1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да му се приближам?

Дискусија во 'Сингл' започната од BlueEye, 19 февруари 2010.

  1. Histerica

    Histerica Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    1
    значи вака,мора нешто да преземам бидејки многу лошо се чувствувам навистина!Се запознавме пред околу 1 год. на фб. Инаку сме од ист град,и учевме во исто основно,а сега во средно сме и во ист клас.Во меѓувреме се зближивме уште повеќе.Значи немаше ништо меѓу нас само огромна блискост.И кога веќе дојдовме во средно,и почнавме заедно да учиме тој се смени кон мене.И тоа на позитивно.СИте мислеа дека сме во врска.Тој ме викаше да седиме заедно,постојано бевме заедно.Но,јас инаку сум многу љубоморна кога и се приближува на бившата иако таа не може да го поднесе,ама и тој е љубоморен кога сум во близина на други машки.И се беше ок,почнаа да ме прашуваат дали одиме такви работи.Иако јас и он сеуште не си ги признавме чувствата,а и другарките искрено мислат дека постојат двострани чувства.И така јас и мојата проклета љубомора :x Го видов во близина на бившата и почнав да се лутам,и една другарка онака на шала отиде и го праша зошто така ми прави.И тој се смени со мене,почна да не ми зборува,тотално како странци сме сега!Јас паднав во депресија многу ми беше криво,се чувствував виновна.И собрав храброст,го прашав,ми се лутиш ли ми,ти направив нешто?Тој ми рече дека не ми се лути,дека мене ми се причинува дека се е ОК меѓу нас!А верувајте ми,воопшто не е!Ме праша зошто така го прашала другарка ми,што било тоа што ми го правел тој. И му објаснив дека беше се зафрканција,и со тоа мислев дека средивме се и дека ќе биде ок.Ама не,тој пак така продолжи.Не зборуваме воопшто,како да не се познаваме,а јас неможам пак да го прашам зошто така ми прави сега,бидејки тој глуми како се да е океј кога ќе го прашам.И се обидувам да смислам што да направам но не бива! Се ми оди катастрофално,малку чувствувам грижа на совест иако знам дека не сум крива сега,исправив што можев.А јас него ништо и не му направив да ме третира така,бидејки ме повредува многу :(
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Прво и основно, научи да ги дистанцираш другарките од себе. Не зборувам во смисла да прекинеш да се дружиш со нив, туку да им дадеш до знаење до каде смеат и треба да се мешаат. Второ, ниеден дечко не сака девојката да е љубоморна, зарем ќе му ја скратуваш слободата? Незнам колку години имате, но ако сте 15-17 тоа е причина плус за неговото однесување. Уште пред да ти биде нешто официјално ти, т.е. не ти, туку другарка ти го избркала од тебе! Зошто јас незнам некои луѓе мислат дека секаде им е местото, зошто се мешаат секаде и зошто ли по ѓаволите мислат дека се компетентни да кажат било што? Не треба ни на шала ни никако да му рече, затоа што вие не сте биле ништо па за да ти прави тој тебе нешто.
     
  3. Histerica

    Histerica Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    1
    Да сфаќам,но зарем тоа е доволна причина за да не ми зборува?Мислам му го објаснив сето тоа,воопшто не бев виновна,не кажав ниту збор јас.И знам дека згреши другарка ми,но сепак јас не го гледам тоа како причина да се однесува со мене како странец,кога бевме толку блиски.Иако згреши,нема да и се лутам бидејки сепак тоа беше еден збор,кој му го објаснив дека беше шала,и рече дека не се лути и не го оправдува таквото однесување кон мене!А таа ме охрабруваше да направам нешто со него,јас не бев спремна,и затоа демек да ми помогне,да му даде до знаење,ми направи проблем.Но,тоа помина и сега сакам да го вратам.Мислите дека ќе успеам :worried: ?!Инаку имаме,15 години,прва средно сме.А тоа за љубомората,не сум му го дала до знаење јас,но затоа он мене многу често ми даваше до знаење дека е љубоморен.Ти благодарам за советите Offspring :) :*
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Хистерица, а да не се замараш толку многу? Мали сте уште за да сфаќаш толку сериозно во животот. Разбирам дека имаш симпатии кон него, тој сака да се забавува со другарите не некоја да го контролира каде ќе оди и што ќе прави. Со тоа што другарка ти така му рекла, тој си ги поврзал работите и можеби помислил дека е пратена од тебе и сега за тебе мисли дека си љубоморна и дека премногу сериозно сфаќаш некои работи. На машките особено во тие години им е слободата поважна од било што друго. Ете и тој е љубоморен, замисли каква врска би имале вие, уште од мали години... Ќе се угушите меѓусебно. Искулирај и не се замарај, долг е животот ;) Сега се изгледа премногу сериозно, но понатаму ќе се насмевнуваш кога ќе се сетиш на ова :)
     
  5. dominantna

    dominantna Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Lele, zna4i i jas go imam istiov problem iako mozebi ne e tolku seriozen bidejki nie sme malku pomali. И сеа проблемот е у тоа сто јас го сакам од мои 10 год односно од 5 одд. :worried: и да сум имала и дриг за овие 6-7 години но сто да правам кога не мозам да го заборавам, никогас и никогас.....
    дали сте ја цитале споменка од горјан петрески? ако е така знаете како се цувствувам оствавена и убедена во тоа дека првата љубов е и вецна? А он знае дека го сакам и тоа усте од поцетокот ама ај.... ;( ;(
     
  6. Histerica

    Histerica Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    1
    па добро ,може љубомората да е доказ за чувствата некогаш, нели?инаку таква сум јас,секогаш се сфакам премногу озбилно,и сум пречувствителна на тие теми.Значи сепак мислам дека он е тој кој ги сфаќа премногу сериозно работите инаку не би се понашал така.Ама добро,и покрај таа љубомора сметам дека сме слични во многу работи,и дека се разбираме за многу работи,бидејќи додека бев блиска со него,му имав кажано работи што на ниедно машко не сум ги кажала.И ме одржуваат оние заеднички моменти,и едноставно ме тераат да се борам,да направам нешто.Стварно ми значи премногу,неможам да го заборавам!
     
  7. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Ти го сакаш од твои 10 години? Добро девојче си ја осетила љубовта на 10 години?????? :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: Стварно не ми е јасно што зборуваш. Како прво незнам што подразбираш под го сакав и под сакање, но сигурна сум дека не можеш на 10 години да сакаш. А и да го сакаш, а да не си била со него до сега, и тоа сум сигурна дека е невозможно. Како може да го сакаш, без да бидеш со него? Изгледа малку си ги помешала термините сакање и симпатизирање. Па и вечна љубов од 5то одделение? Штознам некако чуден ми е твојот пост. :D Имаш време да се заљубиш не се замарај уште од 15 години со вакви работи.
    п.с. А и ако си имала друг за овие 6-7 години, аго сакаш од 10 би требало да си 16-17, а не 15 како што ти стои на профилот? Или од 8-9 го сакаш?
     
    На Histerica и Mistery им се допаѓа ова.
  8. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    И јас имам проблем...
    Вака, со еден дечко што секое утро го гледам во автобус се шмекаме уште од октомври. Пред да се качам во автобус он седнува на другото столче за јас да седнам до него... Неколку пати се имаме видено низ населба и онака се загледуваме... Имам прашано неколку другари дали го знаат но никој не го познава (барем по описот што им го давам), го барав на фб неможам да го најдам... Ништо незнам за типот а сакам да му се приближам, да се запознаеме, да разговараме.... Плс хеллп што да направам!! :(
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.821
    Пол:
    Женски
    Па ако седите еден до друг во автобус, почни некаков муабет, не чекај од него. Јас се чудам и досега што си чекала. Батали фејсбукот, и така го гледаш често, почни некаков разговор. А ако чекаш на него, може да се изначекаш. И не, нема да мисли дека си лесна, ниту пак ќе ја погазиш гордоста. Само ќе му покажеш дека си комуникативна и отворена личност која не се плаши да презема ризици.
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Од фејсбук више буквално ми се сере. Посебно кога го употребуваат за да се доближат некому. Нели сфаќате дека е очајно на некој да му се додворуваш преку фејсбук? Од сега каде и да видам проблем поврзан со фејсбук, ќе ви коментирам само Get a life, па може ќе ви текне дека сте очајни.
     
  11. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Послушај ја Annath и проблем решен ;)
     
  12. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Секогаш мислам да му прозборам... ама глупо е полн автобус, гужва и ја да му рецам ај да се запознаеме.... А го барав на фб за да дознаам барем како се вика, а би немала храброст да го аднам.. А дојдов до идеа, ке се возам додека он не се симне, ке се симнам и јас па ке почнам некој разговор... ај со среќа нека ми е... ;)
     
    На sonuvacka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    ^ Не ми се верува дека до пред 2 месеца сме имале исто години.
     
  14. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Ете шо ти се вика детектив и тоа у права смисла на зборот.Девојчето појма нема ни како и се вика симпатијата ама го барала на фејсбук и дење и ноќе ако треба,колку ли само слики изгледала,колку ли само солзи пролеала кога сфатила дека брка некоја мисија која дури и за Том Круз е немогуча :?: :?:

    Ш.Холмс вафли да јаде,Секси Принцес го надминала у секој поглед у рамките на нормално понашање,а богами и да не речам ненормално ќе кажам несфатливо понашање.Еееее Свееее за љубаааав,све за љубааавв....

    Ццццц кои планови се коваат значи,страшна работа ко да е у прашање атентат врз некоја видна персона па сега се прават стратегии од сите аспекти |(

    Лесно и едноставно,пријди му запознајте се нема да се деси апокалипса сигурно,ако не си способна да го превземеш тој чекор почекај до пролет барем викаат тогаш било створено за љубов...можеби ќе му проработат пеперутките па ќе собере храброст он да го превземе првиот чекор,who knows? :yawn: Чунки работава е дојдена до држ-недај,море нож до коска стасал ами како.
    Да се пријде или не,прашање е сега!
     
    На FBI, SexyPrincess и Offspring им се допаѓа ова.
  15. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Кко другарка ми да ја слушам :D :D Листа имам напишано како изгледа, што носи секогаш со него, Каде се качува во автобус, каде се симнува и во кој правец оди.... значи се се се... ама неможам да му пријдам... ај ке почекам пак да тргнам на факс па тогаш ке видиме што ке се деси :D :D
     
  16. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со Аннат,а ако не знаеш како да почнеш муабет,викаш дека нон стоп го гледаш,епа кога ќе бидете блиску еден до друг во населба речи му нешто,ако ти е ептен незгодно во бус,ако ништо друго прокоментирај му дека цело време се среќавате онака на зезање,па барем да се запознаете :)
     
  17. Bisera.supergirl

    Bisera.supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ајде и јас да си ја кажам маката. Вака, знаевме еден за друг долго 3 години ама се немавме лично запознаено. Неговата братучетка е најдобра другарка на сестра ми и само по интернет се знаевме. Ама, се запишавме во исто средно училиште и после 1ипол години се случи една случајност тој беше дежурен на врата и пошо е од друг клас и морало уште еден дежурен и класната ме викна јас да дежурам со него. Тој ден се зближивме многу и после наредните неколку дена само си викавме здраво си се смешкавме и така и викендот бевме на ист роденден и негова најдобра другарка ми е и мене другарка и не наместија и останавме сами се бацнувавме се гушкавме беше најубаво...и после 3 месеци ништо не сме правеле. Се гледаме секој ден се поздравуваме се гушкаме ама мување никако! Инаку има многу што го меркаат и му се пуштаат зошто е многу убав :) и не знам ни што чувствува ни што мисли, ништо... совет, помош ??
    Благодарам однапред.
     
  18. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Ајјјј лошо...штом и други го меркаат одма оди барај прстен и клекнувај на едно колено и запроси го :rofl: :rofl: :rofl: хаха......

    ај сега сериозно ќе ти одговорам :D Па искрено само едно нешто можеш да напраиш....ако сакаш да си со него, прашај го...прашај го што мисли за тоа што се случило со вас, дали би сакал пак и ако рече да прашај го за да бидете у врска...Ако оставиш се на случајност не очекувај многу...

    wish you all the best !!! ;)
     
  19. Danny.T

    Danny.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    15
    Секогаш кога некој друг ќе ми побара совет знам да му кажам, а самата на себе неможам да си дадам.. Понекогаш и знам, али можеби немам доволно самодоверба да го направам тоа што треба..
    Животот и лошото искуство ме натерало така да постапувам.. Во право се луѓето кога викаат дека три работи во животот не се враќаат: кажаниот збор, направената грешка и пропуштената можност да бидеш со тој што го сакаш.. А јас сите три работи ги направив и сеа неможам да си ги вратам.. Па ќе се прашувам Како да му се приблжам? Пффф.. Веќе не ни се надевам иако викаат дека надежта последна умира, јас би дополнила: ... АМА СЕПАК УМИРА!!
    Девојки, само сакам да ви кажам дека се ќе си дојде во свое време, се што е наше ќе си дојде, а се што не е, не се обидувајте да го земете сами..
    Поздрав! :)
     
  20. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    А мислиш него не му е глупо у полн автобус? :rofl: Истиот проблем го имате.

    Еве едно решение, 10 пати полесно од она на анат, ако тоа не можеш да го примениш. А слушај, ова моево ако не го пробаш тога не заслужуваш ништо, стварно си полна оправданија глупи хахах.

    Многу е лесно, кези се и држи осмех огроооооомен, цело време додека си во автобусот. Тоа со шмекањето е глупо зашто без осмех ништо не значи. Значи, ако си седнат до него, цело време држи осмех. Ако се шмекате, насмевни се.

    Те боли за другите у автобусот, што ке мислат ако се смеам као хиена... ГАЈЛЕ ТИ Е. Може си добила на лотарија, може си положила најтежок испит... па си пресреќна. Пробај го ова 2-3 пати со него, и ти ГАРАНТИРАМ ќе собере храброст он да почне нешто. Никој не умрел од насмевка.
     
    На SexyPrincess му/ѝ се допаѓа ова.