А таа другарка ти да не си го има „на ти го- дај ми го“ со машките? И праат што сакаат,а таа е демек наивна, right?
Молба до сите членови, не ја зезајте. Во пубертет е. Немојте дополнителни комплекси да и набивате! Тоа се случи со една моја другарка на која и се мали цицките, доборо де има време ќе пораснат. Е сега на неа и набија комплекси и таа сега само на ци*ки размислува. А таа е од убава по убава, озбилно ви зборам. Затоа немојте сега вака да ја вреѓате бидејќи е во чувствителни години. И ова вие што го правите е далеку по детинесто од тоа таа што прашува. Ќе ве замолам да бидете по внимателни
А да пробаш со мимоза??? Биди покомуникативна, разговарај почесто со машките ова она, смеј се само опуштено како и да е....
Милена Торес, ја сфаќам во потполност твојата ситуација бидејки имам и јас слична девојка во друштво. Пред неколку години, кога ја отворив темата „Што гледаат во неа“ на форумов Спојлер побарај ја и прочитај ја интересна е сите ме нападнаа дека сум била љубоморна, а дека страшно сум посакувала да бидам како неа и слично, а ништо од тоа немаше врска. Можеби погрешно се изразив во некој дел кога ја опишував другарка ми, која исто како твојата е грда а ги врти машките како што сака, ама воглавно вистината беше таа и јас не можев да ја декларирам како убава само затоа што ми е другарка! Значи другарка ми е грда, не се облекува убаво, ама сепак, до ден денес, има најголем број додворувачи од цело наше друштво кое вклучува далеку поубави девојки од неа. Не бев опседната по тоа прашање, ама често пати си го поставував. Што гледаат во неа? И знаеш, мислам дека ја открив тајната. Другарка ми има харизма, постојано е насмеана од шестка до шестка и преубаво игра во кафич. Цврста особа е на карактер, во животот ја немам видено да плаче или да се жали. И како што спомена некоја погоре, еве и јас ќе потврдам, другарка ми цврсто е убедена дека е убава. Таа се смета себеси за привлечна, дека може да го има секој што сака, и мислам дека токму самодовербата и е главното оружје кое ги доведува сите машки пред неа на колена. Пронајди си ги и ти твоите квалитети и истакнувај ги! Ако добро танцуваш, не мора кога ќе си излезена да седиш на стол со скрстени раце. Биди комуникативна, дружељубива и пред се насмеана. Престани да се жалиш и работи на подобрување на твоите недостатоци - пред се на самодовербата бидејки во голема мера ти е разнишана. Ќе видиш дека доколку успееш да стекнеш позитивност, тоа во комбинација со твојата убавина Спојлер која верувам дека ја имаш ќе дадат прекрасна личност! Поздрав.
Јас мислам дека треба да имаш и внатрешна убавина, а по ова што го пишуваш не ми изгледа како да имаш (ја навредуваш другарка ти, и се смееш зад грб, иако велиш дека ти е другарка).. не те знам во живо ама ако имаш и внатрешна убавина а сепак не те приметуваат тогаш незнам, веројатно е до нив или до другарка ти.. јас имам другарка со која можам да се ставам на исто ниво со убавина, значи никој не е совршен ама сепак имаме исти проблеми (криви заби, таа има малку крив нос) ама не се преоптеретува со тоа, од кога ја знам цело време си фаќа дечковци (шесто одд. е) значи си збора со машките од осмо како први другари да и се, иако не ги знае, ама морам да напоменам има навистина големи балони сепак, не верувам дека е до тоа, си има некој карактер, не и е гајле што другите мислат за неа, самоуверена е и скоро секој што ќе го посака, за 1-2 недели го има.. се е до карактер, можеш да бидеш и најубава ама ако не се истакнуваш со карактерот (ако си повлечена и сл.) мислам дека потешко ќе најдеш дечко..
Мене ме викаа сисла зш имав поголеми од другите хахаа и не ми сметаше ич на 15 години.. Љубоморни души