Ми симнуваше ѕвезди од небото, ме доби, имавме односи (ме бараше тој повеќе пати залудно),после тоа јас почнав да не му зборувам го одбивав (не знам ни сама зошто), а тој се трудеше, но по некое време и тој почна да не ми зборува и сега веќе 2-3 месеци не зборуваме а заедно сме на работа 24/7.. Како повторно да стапам во контакт со него не знам како да му се приближам и да му кажам дека не ми е сеедно а знам дек аи него не му е. Бидејќи вака без муабет не можам повеќе дури не му кажам се што сакам...Ионака само на тоа мислам цело време.
@LanaSGirl Која беше причината што не му зборуваше и го одбиваше кога веќе те барал и се трудел? Секој има гордост..Сепак јас би собрала храброст и би му рекла се во 4 очи да ја видам реакцијата дали сеуште е ''слаб'' на мене. Тоа е најдобра артернатива, смс, фб можеби ќе му се крени егото и нема да постигнеш ништо. Со среќа.
Би му кажала јас све у 4 очи само се плашам да не си ја крене цената и да се умисли важен.. демек оваа не може без мене.
Знам дека не треба да му се приближувам. Имам дечко 2 години...ама запознав нов дечко,и стојам многу добро со него. Другари сме. Веќе месец дена. И страв ми е да не се затрескам или ептен да ми се засвиѓа, иако мислам дека, за жал почнува. Мада, никогаш не би го изневерила дечко ми. Никогаш не би направила тој да изгледа како гомно во очите на новово дете.
Го сакаш дечко ти? Ако да, задржи ја врската и не дозволувај да пропадне поради личност кој ти е другар месец дена и чии негови чувства не ти се познати. Ако мислиш дека ти се допаѓа тргни се настрана се додека не би си направила проблеми во врската за кои подоцна ќе се каеш. И самата велиш дека никогаш не би го изварала. Но доколку не постојат чувства кон дечко ти, а не сакаш да го извараш, раскини му и прави што сакаш, зошто никој не заслужува неверство, не прави нешто што не сакаш да ти го прават. Што би советувала другарка на твое место? Одговорот е и решение на твојот проблем.
Да си останиш со дечкото. Јас потполно иста грешка имам направено пред десетина години и сеуште се каам за тоа.
И јас незнам како да му се приближам, знам дека ме свиѓа и јас него но незнам како, а да не биде ептен приближување онака малку колку да му дадам добар знак не се знаеме многу учиме у исто училишто но јас имам проблем со другарките и не можам да излезам сама на местата каде што оди тој а не сум тип кој прв ќе му пише незнам како да почнам а камоли да се приближам до него ми треба некоја добра причина или нешто слично колку да не изгледа дека така наречено горам по него.Едноставно да се доближиме еден со друг а знам дека и двајцата тоа многу го сакаме
Па по тоа што учиме во исто школо да сите се пзнаваме понекогаш ке се видиме тој ке игра фудбал некогаш ке ме загледа некогаш се прави ладен децка игра накратко кажано но иам проблем и во тоа што мојте "другарки" почесто ме викаат да излегувам со нив и не сум сигурна во нив за да се доверам и да им кажам дека го сакам. Понекогаш си помислувам дека се ќе беше по убаво да имав другарки со кој ке одам да го гледам на кој ке им кажам дека го сакамм а тие ке закачаа. Сакам да сум со него едноставно убаво ми е ама никогаш не сум била во врска незнам како одат тие работи имам зацртано во глава дела бес пријатели нема ни дечко
Со типот не разговарам имам часови со него 2 пати неделно. Долго време ме интересира, а го забележувам и тој се обидува да ми направи некој впечаток кога сум во моја околина е гласен и скоро секогаш го наоѓам во моја близина. Но кога ке му се доближам јас разговарам со него преку неговата група на пријатели, но тој поради некоја причина можеби срам се повлекува и молчи. Се запрашав дали е можеби заинтересиран за некоја моја другарка ама небитребало зошто сум секогаш со различна и секогаш ги ловам неговите погледи. И сега прашање за вас: како да му пристапам, што да направам?
Зошто едноставно не бидеш директна? Пријди му, започни разговор, викни го на кафе... или доколку го имаш на фб, инста, пиши му...
Првин започни разговор, па доколку ти одговара со да и не ќе се повлечеш, а ако тече разговорот ќе прашаш за кафе, дури и да те одбие нема ништо лошо. Ако не пробаш, нема да знаеш.
Здраво!Супер е темава па ајде и јас нешто во врска со ова да си прашам. Јас сакам едно машко кое е поголемо од мене две години. Сезапознавме на размена и беше супер кон мене. Во исто училиште сме и ретко се гледаме, а кога ќе се видиме се поздравуваме со здраво како си и толку... Ама јас сакам нешто повеќе со него.. Како да му пристапам и како да му привлечам внимание...? И малку повеќе сум срамежлива...голема маана кај мене..
Можеби веќе сте заедно , но да не ми остане мислава во памет , можеби некоја девојка со сличен проблем ќе ја искористи . Спомна дека имате часови заедно два пати неделно . Можеш да започнеш разговор нешто околу часовите , да побараш белешки или книги . Ако му оди предметот , тогаш може да одиш на изговор " не ми е јасно ова , можеш ли да ми помогнеш " . Покани го на кафе со изговор дека е за училиште/факс , така ќе започнете муабет , пријателство , а потоа можеби и повеќе .