1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да му се приближам?

Дискусија во 'Сингл' започната од BlueEye, 19 февруари 2010.

  1. tishina

    tishina Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Еднаш веќе имам пишано за оваа ама сега гледам дека било на погрешно место :D
    Мојот проблем е што се одалечив од еден другар што мн ми значи, (бевме блиски, отворени еден спрема друг-си ги кажувавме маките, и радостите нормално, но јас ве заљубив во него :( и бидејки бевме блиски му признав, тој ми кажа дека ме сака како другарка и се си течеше нормално , а потоа направивме една глупост :D -се смувавме и после тоа се одалечивме , од есента тргнавме на факс и се поретко почнавме да контактираме, само кога кје се видиме школски тогаш.) И кога ке се сретнеме се делува нормално, правиме муабет а онака збор не прозборуваме, што ми е многуууу мака,... :worried:
    Сакам повторно да почнеме да си контактираме, другарски, љубов не бива што не бива :D
    Само не знам како, затоа ве молам за некое советче(само за информација ми требаше денеска баш една задачка и знам дека тој има нешто слично, му пишав порака на фб :D ххх и тој одма ми врати дека ќе побара. )
    фалаа од напред !
     
  2. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    епа еве, си направила нешто....само продолжи така.....почни да се дружиш другарски.....еве на пример што ти помогнал со задачата речи му дека му должиш кафе, па кога ќе е слободен нека ти дојде на гости ти ќе му го праиш ;)
     
  3. Snegul4e

    Snegul4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    и јас со сличен проблем..си се допаѓавме еден на друг скоро 3 месеци..за викенди редовно се гледавме, седевме заедно, разговаравме на различлни теми...слатки муабети..и на фб си пишевме редовно..се беше одлично...потоа се смувавме..но не разговаравме за тоа...кога ке се сретневме како ништо да не било, а сепак имаше љубоморни сцени и пораки ако јас седев со некој другар кога ке се сретневме навечер во кафич...се распрашуваше и се интересираше за мене...се смувавме и втор пат во неполн месец...и пак другиот ден како ништо да не се случило, ми пишуваше сосем др работи....посакав да разговараме на таа тема, му реков дека си должиме муабет но не на фб..а тој само ми напиша дека знае како ке заврши нашиот муабет, дека сега незнае што сака и да не ми го троши времето со него....оттогаш веке 3 недели скоро и не се сретнуваме, овој викенд се видовме но не си рековме ни здраво...на фб не си пишиме воопшто....ништо не ми е јасно....може ли совет и како вам ви изгледа оваа ситуација???
     
    На dolphin99 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tishina

    tishina Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Јас само можам да те посоветувам да не чекаш да помине мн време и да се оддалечите (како јас сто направив)па ни муабет да не правите воопшто. :)
     
  5. dolphin99

    dolphin99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки ми треба вас совет имам симпатија од факултет и незнам како да му се приближам извесно време комунициравме но потоа престанавме и ми е многу криво поради тоа. Сега сфаќам дека многу ми се допаѓа но тој е многу студен и со малку луѓе прави муабет на факултет, едноставно незнам како да почнам муабет со него односно како да се спријателам?

    :u:
     
  6. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Едно поради што ми се свиѓа е тоа што не даде знак на ниту еден замав со косата, што дотогаш ми се немаше случено. И што да ти било, да си имал врска. После месец - два, да бил со друга, па со трета, си ги мења тој ко чорапи, а за мене никако да му светне сијаличката. :worried:
    И баш поради тоа го свиѓам, затоа што не обраќа внимание. И тоа ме прави уште повеќе да го свиѓам и испаѓам ко некоја затрескана будала. |( . И е навикнат да се сите околу него, да му се буткаат па ја викам да почнам да бидам незаинтересирана како од шо ми праи. :sweat:

    п.с: Не сум пишала за овој на друго место, не се базирајте на друѓите мислења. :D
     
  7. Inna15

    Inna15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    женски помагајте :^)

    стварно незнам што се случува, викендиве бев цело време наваму натаму, по дискотеки, и едноставно НИКОЈ не ми се приближи...знам дека понекогаш сум многу срамежлива ама стварно незнам што да правам...мислам дека не сумд оволно добра...сакам некој да има покрај мене, навистина ми треба тоа...Да најдам некој, немора да е Бред Пит, ама едноставно да знае да поклони внимание...И со сите што се упознавам на фб, секогаш јас прва пишувам, и ниту еден не бил конкретен, ко да нејќат ништо...стварно незнам во што е проблемот...сама сум 5 месеци, а се осеќам ко 5 години...;/
    Ве молам помогнете ми... :*
     
  8. pupence.sex

    pupence.sex Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    не се секирај нема потреба,само 5 месеци си сама???па не е несто страШно :shake: барем за маШки ги има на претек ти само биди насмеана, позитивна дотерана :makeup: и ке си дојде тоа Што треба :*
     
    На Inna15 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Кај мене имаше еден период кога бев САМА (значи немав ниту мувач, а за дечко да не правиме муабет) една цела година. И те разбирам кога велиш дека ти се чинат како 5 години... но не грижи се. Знам дека фразава е излитена, ама кога најмалку ќе очекуваш, ќе се изненадиш ;)
     
    На Inna15 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Само делувај самоуверено, и цепај со позитивна енергија и сигурност во она што го правиш. Кај и да е, верувам дека некого ќе привлечеш со таквото однесување, само да не испадне да се повеќе, па одеднаш да не можеш глава после да кренеш. ;)
     
    На Inna15 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Inna15

    Inna15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    а ете стварно фала ви...ќе пробам, не е дека не сум пробала, ама секогаш кога се враќам од искачање се осеќам за нигде :( и морам да бидам трпелива, не верувам дека ќе ми падне од небо, али...се надевам дека е само период :)
     
  12. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    а ја сега прашувам за сосем трет :D
    кој знае што ќе помислите за мене :worried:hock: :D
    ама таков ми е периодот, па додека денес ми се некој мота во главата, утре друг . :rofl:
    И нај глупаво е тоа што на тие што ѓи сакам неможам никако да и се приближам, поради еден глуп страв или срам или незнам како да го наречам тоа чувство :swear:

    Се знаеме од некаде лани :wasntme: , тогаш му се свиѓав уште коа ме виде и после нон-стоп ми се обраќаше ама друг разговор не сме имале од тогаш. 4 год. е поголем :$ , паметен. убав и све тоа, а како што знам и нема озбилна врска, ама никако да дојде ситуација да се зближиме. Го имам на фб, глупо ми е да му пишам дека е премногу паметен и сигурно нема да сака некоја како мене што незнае како да реагира... :worried:

    А ни лајк незнам дали да му кликнам некогаш :|
    ете до толку сум глупа :rofl:

    Ама како да му се приближам????
     
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    6.309
    Абре, Пинкче, исти сме си ние. :rofl:


    Денес еден ни се свиѓа, утре друг. Ама тоа е, пубертет не дрма. Прво, ти имаше 14 години така? А викаш дека овој е постар за 4 години од тебе? Значи има 18 години. Да беше ти малку поголема, можеби разликата немаше да биде толку голема. Но, вака.. Ти си сеуште малечка за него. Дечките како него, на таа возраст не сакаат само држење за рачиња, гушкање и слично. Сакаат и нешто друго. А и' , обиди се да не се затрескаш премногу во него, зашто потоа само ќе патиш. И да завршите некако заедно, сепак, тој само ќе те искористи. Да бидеме искрени, тој ќе сака позрели девојки од тебе, а не мало девојче. Не сакам да се навредиш, ова е само мое мислење. А и имам искуство на оваа тема, зашто јас да речеме, сакам еден многу постар од мене, иако ми се свиѓаат уште стотина. :lol:


    А, ако веќе толку сакаш да му се приближиш и малку да се позезаш со него, не треба да бидеш толку срамежлива. (кој ти збори. :D) Не се плаши да бидеш поотворена кон него, да му пишеш на фејсбук, да му оставиш лајк.. Пиши му на чет, направи му основен муабет, посмејте се малку, викни го да излезете.. Ако испадне нешто, добро, ако не, уште подобро. Само запамти, немој да направиш нешто што не го сакаш и за што подоцна ќе се каеш. Размисли убаво пред нешто да направиш. Ти посакувам среќа и да ни кажеш што си направила. :) :*
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  14. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    ^^ Пинкче,јас искрено ќе ти кажам дека по мое мислење ова е глупост. :$ 18 годишен дечко,па тој е веќе возрасен човек а велиш дека демек се интересирал за тебе,те бендисувал :?: Хмм,најдобронамерен совет ти е да се оддалечиш од него,секако дека е твој избор но јас само си изнесувам мислење :) Мене никогаш не би ми паднало на памет ни да помислам да некој видно поголем дечко,но сепак твој избор е. ;)
    И нормално дека сека секој втор ден ќе "сакаме" различни дечки,но барем нека биде тоа нормален избор.Ако сакаш со некој да се зближиш,нека биде тое некој дечко од класот,другите класови,врсници од други школи..па и средношколец некој од прва,втора :) А,патем од каде се познавате? :P
     
    На pink4ever и blueeparadise им се допаѓа ова.
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    6.309
    Епа ајде и јас да си прашам.. :tmi:

    Значи вака.. Многу ми се допаѓа едно дете што е помало од мене, ама буквално помало, и во раст и во години. :D Всушност тој е седмо, ама низок е. Но, тоа не е проблемот, нели. На страна реакциите кога сите слушнаа дека тој ми се допаѓа, има и нешто друго. Сите зборат дека тој е многу зрел за разлика од неговите врсници а и од некои поголеми од него и така е, навистина, но некако кога станува збор за љубов, незнам.. На таа тема е повлечен и срамежлив и едноставно незнае како да постапува. Чисто се сомневам дека некогаш и имал девојка. Т.е знам дека немал. :?: А и јас просто кога сум околу него целата поцрвенувам, се смеам ко зелена и целата се тресам.. Не можам да го погледнам во очи. :tmi:

    Прееска требаше да збориме а ние па од пуст срам ни збор. Ајде тоа, другарка ми и другар му ни беа посредници а ние такви, еден до друг. И тоа се ни средија, се свиѓате, да, да, сакате да бидете заедно понатака, да.. И мене ми викаат, ајде сега не се занесувајте, одете на само да зборите. А мене каков срам ми падна, се заледив едноставно. А претходно скоро и никаков контакт немав со детево, онака се знаевме, дали здраво здраво. Само што почесто одам кај нив во училна зашто другарка ми свиѓа еден од таму.. И јас се вратив назад, а овој нешто се изнервира и почна да вика у стилу ' Ете глеате дека она не сака, што ја терате со сила.. ' |( И фино лепо си влезе човеков во училница и и' рекол на другарка ми да сум си нашла друг, бла бла.. Леле, значи може детево е зрело за други нешта, ама за љубов.. :x

    А претходно и рекол на другарка ми дека не планирал нешто сериозно, само на зезанција (а мене дефинитивно не ми е до тоа) и дека свиѓал некоја си од средно, па таму некои приказни.. |( Е сега јас си имам на памет утре да одам кај него во училна, ако треба ќе земам и ' засилување ' :D ама ќе морам да се оперирам од срамов до утре и сериозно да поразговарам, да видам зашто не сака, зашто знам дека има некоја причина, или он само ја измислува колку да не биде тоа..А кога другарка ми разговарала со него исто рекол дека не сакал да биде со мене зашто негов другар од клас ме сакал. |( И патем спомнал дека не сакал да ме повреди.. :?: Навистина незнам дали да разговарам со него ама сакам да се потрудам околу него, зашто ми се допаѓа. Само неможам да му го сватам начинот на размислување.. Што ли му се врти низ глава..

    Ви благодарам.
     
  16. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626

    блу....ако е заблудата во тоа дали да разговраш или не....ДА....не гледам зашто да не.....Туку си имала прекрасна шанса, ви наредиле се така речено....ама ај поминало....епа сега ништо, ќе го начекаш во момент и ќе разговарате.....он ако е срамежлив, биди ти таа не срамежливата :) а ако незнае да се понесе како што треба, значи и не е баш толку зрел како што се мисли :tmi: туку вака, не треба да се пристресуваш, гледам дека сакаш да го напраиш тој чекор и затоа слободно иди и напрај го.....а како размислува он, хмм врска неам да ти кажам....одамна бев 7-мо :$ :tmi: шала на страна, направи го тој чекор, па ќе видиш и он што ќе ти рече и што и како ќе испадне....
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Аа од класот не. :$
    Многу се несозреани и глупи и со оглед што ги знам како дишат воопшто никој не ми се свиѓа
    со извинение ама така е :$
    и сме немале ниту еден пар ви класот, додека со тие што се 18 ги имало :yawn:
    А и ништо не е страшно затоа што се е проверено однапред. Далеку од тоа дека се прави фраер или е во некој филм. Јас го знам уште од мала, само што тој не ме знаеше 8)
    Се познаваме од кај една другарка на нешто прослава беше, а нејзе и е од поодамна другар.
    4та ми е граница, на поголеми не помислувам :wasntme: :D


    Блу
    Незнам за какво дете се работи, но во моја генерација има едно што сите девојки му биле и му се поголеми, но и се дружи со деца поголеми од него. Сепак бидејки е моја генерација можам да ти гарантирам дека не е како што изгледа туку сеуште си е ист како и сите на наша возраст во некои работи.
    И да има од помалите некои убави деца ( па и самоуверени ), ама кога ќе размислам каков е паметот на овие со кои учам, а пак каков ќе е нивниот :|

    Не му давај на знаење дека го свиѓаш ептен, туку само како заебанција можеш да му каже ( како на помало дете) во секој случај подоцна да се предомислиш. ;)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cudna

    cudna Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    И јас имам проблем... Се допишувам со еден тип на фб, се почна онака, сега веќе се слушаме секој ден, разговараме си кажуваме фини нешта. Ама не знам колку можам да верувам на нешто такво, тој сака и да се видиме, да излеземе, сакам и јас,но се двоумам... Се прашувам што ако не му се допаѓам, или ако веќе никогаш не ми се јави и сл. А убаво ми е, додека разговараме... ве молам за коментар,мислење и сл... Треба викендов да одлучам што ќе правам :( PLSSS HELP MY
     
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    6.309
    Мистери фала ти навистина. :) Пинк и тебе. :)
    Епа.. да не бидам оф топик ама морам да кажам јас што се случи денес. Отидов кај него, самоуверена, без срам, го викнав да излезе ама уште од почетокот видов дека нешто не е во ред со него, одеше со наведната глава.. И ми почна некои приказни, абе јас вчера не реков да, тоа другар ми, иначе стварно извини ама имам друга. А и не сакам да те повредам, ама стварно не. И онака што ќе му речам, а во моментот ми одеше да експлодирам, да плачам, да врескам, да го треснам итн итн. Којзнае каква кисела насмевка направив и му реков добро. Е дури после пола саат незнам, навистина не можев да издржам и солзите ми потекоа. А незнам ни зашто. Значи само го свиѓам.. или. :?: А рекол дека ме свиѓа.. Ама јас се си мислам дека има некој друг проблем, само што не сака да каже. После другарка ми отишла да разговара со него и овој рекол се и кажав, бев искрен, не сакав да ја повредам и она тоа океј го прими.. Коректен беше стварно, ама.. :?: Незнам дали треба веќе да се трудам, само знам дека после тоа неможев ни да отидам таму, да го видам.. И незнам како ќе се одвива работава понатаму, ама денес ми се насобра буквално се.. Ама не сваќам зашто толку се изнервирав, па не го сакам мајката.. Или само ми се пворедила гордоста па вака постапувам.


    Како и да е, уште еднаш ви благодарам и се извинувааам што ептен забегав оф топик. :$ :*
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Блу, што така ти рекол, остави.... а солзите??? Не е чудно што така си изреагирала. Нервозата и тоа чувство како да сакаш да експлодираш ти се манифестирало преку солзи.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.