Утре му е роденден на еден мој другар јас него го свигам...Не седи многу на фб па сакам да му пишам порака од тел, не знам дали да му пишам зошто ќе сфати дека го свиѓам од една страна сакам да дознае за да превземе нешто ako ме свига. Кажете ми дали да направам така?
@Katee96 колку сте блиски? Би ризикувала да го изгубиш како пријател? Зашто и тоа е во игра. Од друга страна, пак, кога ќе размислам, штом се мислиш дали да му пишиш порака на телефон, најверојатно не сте којзнае колку блиски... Јас би ти рекла да му пишеш
И му пиша, ти врати, се видовте, те засвиѓа и он тебе. Слободно кажувајте им (ова се однесува на сите што се во недоумица) дека ви се допаѓаат, а зошто да не!Ништо не губите само може да сте во добивка. Аман од флертувања на тој ФБ.
Дечки јас имам еден проблем се работи за едно момче го видов пред две месеци ама незнам ништо за него но веќе работам на тоа се надевам дека набрзо ќе дознам него го сретнувам секој ден живеме во ист град и многу ми се допаѓа и сакам да му привлечам внимание да знае дека ми се допаѓа неколку пати ми се има испулено по цел ден на него мислам ве молам помагајте кажете некој совет
види со кој се дружи и дознај како се вика ако ги знаеш тие луѓе. Сигурно го имаш видено со другар некој барем. А ако веќе знаеш како се вика адни го на фб.
Ај и ја да си напишам..Вака има едно дете почна да ми се свиѓа,а претходно не го свигав воопшто.Поголемо е една година од мене и во исто школо сме.И сеа како да ме примети,што да правам?Иначе неаме нешто заеднички другари.И незнам воопшто како да реагирам општо пред машки,а не па пред него ..Ве молам помагајте како знаете хехе Фала однапред 
Девојки кажете некоја така убава песна да објавам на фб да свати веке еднаш дека стварно ми се свиѓа , неможам да издржам веке
Па приближи му се покани го да пиете чај кафе однесувај се фино, излезете и ако после ова не свати...
Фала за одговорот.Иначе он има 14 ја за 2 месеца 14 и имаме заеднички другари не дека немаме ама јас така напишав зошто не сум до толку блиска со нив...а многу често го гледам по ходници во школо и во холот P.S.извини,те замарам се
Ама не какво замарање, Па дури и ако има фб понуди му пријателатво, Јас инаку имам 12 години и сега класниот ме премести до симпатијата. Но подобро за мене се однесува поблаго спрема мене затоа што свати колку го сакам јас, а те разбирам како ти е Па ако некаде оди средна распрашај се и ако си во можност оди и ти, па сигурно ќе свати и ќе се однесува поблаго спрема тебе. Поздравче
Исто.А мене ми е страв да го погледнам,и што ако дознае дека го свигам,ке пропаднам у земја..А ако ти треба некој совет,било што можеш да ми пишеш на чет,слободно и ако ти е досадно и фала многу за одвоеното време
Ти благодарам многу, ние овдека сме за совети, засега не ми треба никаков совет ти благодарам ако ми треба ќе ти пишам во порака. Поздравче до тебе и до сите феминки.
Оф леле мојот проблееем!! Тој има девојка учи со мене девојчето а со него сме различен клас,немам ни јас со него онака заеднички другари или другарки а он ја свиѓа таа од мој клас,јас не сакам ништо повеќе само дај еднаш примети ме погледни ме ништо друго неќам! а за ова дека го свиѓам никому не смеам да кажам иначе готова сум,ГОТОВА ќе ми се смеат сите и ќе ме зафркаваат цело школо ќе ме дознае.А таа неговата наперчена.. не можам да ја гледам!! А и него не можам да го погледнам во лице срам ми е си мислам дека ќе ме прочита И ја вртам главата за да не ме види во лице тоа е што да се прави.. циркузи!
Честитај му роденден и напиши му дека и ти си исто така особа како него што не седи премногу на ФБ и покани го за илегување со познатата клише фраза...да чаштиш нешто за роденденот.
Кога гледаш дека нешто не оди на никаде и кога двајца се сакаат подобро за тебе е да си тргнеш настрана од нивното заедничко нешто, не оди слеп за стап бидејки накрај само повредена ќе останеш. Игнорорај ..со тек на време ќе си најдеш нов и слободен за кој срцето ќе ти чука, со сила убавина не бидува.
Не,јас не сакам да им расипам не сакам ништо повеќе само еднаш да ме погледне тоа ќе ми значи. Навистина ќе ми значи,иако мислам дека во последно време не се во добри односи,но на фејсбук сеуште му стои во заграда нејзината буква од името. Ако.. нека е нека се сакаат. А на неа и посакувам се најдобро и најубаво покрај тоа што не ја сакам воопшто.
Размислував дали да пишам за ова... па за да не отварам тема еве овде може... Се работи за личност која ми се допаѓаше уште пред 6 години но од која дигнав раце мислејќи дека немам шанси. Е сега после сето тоа време таа личност ми кажа некои работи кои ме зачудија и не ги очекував. Ми кажа дека и тој тогаш сакал да има нешто со мене но морал од Х причини (не сакам да ги споменувам) да се откаже. Е сега кога после толку време пак почнавме да комуницираме, би сакала да пробам со него. Ми одговара во секој поглед. Само не знам како да постапам. Не знам ни дали воопшто вреди тоа. Некое мислење?