е смачено уште на овие години.
    Поздрав :)
     
  9. Balzzak

    Balzzak Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    чим така викаш ќе те послушам....само незнам дали ќе успеам во тоа :)
     
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.501
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    Ќе успееш,секако :D .Кога најмалку се надеваш ќе најдеш девојЧе кое ќе те сака и ти неа ќе ја сакаш.ЗА ДА СЕ СЛУЧИ ТОА,ТИ САМО БИДИ СИ ОПУШТЕН,ЗАБАВЕН,КОМУНИКАТИВЕН ,СЕ ДРУГО САМО ЌЕ СИ ДОЈДЕ НА МЕСТО 8)