Штом веќе сте почнале да комуницирате, а и ти сакаш да пробаш со него, тогаш не знам што е проблемот? Поминувај повеќе време со него за да видиш дали вреди, затоа што ние не можеме да ти одговориме на тоа прашање. Мораш ти сама. Драга, се се случува со причина, универзумот ти дава шанса, искористи ја, пробај, види! Среќно!
Ми треба совет...Сакам да му се приближам на симпатијата и да му дадам до знаење дека ми се допаѓа. Се дружиме, но не многу често ама тој се има со моја другарка, па благодарение на неа излегов еднаш со него. Е сега проблемот е што кога и да се сретнеме јас бидејќи премногу се срамам постојано молчам, буквално се кочам и незнам што да кажам. Така беше и пред да излезиме, речиси и не комунициравме и сега, наместо откако се случи тоа да се опуштам јас уште повеќе се затворив во се. Ве молам дајте ми некој совет, премногу ми се допаѓа и не сакам да остане само на едно мување...
епа вака девојки тој е 3 год постар од мене и многу ми се бендисува.Искрено не памтам кога последно олку многу имам бендисано некој. Ама цело време сме топло ладно со него. Еднаш ми пиша и потоа не ми пиша уште еднаш,а кога ке се видиме во живо цело време ми се пушта.односно некогаш се гушкаме флертуваме а некогаш здраво и и двајцата заминуваме. Еднаш индирекно ми рече јас да сум му пишела ама мене ми е срам. Никако неможам да сфатам му се допаѓам или не
Мојата приказна е следнава ... тој е 2 години постар од мене, веќе 1 или 2 години се имаме на социјалниве мрежи но никогаш не сме пишувале, само лајкнување и ништо друго ... пред некое време нешто за обична Snapchat глупава слика ми пиша, ама толку бев возбудена што не знаев што да вратам и само пишав хахаха и смајлиња Знам дека испуштив шанса да започнам разговор, би ве замолила да ми помогнете како следниов пат јас да го започнам разговорот.Премногу ми се свиѓа
Истото што тој го направил и, ти направи го. На ист начин и тој си нашол изговор да ти пише. Ако постира песна...и е тип на музика која ја сакаш, бенд, песната ти е омилена.. или, лајкнал некоја страна која и ти си ја лајкнала или постирал некоја слика од себе, некое место..било што..почни од таму. дури и за времето да пишеш, па ќе е почеток на некаков муабет Не секогаш ќе е успешен и ќе води кон нешто, ама.. бар ќе се пресрамиш.
Е ако де, продолжете си со лајковите. И да видиме кој ќе попушти. Обично машките попуштаат први, ама твојата ситуација е малку деликатна, па ќе видиме...
ми треба помош Ја знаат некои ситуацијата моја-на годишнина се вери со друга мојот бившти. Е сега проблемот е во тоа што немам излегувано со друг, 6 години, не знам ни муабет да направам,ни како да флертувам,ниту како што да зборам,нит како да се приближам некому.. Ми требаат совети,филмови,страници,искуства,ваши ,,фрази,, Се што мислите дека ќе ми помогне..сега имам симпатија,чудно за мене е некако после 6 години..да погледнам друг и после 2 месеца од прекинот на врската...незнам ни муабет да започнам,се навикнав на бившиот
Вака сега.. уште еден месец ке полнам 17 год. Досега не сум имала дечко и не знам како идат тие работи.. Се свиѓаме со детенце една година поголем од меене е типот и почнавме овие денови да се допишуваме си праќаме снапови и сл. ама проблемот е во тоа што јас сум претерано срмежлива па ме знам уста да отворам..Само молчам и се чуствувам неубаво како на интервју некое да сум ако ме праша нешто ке одг ако не ке си молчиме.. на тој начин мислам дека изгледам ладно и одбивно а не сакам да биде така... Дајте ми некои ваши совети, фрази... каква тема да отворам што да прашамм и сл.. Се надевам ме разбирате ..
Па, каква тема да отвориш... не мора да мислиш на тоа, едноставно препушти се на муабетот (ако воопшто разговарате) и нема од што да се срамиш или плашиш, жити се, разговараш, не играш руски рулет. Мислам дека немаш самодоверба поради тоа што досега не си имала машко во твојот живот. Како и да е, однесувај се природно, нема тука ништо страшно, не си на испит па да се плашиш да не погрешиш во одговорот. Женско си, не чекај тој цело време да ти поставува прашања. Мене тој проблем ме мачеше накај 6-7 одд, ама мислам дека ти си малце голема за да се плашиш да разговараш со луѓе. Со среќа
2 месеци? Лелее, жено, што правиш ти?! Плачеш дома по цел ден за сопругот на некоја?! Колку и да сакаш некој, најважно е да се цениш самиот себе и сакаш самиот себе повеќе од се! Тој ти е повеќе како опсесија и неуспех во животот, ама тука веќе нема што да се направи. Живеј, излегувај, дотерај се и биди во друштво во кое ти е најудобно. Не мисли на него, отишол тој. Биди си природна, не сфаќај го флертот како нешто слично на зјапање во некој цела ноќ или смешкање, демек ЕВЕ СУМ, ВИДИ МЕ! Ако си своја, било кој ќе те забележи и твојата самодоверба ќе скокне ниво погоре! Не ги игнорирај мажите кои се појавуваат во твојот живот, комуницирај, уживај во секој момент. Поздрав