е де па ова е лесно...штом сте комшии има илјада и еден начин за да му се стаиш на пример земи жртвувај го хард дискот (ако сакаш можам да ти пратам катаљарда вируси, ко библиотека сум за нив ) и викни го да ти направи формат па ке имаш доволно време за свашта да зборите и таман ке опипаш до каде е работата, дали ке му текне да оди на наредно ниво или и понатаму ке си го праи меракот преку сликите твои
Морам да ја направам најглупата работа на светот и да се цитирам самата себе за да прашам за понатаму. Пишевме синоќа повторно со дечково...И сега дојде до муабет дека отсекогаш сме биле само на здраво и тој ми пиша дека сега можеби ќе имало нешто повеќе. Цело време правиме некој безвезе муабет,а јас сакам да му пишам нешто што ќе му рече те свиѓам,ама онака нежно и ненападно.Ич не сум искусна и не знам што да правам. Ве молам за идеи.
^ So cute Нема потреба со зборови уште сега да кажуваш дека ти се свиѓа, не дека е грешка но има милион начини да покажеш, а и поинтересно е така...Конкретни примери би ти кажала колку сакаш, и онака веќе немам намера да ги користам но најди си ти свој природен начин, без сценарија, ќе ти текне во правиот момент... Видете се во живо, баталете интернет и мобилни...
Баге ем сакаш да не те фати дека го свиѓаш ем после 2-3 боцкања и рандом муабет сакаш да го ќариш ? Чекај малце не форсирај , различни типови има . Малку на друженка па после отом потом .Испитај терен прво . Ама веќе работата тргнала ко што ми се гледа сега биди си само љубезна отворена и комуникативна онака муабет обичен . Индиретктно потенцирај го твојот статус освен ако не виси на ФБ . Мене ми изгледа ќе ја биде . Најтешкото поминало ајт гуд лак .
епа како и сите на сајтот и јас сакам да ве замолам за помош. значи со него ништо немам напраено (иако сакам ). Значи се имаме само запознаено и ништо поќе. јас го бендисвав и пред тоа ама сега уште повеќе. колку и да се трудам да не мислам на него..неможам, бидејќи на училиште сме во иста смена и го гледам секој ден ) знаќи ќе ве замолам да ми помогнете како да воспоставам повеќе контакт со него..си пишуваме на фб понекогаш ама само така..здр. како си и толку. но јас сакам повеќе да се дружиме за да ми биде ако не ништо повеќе барем другар Добредојдена ќе ми биде секоја ваша помош и совет
Секогаш им давам совети на моите другарки, но кога е работата за мене незнам што да правам имам само 13 години. Пред 2-3 дена си смуваа мојата другарка од моето друштво и мојот најдобар другар од другото школо. Многу се среќни а и јас поради нив. Сакам да се смувам со еден.. но незнам како да му се приближам.. помош
Здраво девојки! Морам да ве прашам за ова! Ми се допаѓа едно момче случајно го најдов на фејсбук...а тој мислам дека се знае со од другарка ми дечко и. Па сеа таа ке направи нешо за да не запознаат (ако може) но се плашам да не негира нешто или да не му се допаѓам. Знам дека може од одма нема да успее...ама многу ми се допаѓа и веќе од од јули немам момче! хаха ) Помагај те! совети..нешто преку фб да му се припикам хахаха да се затреска!
девојки помагајте.......јас се заљубив изгледа.........кога ке го видам незнам што да правам,се губам и сета се тресаммммммммм....Тој е најубавото машко што сум го видела...ама јас сум проблемот не сум бас убава.....(по мое)што да правам за да се разубавам за да ме забележи?на пр.што да правам со лицето имам црнки од кои се грозаммм....Или со вишокот килограми...плис хелп.... фала однапред <3
јас како машко би те советувала ти да го направиш првиот чекор незнам зошто велиш не си убава,секој си е убав на свој начин и не е се во убавината туку и во карактерот не е работата девојка да е убава ако немапонашање јас мислам ти треба да му оставиш впечаток позитивен за да знае дека тој тебе ти се допаѓа ако не те сака и те одбие немора да значи дека не си била убава и затоа те одбил има мнопгу прчини затоа како на пример да си има девојка,да е вљубен во друга итн.Затоа направи го првиот чекор и не си набивај комплекси мене како машко секогаш убавината ја ставам на 2 место а на 1 место карактерот зошто ми е убава ако нема добар карактер поззз мислам дека мојот коментар ке ти помогне па нека е со срека
Тоа ти се вика љубов .Како можеш сама да се потценуваш,па постојат салони за разубавување,разни козметчки препарати(за црнки од авон и орифлејм)а за тежината малку вежбање,здрава исхрана и готово .Дај му некој знак на детето дека го симпатизираш,па види каква му е реакцијата....Ај со среќичка и не му ја мисли многу ,како мислиш дека им е на машките затоа што секогаш тие треба да го прават првиот чекор...Се сложувам со претходниот коментар,не е во убавината,ако не си одговарате на карактер.Па пиши како се одвиваат работите
Ехххххххххх,учиме заедно.Секој ден сме заедно.Се смееме заедно.Но тој е најпознат во целото училиште,има 3 женски од еднаш.Никогаш не ме приметил...барем да знае колку многу го сакам.Само да знае колку ќе го усреќам.Вака,он знае дека го сакам,и седи до мене,ме смее,се закачкаме.Е проблемот е сеа ја коа ќе се приближам малку повеќе до него,он бега.Значи кога сме сами он се ќе направи да ме насмее,но кога ќе дојдат другарите,не ме приметува.. Другарките мои знаат колку го сакам,му имаат кажано на фејсбук,и тој ништо нема вратено..Незнам што да мислам,ме свиѓа,не ме свиѓа,стварно не знам,ако имате некој предлог што да направам,како да му се доближам,кажете
А да пробаш директно да му кажеш самата,а не другарки да му кажуваат?Голема грешка што тој знае дека го сакаш,а се нема случено ништо меѓу вас,можеби не си му интересна затоа што веќе те освоил.Не можам со сигурност да тврдам дали му се допаѓаш,совет од мене или напрај директен муабет со него ,или пробај да се оддалечуваш ти од него,флерувај со други момчиња,ако е љубоморен белки ќе преземе нешто.Вторава варијанта мислам дека треба да ја испобаш,па ај со среќа и пиши што се случило
Кога веќе го спомна фејсбук,па зошто да не?Најпрво вие да си се допаднете на првата средба,па птоа се знае тел.бројче ,фејбук,мсн,скајп итн...Биди оригинална ,природна,не се искажувај многу пред него за да добие впечаток дека ќе го нападнеш,а тоа е најстрашно за едно машко верувај ми .Се надевам работите дека ќе се одвиваат како што ти сакаш,па ако ти треба нешто ,слободно обрати ми се .Со среќа
Размислувам за тоа сама да му кажам,но се плашам од одговорот,што ако тој си игра со мене и со мојте чувства?А да знаеш ова второво го имам пробано,јас флертувам со друг,тој флертува со друга и се гледаме и знаеме дека намерно го правиме тоа..
Значи не бива никако ,а .Ами да го бакнеш онака страсно,знаеш француски бакнеж па да видиме шо ќе испадне?И прај се улава,кои ќувства ,какви бакрачи,и да ти рече нешто обраќај на шала,штом ти не си му потврдила дека го сакаш ,од кај па он ќе биде толку уверен?
ај сега јас да прашам. Го знам подолго време,но се имаме запознаено на 8-ми септември.Од тогаш стално на фб си пишуваме и тој претходно ми имаше признаено дека му се допаѓам ама помина тоа сега.И јас почнав да чувствувам нешто спрема него.Се заљубив. И веќе два месеци,цело време исто.Знае дека го сакам,и брат му дозна,и другар му,и брат му ме сака за снаа ( шала,ама му се допаѓам и како личност ) Како да дадам чекор напред,што да направам? Ми се здосади цело време јас да пишувам,да се јавувам..И цело време ни се исти муабетите Ништо не се изменило во овие два месеци.Не покажува знаци ни дека ме сака или пак дека не.
^^^ Лорди немој да му се јавуваш,немој да го гушиш.Поголемиот процент од машките(ако не и 99.99%) сакаат да изигруваат плен,да ги бркаш,сакаат внимание и прашина,впрочем на кој не му годи,без разлика машко/женско.Јас ова го осознав од мој драг пријател,кој е постар од мене 7 години,и уште во средно,ми ја откри оваа машка особина. Ок е и ти да го побараш,но веке следниот пат мора да е тој следен,едноставно мора да има баланс и од двете страни,а балансот покажува желба.Остави го малку,направи да му недостига твоето отсуство,може и ке те побара,а најчесто и да не те свига,кога ке оставиш некој,баш поради отсуството,се враќа и сам те бара. Дај му простор да процени и настапи,а ти во relax позиција,прати од страна што му се случува,не го испуштај од вид
девојче продолжи да си пишуваш со него на фб,и зошто мислиш дека нема да му се допаднеш?штом тој пише со тебе значи и ти му се свигаш ,биди си своја и опуштена,и се ке биде ок срекно