Па додека ги собирате книгите и тетратките случајно нека ви се допрат рацете... и во тој момент погледнете се во очи и после срамежливо станете.
@Malatadevojka најди добра претстава за во театар и покани го. Нема што да ја тупиш. Ако не сака, не сака. До толку е едноставно.
Аман помагајте Живееме на различни места и сме оддалечени 6-7 километри а немам го видено скоро две години, не знам каде да го сретнам... Доволно ми е да го сретнам и знам што да правам, но ете никако да го сретнам.... Што мислите, можам ли да му се приближам некако? Ве молам социјални мрежи не ми спомнувајте
Иди му дома. Ѕвони, речи комши шеќер малку ми треба да ми позајмиш ако можеш? Се зезам Имаш некој заеднички познаник? Друштво? Знаеш кај се движи за да го застанеш? Едино што можеш да го исконтактираш се соц мрежи иако ти не сакаш. Освен тоа, и ако немате некој познаник да ве намести на кафе пример, тогаш... читај прва реченица горе... Друго нема
Едно прашање. Значи имавме кратка комуникација со еден дечко и сега од тогаш буквално не можам да престанам да мислам на него. Цело време викам кога ќе го видам дека ќе му прозборам дека ќе му кажам нешто ама јас целата се кочам. Буквално поминува тука покрај мене и јас не знам како да изреагирам во моментот. Почнуваат да ми се тресат рацете и срцето силно да ми чука. Ептен глупаво објаснување ама морам. Е сега после цело време се обвинувам зошто не му прозборев ова она и со ветувам дека ќе му прозборам и ништо. Дајте ве молам совет како да се совладам себе во тој момент.
Немаме разменети социјални мрежи. Ама јас го најдов. Не е чудно така од нигде никаде да му праќам покана, да не сфати погрешно?
Е како не од една покана ќе имал материјал за фалење. Исто е дали таа или тој ќе прати покана, ако е за така ние женските треба да се изнафалиме секој пат кога ќе ни пише некое машко.
Можеби си во право, но јас сум била сведок како многу девојки први што пратиле порака дадоа материјал за фалење. Не сакам да ја обесхрабрам членката. Нека си ја проба среќата. Секако доколку е некој паметен нема да се фали со вакви работи, ако е некој смотко ќе си се пофали.
Прати му покана за пријателство/заследи го, нема ништо да изгубиш, можеш само да добиеш ако ти пише и ако се запознаете подобро.
Не е чудно. Кажи му дека ти излегол во предлози и си му испратила покана за пријателство. После речи му: “И така се најдовНе, а и полесно е вака, сакаш едно кафе да пиеме, или ич да не се занесвам?“ Ја така би