Ми се свиѓа.. Но воопшто не ме заприметува,,, до неодамна имав долгогодишна врска.. но сега сум сингл. Како да му го привлечам вниманието и дали мислите дека јас прва треба да пристапам.. и на каков начин треба да биде тоа!?!
бидејки викаш дека не те забележува мислам дека треба да се потрудиш да те забележи, доколку ти се допага нема ништо страшно во тоа ти да му пријдеш прва или пак ако го имаш на фејсбук стај му некој лајк или пиши му порака да се запознаете позз
Погледот кажува многу. Доколку сакаш да те примети тогаш обиди се ви се сретнат погледите. Сепак , немој премногу да зјапаш во него , па да изгледа како да си stalker што би рекле американциве хаха Не ми текнуваше соодветен израз на македонски. Едноставно погледни го и насмевни му се. На тој начин и без да изустиш нешто ке му дадеш до знаење дека ти се допаѓа. Потоа, следниот потег е на него (Освен ако не е премногу срамежлив) Среќно, па ајде ке кажеш што си направила
Не знам каква е ситуацијата, но ако се движите во ист кругови можеби не знае дека си излегла од долга врска. Можеби тој се уште мисли дека си во врска, па не те гледа како слободна. Ако не е тој случај, тогаш јас би ти рекла Go for it! односно не гледам причина зошто ти не би го направила првиот чекор. Би се сложла со советот погоре - вашата комуникација на најлесен начин може да започне на фејсбук. Немаш што да изгубиш ако се обидеш и го направиш првиот чекор.
Јас мислам дека тоа со facebook не ти е баш најдобра идеа Ако навистина ти се допаѓа и сакаш да бидете заедно, мораш да го запознаеш подобро А не преку facebook да се допишуваш. Можеби тој ќе свати погрешно, па ќе му станеш напорна. Подобро е во живо. Кога ќе го видиш насмевни му се, или пак започни некој разговор. Мислам дека така ќе му оставиш подобар впечаток. Со среќа
e како де?! и ја се прашуем тоа ја само вака од фб шо го гледам по слики, и еднаш или два пати низ населба го имам видено (ама тоа пред година дена..) и сеа незнам дали да започнам муабет на фб...незнам стварно :/ неколку пати сум започнала со некој муабет на фб, и на крај ништо не излегло од тоа..ама со овој некако...така ми е баш мој тип...луѓе попмагајте
ОД пред два месеци раскинав со дечкото со кое што одев 6 месеци. На почетокот не го сакав и се фатив со него за да го заборавам бившиот.Од кога се фативме постојано бевме заедно,бевме заедно на одмор...секоја ден се гледавме и многу ми беше убаво,ми стана многу мил и го засакав.Од кога се вративме од одмор пак постојано бевме заедно...така беше до кај петтиот месец..потоа тој некако се смени,се понашаше по ладно со мене,едвај се гледавме еднаш во неделата... Откако раскинавме постојано ми се врти во глава,постојано мислам на него....а не сакаааааааааам не сакам ни да се смирам со него бидејќи ми направи доволни работи од кој што ми станува одвратен ањрхаеиклча ма ни јас не знам што сакам уствари.Додека бевме во врска многу пати кога ќе се скаравме секогаш јас попуштав...а сега многу се каам за тоа...сватив дека не вреде и дека не ме заслужува...ептен сум добра за него....од кога раскинавме тој секој викенд е со различна...ние сега живееме но не е тоа тоа... како да го натерам да се покае за се? Сакам да свати каква сум (мислам јас му докажував сето ова време каква сум) но сакам да свати дека како мене нема да најде никаде...бидејќи да бидам искрена малку од малку го управив во неговиот живот...од кога се фати со мене престана да пие (не дека беше кој знај каква пијаница но свати што му зборував во суштина) престана да се друже со деца кој штооо....како да кажам не беа за него (имше тој 7 другари од кој што 3 или 4 користеа некаквиии ...бла бла работи за да бидат по "куул" ) го оттргнав од нив го пикнав во друго друштво во кое што децата се срцкииии! сега постојано е со нив...како од секогаш да се дружеле...Зборот ми е како што прашав погоре што да направам за повторно да ме побара сакам пак да се сврти накај мене ?? Можеби е глупа прикаска ова но навистина ми треба.
Девојки многу лесно ке им го привлечете вниманието................. започнете да стоите на раце да дубите на глава, голтањето на огин и јадење стакло секогаш се добра опција, можете и топлес да се прошетате чат пат пред сите така сигурно ке ве примети. започнете ова да го практикувате сигурно дека ке бидете забележани
Не те сфаќам, прво викаш дека не сакаш да мислиш на него, дека не сакаш да се смириш со него и дека ти направил некои работи за да го чувствуваш одвратен а после прашуваш што да направиш за повторно да те побара. Прва работа што треба да направиш е да се одлучиш што всушност сакаш ти. Мислам дека нема потреба да правиш глупости за да он се кае и слично. Штом поминале неколку месеци откако сте раскинале -секој по свој пат. Не се замарај со него, како што си го преболела бифшиот, така сега фати си нов дечко и заборави го овој, шетај со другарките и уживаај.
Дознај каков е ако не знаеш. Што сака, интереси, дали е слободен, дали имаш шанса кај него, од околу дознавај работи, како демек случајно. Да му привлечеш внимание намерно не знам како, најчесто паѓаат на добар поглед машкиве, покрај добро тело. Шала на страна, погледни го провокативно во правиот момент, и потоа лежерно започни муабет. Ако веќе започнеш на скајп или фејсбук, тогаш во живо кога ќе го видиш обавезно поздрави се со него и не се срами. Нешто прашај го, кажи му, како да сте блиски, но не екстремно па да мисли еј оваа будала е. Изгледа тешко, ама потоа многу лесно ќе ти иде разговорот.
Кажувајте како да му се приближам премногу ми се допаѓа мислам дека сум заљубена.Цело време мислам на него дајте некој совет што да правам за да ме забележи..?
Здраво девојки! Сакам да прашам истово значи како да му кажам дека ми се свиѓа...на пр во живо еднаш се сретнавме и кога се поздравивме во образ тој и ме гушна...дали ова значи дека му се свиѓам ( а и не се знаеме долго, ова со гушкањето се случи ден -два после запознавањето) и низ град еднаш ми мафна се вртеше по мене ко да се знаемее ехее хаха ме сваќате. и плус на фејсбук му ставив лајк на една слика и тој ми врати...ама сега уште еднаш му ставив и тој не стави...не сум сигурна....Кажете ми девојки .. Благодарам
Од лајкови по ФБ нема фајде туку кога го видиш покани го на сладолед, прошетка....па ќе видиш, ако дојде уз муабет ќе сватиш дали има хемија или нема.
тоа да ама не можам се срамам некако...тој уствари ми е другар се дружиме ама не го среќавам секој ден. Знам дека еднаш додека седев така јас кога погледнав во него го фатив дека ме гледа..и одма го сврти и тој погледот! хахах ...сакам да му пишам на фб да позбориме ама срам ме јаде...
А зошто не се договориш со него, дали сами, дали со другарките ти, он со другарите да искочите на кафе, да се здружите повеќе, па нешто почни само погледи да му праќаш, онака “да те фати у поглед“, за да сфати, па и ако ти му се свиѓаш, он ќе ти дојде, ќе ти праи муабет (пушта хаха) - ама ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ немој да се срамиш, прави му и ти муабет, смешкај му се ова она хихи Се надевам ти дадов некоја идеа П.с. ова со искачањето ти кажувам од искуство Уф, да можам да го вратам времето со него ..
Да не ти е само навика ?? А можеш и вака Дознај кај ќе оди вечер, договори се и ти таму со другарките да одиш, дотерај се, нашминкај се, нешто штикла микла, фустанче (дечко ми ми кажа дека тоа ги пали машките ) И кога ке го видиш, најнормално Здраво-здраво, седни си, а другарките твои незабележително нека гледаат дали тој гледа во тебе
Не е точно Зошто да не му пише , најнормален муабет Јас прва му пишав на дечко ми, за една слика дрн дрн, па еве заедно сме година ипол