Пред да ви го раскажам проблемот, да напоменам дека не сакам коментари од типот одмаздата не е најдобро решение, заборај го, итн. Со типчево бевме затрескани еден во друг, малку фалеше да бидеме во озбилна врска, но наеднаш се дигна во облаци, стана популарен, а мене веќе не ме ни познава. Го избришав од фб, а он не се ни потруди да ме аддне. Кажете ми некој план, идеја, како да го спуштам на земја и да му вратам за се?
Одмазда. Разгласи дека алатот му е мал. Шала на страна само не сфатив ти сакаш да му се одмаздиш или да му се вратиш? Бидејќи викаш дека не се потрудил ни да те адне, а истовремено сакаш да му се одмаздиш. И имаш 19 години и сакаш да се одмаздуваш по луѓето бидејќи се кренал во облаци?! Тој колку сака нека се крева ти ќе му се одмаздуваш бидејќи не те аднал на фб повторно?! Аман... И не сакаш коментари од типот заборави го не знам што, епа стварно те жалам. Тој тебе воопшто не ти направил нешто само си престанала да го интересираш, и ако сега сте раскинале навистина мислиш дека е прикладно да те поздравува? -Еј здраво како си? -ќе те праша и другарите ќе го прашаат која е таа? -Мојата бивша девојка, многу е фина знаете. Едит: Испадна дека си една очајна девојка која престанала да го интересира на некој и сега по форуми бара совети да му се одмазди, извини да не сакаш детален план?
Одмазда. Доволна одмазда за него била тоа што си го избришала од фејсбук. Страшно. Дај не зезај, одмазди, ќе му враќам бла бла. Па добро имаш 19 години. И викаш не сакам такви коментари од типот заборави го. Што сакаш да слушнеш ???? Адни го пак на фб, и стави се во озбилна врска со друг. Нека види како е и нека пати. Впрочем за озбилна врска треба многуууу ... а кај вас ако за малку било озбилно немало така да заврши. Друго, заради ова или она љубовта завршува, се дигнал или станал познат, епа тоа е што е. Тебе ти преостанува да си најдеш нов и поасолен. А не по цел ден одмазди да смислуваш.
Одмазда. Revenge is a dish best served cold!!! Олади малце, среди си ги мислите, размисли убаво, па после превземај било што!!! Уште си лута, не размислуваш правилно. Повредено ти е егото. Ќе му се врати некако. Се` се враќа, се` се плаќа. Карма!!! Само смирено!
Одмазда. Абе нели гледате дека девојчето е толку желно за одмазда што дури ја отворила темата во 5 часот наутро ...Ова го кажав со иронија,сега шала настрана. Девојко,престани да размислуваш на тие детски работи,зошто не е заслужен ни име да му се спомни а не пак да си ги валкаш рацете со некој кој има голема ароганција..Лелееее па си го избришала од фејсбукот а тој не те аднал..И што сега?ке плачеш за тоа?И подобро за тебе што не те аднал.Таков не ти треба,ама ке ти кажам нешто.Јас сум ги и блокирала и бришела па ништо. Јас имав(м) полош случај од тебе,виде типот дека не го ставам на рецка и почна да ме брка. Само еден разговор со него,со ладна глава,употреби ладнокрвност,и се ке си дојде на свое место.Верувај.А тој ако има доволно памет во неговиот пилешки мозок ке се опамети и ке ја сфати својата грешка.
Одмазда. Продолжи со животот, оној, што си го живеела пред да го сретнеш него. Најди си фин, згоден и неопходен дечко, биди среќна со него и ако типов озбилно те ценел некогаш, било кога во неговиот живот.. кога ќе те види ќе се осети грдо, ќе сфати што загубил бла бла...., но АКО, а мислам дека тоа добро ќе влијае и врз тебе.
Да си најдеш некој поубав од него и пред негово лице да бидиш среќна,да му докажиш дека тој што е со тебе моментално вреди многу повеќе од него и поубав е од него.Дека и без него ти си среќна. Во секој случај,истото можеш да му го докажиш и без дечко,едноставно биди природна пред него,насмеана и продолжи си го животот ко ништо да не било. Многу ќе го заболи тоа и ќе ја спушти цената,верувај.
јас мислам ти да го ставиш на ИГНОР ако типот барем малку те сакал, кога ке види дека те нема и тоа како ке трча по тебе и продолжи си со својот живот секако
Годините не се важни со желбата за одмазда. Инаку, налето ќе бидам на поседок кај роднините, што значи секојдневно ќе се гледаме.. Како да реагирам? p.s. Тој беше оној кој трчаше по мене од прво, па потоа од кога се дигна, едноставно заборави на мене
За каква одмазда мислиш, нешто од типот-ќе си фатам и ја згоден убав дечко па ќе видиш ти? Или одмазда-со помош на ладно оружје? Ако сакаш одмазда од вториот тип можам да ти помогнам да се подготвиш, ќе ти ја чувам сабјата во фрижидер.
Заборавот е најдобрата одмазда, верувај. Кога ќе види дека не го интересираш ќе направи се за да го постигне спротивното. Зошто ти да се нервираш и да смислуваш "планови" како нему да му направиш полошо? Со тоа самата си ја труеш душичката, а нема зошто, нели?..
Ме изнасмеа Мислев на типот одмазда сервирана на лето, нешто добро за да го спуштам, бидејќи како што кажав погоре, ќе бидам на посета кај моите роднини, и ќе морам секојдневно да го гледам, комшии се. Any suggestions?
па добро,можеби дечкото не е повеќе заинтересиран за тебе,што има врска ако тој прв трчал по тебе и бла,бла глупости.Било-поминало !!! иако несакаш да то го кажеме тоа,и не го прифаќаш,ама така е тоа.Безразлика што станал популарен и се дигнал со носот до небо,немора да му се одмаздуваш,па крај краева дечкото ти раскинал и нема потреба од одмазда. Само едно нешто ме занима.А како тоа станал популарен?
Можеби не се дигнал, можеби сретнал некоја друга. Па вие не сте имале нешто големо или не те повредил многу јако и сега да му се одмаздуваш. Нека поминат 2 недели најмалку, па после самата ќе сфатиш дека не вреди ова што си го наумила. Одмор само мој совет.
Фб прави се знаете како оди тоа.. Многу лајкови, добри слики, многу девојчиња.. И така стануваат фаци у град!
ај да се цитирам самата себе сеа прочепкав по твоите мислења и мислам дека се работи за христијан од идол.ако сум грешка исправи ме ,ако не ми стана јасно како тоа станал популарен
хахаааааа не дечкото е фудбалер, не пејач.. но имаат сличност - името можеби се дигна откако беше првак у фудбал, младинци но сепак, вчера е со мене, денес не ме знај
хахахахаха епа ондак не е толку популарен фудбал-младинци па и кој гледа хахахахах како и да е,бркни си ти некој друг,позгоден,поубав и сл.а за сериозна врска па и не ти е време да размислуваш ,пред да се одлучиш за нешто 3 пати мери 1 сечи позз
Искрено не сфаќам причина зошто би му се одмаздила кога само сте биле затрескани... Ни дечко ти бил, ни пак нешто друго. Можеби ето сте се смувале ама сепак било за една вечер или две. Едноставно нема причина за да му се одмаздиш. И што ако е фудбалер? Станал "популарен" затоа што правел со многу женско како што направил сега со тебе. Ќе пиши коментари, ке става лајкови, ќе седи до сабајле - да симнува ѕвезди, ќе те моли за кафе - и кога ќе излезиш(а тогаш ти ќе се затрескаш), тој веќе губи интерес и продолжува по нов плен а ти остануваш со прстот во уста. Девојко, незнам како можеш да размислуваш вака на твоите 19 години, али се надевам ПЕРИОДОВ ќе ти помине. Дај си самата недела/две.