Епа вака има еден дечко многу ми се допаѓа. Дечково живее неколку куќи подолу од мене,значи ептен блиску е,често го гледам.Обично кога ќе се видиме некаде на улица ме гледа упорно и ми се насмевнува,или пак ако е со другари кога ќе поминувам не збори ништо само ме гледа.Епа сега тој мисли дека јас не сум заинтересирана за него.Ми има речено здраво,сакаше да започне муабет со мене,но јас моментално имав дечко па само му се насмевнав. .Јас сум така малце похрабра и немам гајле да го направам првиот чекор.Во оваа ситуација мислам дека и би требала.
Да,но сега гледам на фб имал женска типот . Не знам дали ќе ми претставува тоа проблем за да му пристапам прва. BTW му пратив покана за пријателство па ќе видам што ќе направам....
Дали мислите дека би требало еден тип да го напрам љубоморен поточно со еден друг тип, кој ми е само пријател да поминам во дискотека покрај него и да се задржам половина час пред дискотека само за да забележи дека е можно другар ми да ми е као нешто повеќе од другар? бидејќи јас не знам како да го натерам да ми ја смени ситуацијата веќе од сингл во девојка со дечко....нормално типот кој ми се допаѓа да ми е дечко....ставена сум во очајна ситуација и морам нешто драстично да преземам...сите други мерки се преземени верувајте
Знаеш..ако си малку похрабра можеш да започнеш разговор со него.Ете како што кажа пред дискотека. А мислам дека не мора да го правиш љубоморен,бидејки тоа може и повеќе да го одалечи од тебе-според мое мислење.Пробај па макар еден збор да кажеш,сигурна сум дека ќе се надоврзе.
Да додадам секој викенд кога е тој тука забележувам дека постојано кога ке се сретнеме тој се гледа во мене,најпрво помислив дека можеби се гледа во некоја од моите другарки но секогаш кога ке го сретнам сум со различна другарка а тој повторно се гледа на кај мене, и најважниот дел тоа го прави кога не е со неговата девојка. Што мислите вие за ова? Имам ли некакви шанси? Би вредело да му се приближам ако некогаш се скара со неговата девојка?ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ!!!
Девојче,можеби тој имал симпатии спрема тебе пред да се смири со девојката..но еве,факт е дека се повторно заедно,значи сепак чувствата спрема неа биле поголеми во однос на тебе затоа не се замарај,зашо си има девојка..и да,не го чекај да се скара со девојката за да му се приближуваш,зашо додека си окупирана со тоа можеби веќе има некој шо те сака,а ти нема да го приметуваш
Знам за тоа но ме збунува фактот што кога не е со неа не ги трга очите од мене? Уфф колку сум само збунетаа :/
Тешко е да се оствари тој игнорот но кога се смирил со неа па јас не ке трчам по него,сепак тој губи .Фала на советот.Во право си за тоа дека можеби има некој кој ме сака додека јаас слепо трчам по него.
Си има девојка детето , да те сака тебе ќе ја остави ама гледам не е така . Не сакам да сум сурова , само сакам да ја објаснам каква е реалноста од друга преспектива не од твоја. Машките се такви сакат да кокетират и со други ( не сите , има искучоци) а и да биде со тебе , можеш само забава да му бидеш на него , пошто гледаш секогаш и се враќа на неговата девојка. Барај си ја среќата некаде на друго место . Мој совет
Многу ми се допаѓа едно момче, ама секогаш има ама... Ги познавам неговите другари, не се дружиме многу ама едно здраво си имаме. Тој секогаш е фин, добар, сто посто сум сигурна дека и јас нему му се допаѓам, ама е многу срамежлив и не ми кажува ни здраво. А сите негови другари ме гледаат некако чудно во последно време, како да знаат што се случува, но никој ништо не кажува. А тој е многу добар, вреден, го знам долго време. Ова наше допаѓање трае веќе една година. Кажете совет, што да правам ?
Да бидеме појасни, СЕУШТЕ НЕ СУМ ИМАЛА СЕКС! Секако дека мојте дома ми рекоа, особено сестра ми! И плус сеуште сум мала да за сексуални односи!
дефинитивно неее!! тоа што ќе одиш таму со некој друг повеќе ќе го одалечиш од себе зашто ќе помисли ете сега друг има нема никаква потреба од мене.а и па на крај краева ќе рече што ми е гајле мене за неа не сум со неа во врска па да ја пазам со кој излага.мое мислење е ова поарно ќе ти биде да одиш со пријателки таму и нешто случајно да направиш за да му се приближиш
па ако си храбра доближи му се,или контактирај некако со него,распрашај се за бројче негово,и јави му се престави се и кажи каква ти е намерата(немој да бидеш одма директна прашај прво за излегување па после за чувства да не биде да му признаеш па да се исмева со тебе)
имам сестри на твоја возраст,толку им е омилено детството што не наликуваат воопшто на децава сега со интернети,фејзбуци и такви ствари.фала Богу сека се современи имаат ама не користат многу.уживаат во игрите,скокање ластик,цртање,учење а најомилено им е кога прават некое специјалитетче сами.со кејф го јадат подоцна. па каде отиде бе младинава 12,13 години и дечко па и секс бараат сачувај Боже ова ни у Србија го нема што се понапредни многу од нас.дај приберетесе деца сте наместо да се замарате со љубов фокусирајте се на учење!!! имате после цел живот да бидете љубени и да бидете жени тоа ви е неизбежно.незнам какви се вашите родители ама според оваа допуштеност се многу меки. Господ нека ви го очува паметот,со среќа!!!!
А што правите кога тој што ви се допаѓа,не му е грижа за вас а ви дал лажна надеж?зашто машките неможат едноставно да признаат ако им се допаѓаме или не.вака само си се измачувам без да знам што тој мисли
Знаеш, машките се многу покомплицирани од женските. Другите велат дека е обрато ама не е ! Значи вака сега... Машките веројатно сакаат да привлечат повеќе девојки во едно исто време и на сите тие им даваат лажна надеж... Нели така по фраери се. Сите од нив си прават „бајрам“ на мозокот а кога ќе дојде време за врзување е нив никаде ги нема. И јас мислам овде дека ти си единствената што си даваш лажна надеж, ако вејќе го знаеш каков е заборави го. Верувај не ти треба никој на кој не му требаш ти, а и плус можеш да најдеш некој 10 пати подобар од него. Така иде тоа...