1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да најдам партнерка за брак?

Дискусија во 'Сингл' започната од delta123, 14 март 2014.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    kako da najdam partnerka za brak

    Делта не очајувај. Верувај дека девојките бегаат од очајни мажи. Јас еднаш излегов со еден чисто да се запознаеме, немав некои очекувања и кога почна да збори секоја втора реченица му беше “па јас и еден мој другар од маало, уште не сме женети, само ние...“. Са гледаше дека се сожалува сам себе и дека очајно бара девојка со која ќе заврши во брак. После веќе не ни излегов со него. Носи се со своите години, излегувај, комуницирај, сигурно ќе се појави некоја што ќе ти се допадне. А за измевање само насмевни им се и не се правдај никому. Твој живот, што ти е гајле.

    Убаво кажа некоја од девојките погоре дека тие што купуваат жени од Албанија се за жалење и дека само дремат пред кооперација. Знам еден таков не му се трошат пари за искачање, штеди, па си купи жена млада од Албанија која што му побегна за кратко. Живејте си го животот, чувствувајте се убаво во своја кожа и така животот е краток за да се потресувате што другите мислат. Нив нема никогаш да им удоволите.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.628
    Пол:
    Женски
    kako da najdam partnerka za brak

    А кој сака да биде гледан како репродуктивен објект и како машина за рагање деца и расплод? Секој маж и секоја жена пред се сакаат да бидат посакувани од партнерот,сексот да го доживуваат како излив на страст и привлечност мегу нив,а не секое одење во кревет да биде со намера за забременување и продолжување на семејното презиме. Тука ти е грешката. Бракот доага кога има љубов,а љубота доага кога ке го сретнеме човекот кој не исполнува на секој можен начин. Секој има свој критериум што бара во една врска/брак и што сака кај партнерот. Некој сака бурен живот секој викенд да си излегуваат во диско и по забави,некој сака помирна вечера или филм дома во прегратка. На некој му е битно и стамбено прашање зошто несака да живее со свекор и свекрва или во една соба, на некој не му е битно тоа,на некој му е битно партнерот да работи зошто сите знаеме дека од една плата денес едвај крај со крај се врзува,на некој не му е битно тоа си вика-Ако треба ке се стиснеме нема да се луксузираме ама ке си бидеме заедно.

    Бракот не се случува преку ноќ,па ни врските мегу лугето. Особено во овие "постари" години каде веке поголемиот дел од лугето почуваат сериозно да размислуваат за тоа како би го терале својот живот и каква замисла имаат за својата иднина.

    Никој не бара Ајнштајн поред себе не знам од каде го извади тоа дека само надпросечно интелегентните стапуваат во брак,ама и никој не сака поред себе маж кој незнае да сврзе 2 реченици,кој едино нешто што има прочитано во животот му е билтенот за спортска прогноза или евентуално новина. Најбитно од се никој не сака маж кој е класичен балкански алфа мажјак и ја третира жената како што кажав како машина за рагање деца и како домакинка на која единствената цел во животот треба да биде ручекот и децата што ке дојдат на свет. А искрено ти мене на таков маж ми делуваш според погоре напишаното.
     
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    kako da najdam partnerka za brak

    Извини ама овде на форумот сигурно е дека нема да најдеш жена. И да, нема да те прашам зошто не си се оженил досега иако си требал затоа што луге на твои години веќе имаат по 2 деца. За тоа да си купиш жена од Албанија ќе ти кажам едно големо НЕ. Можеш да слушнеш разни муабети дека тие се фини, културни, мирни повлечени ама верувај не е така. Имам слушнато 2/3 примери каде што некој си донесе жена од Албанија па таа од дома му земе се што е вредно и побгне. Плус како ќе можеш да живееш со жена која воопшто не ја познаваш, никогаш не си ја видел. И не биди толкав песимист. Зарем немаш роднини, пријатели .. нека те запознаат со некоја девојка која е проближно твоја возраст или околу 29/30 години. Инаку не очекувај на овие години дека ќе најдеш некоја 20 годишна и одма ќе се земете. И сега барем сме 21 век лесно е имаш фејсбук имаш разноразни форуми, чатови .. шо ја знам. Ако неможеш постојано да излегуваш или немаш со кого, фејсбук сигурно користи пиши на некоја запознајте се. Ама не веднаш да и спомнуваш или брак или врска. За почеток онака пиши пријателски биди друштвен, фин, културен, муабет ова тоа .. самото по себе ќе си дојде. И да не успее со една пробај со друга немој при првото одбивање да се разочараш. А и никој до сега не се оженил преку ноќ. И да запознаеш некоја не може веднаш да се жениш нели треба прво да се запознате, врска ова тоа ќе помина барем уште една година.
     
  4. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Мене не ми е јасно како некој си дозволува како прво да се најде во ваква ситуација и тоа под услов да е 5+ години сингл, логично ми е прашањето што си правел досега, дали си се нешто обидувал и колку долго трае овој проблем? Дали си имал партнерки досега? Не е за осуда и не е грев некој да е сингл на 35 години (можеби бил во брак па се развел итн. има милион причини), ама во повеќето такви случаи ми се чини како проблемот да се таложел подолго време, со многу години и кога ќе стане тесно и се гледа дека нема излез се отвараат вакви теми или се пуштаат лични оглас од типот “ситуиран дечко 40 год. бара девојка за брак“ и најинтересен сегмент во ваквите огласи ми е зборот “дечко“. Море каков дечко, магаре од 40 год. :lol: За мене најубав период за пронаоѓање на животна партнерка се 20тите години, тоа ти е долг период од 10 год. да излегуваш, да се дружиш, да видиш што сакаш и да си ја најдеш жената на својот живот. Ако тие 10 години не ги искористиш најдобро што можеш, после возот ќе почне да те прегазува. Ти како ги помина овие 10 години, зар не ја најде вистинската и нели створи доволен круг пријатели? Исто така ако седиш мирен и не дејствуваш решението нема да дојде само. Тешко е нешто да изнудиш на сила. И да најдеш брачна партнерка по секоја цена нема да е тоа тоа, некако неприродно и неспонтано ќе биде освен ако не е спротивно од ова и кон тоа треба да се стремиш. ;) Не е некој нерешлив проблем.

    Опција 1: Купување жена од Албанија
    Опција 2: Преиспитување на себеси до кај си во животот и што е тоа што те довело до ваква ситуација, подобрување на некои работи кои имале придонес за да дојдеш до ова ниво и со горда глава пак да тргнеш во лов :)
    Опција 3: Да останеш на статус кво чекајќи ја совршената жена (тука алудирам на чекајќи го Годо кој е паметен ќе разбере :D)
    Опција 4: Ич не се замарај со ситуацијата во која си, избегнувај ги луѓето кои те исмеваат затоа што не ти ја знаат ситуацијата и од ден на ден работи на себе. За да привлечеш некоја пожелно е да имаш добро тело и да се стегнеш па од тој аспект иди во теретана, трчај, спортувај итн.

    За сите опции освен опцијата бр. 3 клучен збор е движењето. Со стоење во место ништо не се постигнува. Мора да се движиш и тоа само напред не гледај назад што било поминало и не вратило се. :)

    Светот е огромен тоа да знаеш не се лимитирај само на Македонија кај и да одиш ќе најдеш луѓе, ако знаеш англиски јазик и имаш доволно пари тргни на патување околу светот колку и да звучи како фантазија, ама некаде по светот мора да има некоја за тебе. Битно е само да си во движење и динамика.

    Како поминува времето се потешко и подемотивирачки ќе ти станува, така што почни со акција right here, right now.
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Тоа е најважно да шета човек. Тој што шета постојано, контактира со луѓе нема шанси да остане сам(освен ако самиот не сака да остане сам). Ако не е тајна од кој град си? Од Скопје?
     
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    35.880
    На ова прашање можам со сигурност да ти одговорам -да,може да се најде...само не сум сигурна дека твојата дефиниција на нормална е иста со мојата :)
    Очајници за брак ретко кој може да поднесе во своја близина,освен друг очајник за брак;она чувство дека ти поминал возот те прави напорен и зрачи паниката и нервозата..тејк ит изи..и плус тие околу тебе со муабетите уште толку те закопуваат очигледно...направи промени во кругот на луге со кои се дружиш,и тоа со излегувањето сам и одењето на одмор сам во мали дози и некои околности е ок,ама во твоите е ту мач..секогаш сам веројатно на некои као фрик им делуваш.
    Искористи ги предностите ако ги имаш,и не се дави во предрасуди...30 -ties are the new 20-ties,освен на брдовитом балкану изгледа..
     
  7. Goce35

    Goce35 Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2018
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Машки
    Teska rabota da se najde zena.za brak
     
    На Miss.A., Mr. Right, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Goce35

    Goce35 Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2018
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Машки
    Nie mazite imame moznos albanija.....do kaj dojdoa nasive zenski..
     
  9. Lilik

    Lilik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    6.243
    Пол:
    Женски
    Ako de potrudite ke najdete