женски ве молам некое советче ми се свиѓа еден тип. се мувавме само еднаш. и имам чувство дека ќе останеме само на тоа бидејќи он како да се плаши од мене, а знам не му е сеедно. мислам дека не ми верува во поглед на чувствата. односно мисли дека ми е само играчка и дека ќе го повредам. се обидов неколку пати индиректно(не можам директно зашо сакам и некој труд од негова страна, а и гордоста не ми дава се ја прва да правам) да му кажам дека ми значи премногу и дека не би го повредила али нема никакво подобрување зашо типот сеуште се срами и се плаши од мене. како да му покажам дека стварно ми значи премногу ми се свиѓа. али само тапкаме у место. ве молам кажете ми што да нправам, на тв на вести ке излезам ке кажам, жими се! па не можам веке вака, ме напиња
ништо, биди своја, биди покрај него, забавувај се дружи се, знам дека ти звучи ко клише, но послушај совет. Опушти се, што е твое ке си дојде, ако гонаучиш дека треба да му докажуваш чувства на посебен начин лошо ке си поминеш. Биди негова подршка, бодри го, помагај му колку можеш. Биди пред се прав другар, се друго ке дојде само по себе.
Кажи му дека ти значи,кажи му се шо мислиш.Разговарајте.Размислете дали сакате да одите на поозбилно итн итн. Ќе видиш дека разговорот добро ќе ти дојде и тебе и него.И тебе ќе ти биде полесно затоа шо си му кажала шо чуствуваш. Со среќа :up:
можеш да му направиш муабет .. Посериозен муабет , на тоа што ќе останете , само пријатели , или сепак нешто поише
Па,се согласувам со претходните коментари,биди му секогаш подршка,биди си тоа што си се надевам ќе ме сфатиш...И онака веќе си му ги кажала твоите чуства,и не брзај да...
Ако постои страв и сомнеж уште сега батали го бидејки и да започнеш врска нема да има доверба........ Разбирам дека ете некоја емоција,дозволи си да бидеш срекна а не да се замараш со некој кој при очи е слеп
Збори со него и види што како планира. Јас така си го фатив дечко ми. Се мувавме долго време и на крај му реков дека ми понудил некој друг дали планира он со мене нешто повеќе за да не трошам време за џабе. И еве сеа веке година дена сме заедно
Па имаш такво чувство зошто ти мислиш дека се плаши,а што си ти плашило?Има милион начини како да му докажеш дека ти значи само треба да најдеш кој е вистинскиот начин.А зашто едноставно не му кажеш ''МИ ЗНАЧИШ'' со огромна насмевка на твоето лице,и самодоверба секако..Tи посакувам среќа.. Па кажи ни што си направила..JUST GO FOR IT!
Луѓе има еден дечко што ми се допаѓа излегуваме во исто друштво секогаш зборуваме ме испраќа секој ден до дома,но незнам како да му докажам дека ми се допаѓа..
Епа ќе почнеш муабет со него, ќе го прашаш нешто одоколу која му се допаѓа и сл. и ако се одвива муабетот во позитивна насока, едноставно и искрено кажи му дека ти се допаѓа и чекај реакција од него.
Да, се сложувам со тебе, а ти Драгана можеш прво да се распрашаш кај другарите негови која девојка му се допаѓа нему, за да нема разочарување ако тоа е некоја друга, а ти веќе му кажеш дека ти се допаѓа.
Епа провери да не е геј. Ако не е, јас мислам треба да му кажеш дека ти се допаѓа и дека можеби и ти него му се допаѓаш, но не ти кажува.
Епа ризик е, но што ако бидат возвратени, а ја испуштиш шансата? Ако не бидат возвратени емоциите, ќе искористиш нешто што го применуваат машките, ќе кажеш: Се зафркавав, ме интересираше како ќе реагираш.