и јас имам проблем ист нова сум и понуди му пријателство на фејсбук имаме физичко у четврток со него ама незнам како да му се приближам и како да го заинтересирам (ако те гледа значи те свиѓа и шо биде?)може ли совет??
Како да се запознајме? Проблемот е во то шо јас сум малце така пострамежлива и не знам како да отворам некаква тема на разговор, не се познаваме ама мислам дека има некоја предност во то шо тој е келнер како да отворам муабет да се запознајме некако..Се надевам ќе ми простите на мојот опуштен речник
Како да се запознајме? kako?? оди во кафичот кај што работи (мала претпоставка)и седни си таму нарачај си нешто и коа ке донесе ти речи вака Се извинувам ке може ли да прашам нешто?? дали тука примаат за работа и ако ти каже да прашај таму газда и вработи се така ке се гледате секој ден и ке наогате 1000 теми и на крај тој ке ти се диближи ке видиш
Како да се запознајме? шо им е на сите само некој на некого сака да му се приближи а незнае како.... па едноставно се додека има желба има и начин....
Како да се запознајме? Ако тој те свиѓа верувај ќе го направи првиот чекор! Машките не се како нас женските, тие признаваат.
Како да се запознајме? Аддни го на фб , пиши му понекогаш, зборувај убаво фино културно ,ако се сретнете некаде здраво кажи му ,почни некои лабави теми..
Како да се запознајме? А ако рече дека не им требаат вработени што да прави тогаш Како што кажа Кетрин, за почеток кога ќе го сретниш можиш да му кажиш здраво, оди почесто во кафичот каде што тој работи....
Како да се запознајме? Девојчето си бараше дечко ама ангелче и работа и најде и тоа сигурна е баш ме насмеа. Нема срам само самодоверба.
Како да се запознајме? веќе го аднав, дури и тогаш пропаднав од срам повеќе пати ми се има случено да се решам да се насмевнам барем ако не да проговорам и одма црвенеам тука е проблемот... Незнам ни како да дознаам дали имам шанси или не... ми имаше лајкнато нешто, претходно бев излезена тој беше таму се гледаше постојано онака или...
Како да се запознајме? Пиши му обавезно срамот ништо не носи само одзима ,опушти се и пиши му ,ако си се гледате потајно сигурно ќе му биде мило ако му пишеш.Биди храбра
Е а ако не им требаат вработени тогаш сама тргни во акција ,иди со другарките на кафе па биди малку поопуштена, зборувај енергично и размените си бројеви и после на само што ке прајте,прајте ваша работа ја таму не се мешам
Дечки, ај мало советче нова сум на форумов Веќе одредено време сум сингл, ко да ми заспала среќата, така си викам јас. Ќе почне нешто да се случува, па ќе прекине и се тaка во круг... Е сеа.. пред некое време случајно запознав еден тип. Фин дечко, образован, симпатичен, дечко со изградени ставови, мислења... Цела вечер си правевме муабети, општо за се', врски, работа, факултет.. онака ко да се знаеме подолго време. ( е сега колку тие муабети можат да бидат '' сериозни '' под дејство на алкохол тоа е веќе друга ствар) После два дена го адд на фб, му пишав, општи муабети, што правиш, како си помина викендов... Би сакала мислење од вас, како да му се приближам, а тоа да не биде нападно, како да го '' освојам ''... Патем, ме кочи моментот што ми кажа дека пред неколку месеци излегол од врска, преку која наводно поминал, преболел.... но сепак сомнежот постои ( барем кај мене ) и тоа најмногу ме кочи. Благодарам oднапред !
Не преболел. Колку му била долга врската? Не сте збореле „општо и за се“. Сте збореле за врски. Си му била/или си, рамо за плачење. Првата која ќе биде после врската ќе е колатерална штета. Ќе лечи фрустрации. Пази да не паднеш во таа стапица. Форсирај го да ти зборува за иднина. За неговата иднина, што планира, што сака, што го прави среќен... Врти го муабетот да не збори за минатото. Предложи да направите нешто заедно. Нешто што со никого претходно не го направил. Дај му спомен кој само со тебе ќе го асоцира (банџи џампинг, на утакмица и навивајте заедно, сигурно не бил со цура на утакмица. глеј да е нешто што качува адреналин). Ај пробај, па пиши како иде
Тоа најмногу ме мачи, преболувањето.. дали навистина постои или тој сака да биде така.! И ако навистина преболел дали е подготвен за нешто ново?! Незнам колку му била долга врската, (некако спонтано почнавме да зборуваме на таа тема) сметав дека на прв муабет ќе биде toо much, не сакав толку да се опуштам.. Иако тој како низ шега ме праша колку ми била најдолгата врска, па што мисли, колку време веќе немам дечко итн... Ќе почекам некој ден, доколку тој не пише, ќе му пишам јас, повторно. А за тоа да правиме нешто заедно, не знам дали е сеуште време, многу малку го знам Не сакам да го ''гушам'' и премногу да се наметнувам, така ќе избега уште пред да го фатам Благодарам на советот, ќе пробам секако
tinan она еднаш во живо го видела и еднаш на фб правеле муабет и ти одма констатира дека му е рамо за плачење. Сеуште е многу рано да се каже дали е или не е така. chiquita како и да е, продолжи да се дружиш со него, пиши му пак. Не го напнувај со лични муабети (барем сега за сега). Кога он ќе почне сам да се отвара тогаш може да правиш муабет. Нека се чувствува опуштено во твое друштво, со тек на време нека стекнува доверба во тебе, нека те гледа како девојка со која може да си направи супер муабет. Гледај да не ви се сведува контактирањето само на фб, ако можеш уште викендов повикај го негде пак заедно да бидете, ама онака низ муабетот, да не се почувствува како да го викаш на состанок. А да, и уште нешто, гледај да не откриваш многу за тебе од лични работи барем сега додека сеуште не го знаеш убаво. Спојлер И не очекувај премногу биди си онака опуштена. Ако биде нешто супер, ако не ок, живот иде даље. Се надевам колку толку ти помогнав.
Иако се обрати на Тинан, ќе се дрзнам да реплицирам. А не било рано уште на првото гледање да и‘ зборува за бившата? М? Верувај ми, ми се случило и мене. Дечкото се релаксираше со моите разговори, со тек на време успеа да ја заборави (патем, и мене ми ја спомна уште на првиот состанок), да си ги избистри мислите од неа.... и како сум го скоцкала, сум го спремила... за да и‘ го предадам на друга како подарок за Нова Година. Не велам дека и овој случај е таков, сепак, секоја приказна си е сама за себе, но секогаш мора да се влегува со доза резерва и претпазливост.
Мислам дека проблемот кај нас девојките е што уште од прво гледање да не речам запознавање со некој, одма гаиме некакви надежи и притоа го анализираме секој негов чекор. Па после разочарување, епа да. Сакав да и кажам на chiquita да не се замара уште на почеток со тоа, да си биде опуштена. Па побогу она сеуште не ни знае дали стварно и се свиѓа дечкото, може сега ќе и сврти некој муабет и едноставно ќе и стане одбивен. И мислам дека е доволно голема за ако види дека нема надеж едноставно се тргне од него. Спојлер Не викам дека е невозможно ова што tinan и ти го кажувате (затоа и кога ја цитирав tinan пишав дека е сеуште рано да се каже) Они уште не се ни запознале што се вика како што треба она одма се замара со неговиот личен живот и му ги анализира чувствата.
И јас го имам истиот проблем...како да му се приближам.Не можам да му се приближам веќе 9 месеци..Не знам како.Сите ми викаат те сака, се гледа од авион.Си разменуваме погледи, насмевки лајкови на фб....Ама една негова другарка божем сакаше мене да ми помогне и требаше нешто да му збори за мене и место да му збори убаво за мене таа се најлошо му кажувала за мене.Не знам што да правам.1 месец не излегол од дома.Сите ми велат нешто разочаран бил...Сега беше матурант ама е малку срамежлив а и мене ми е срам да му пишам прва....Пуста гордост што прави.Што да правам?