1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да најдам работа?

Дискусија во 'Барање работа' започната од natali25, 6 декември 2009.

  1. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    епа Алек13 кажи ми каде имаат оглас или како да ги исконтактирам.
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Многу е лошо тоа што секаде скоро бараат со искуство, а таму каде што бараат и без искуство - не даваат пари. Сметам дека не им се дава доволно шанса на младите да се докажат. Штом некој има завршено факултет, иако нема пракса, доволно е барем еден месец за да се научи како и што фунционира во една фирма, никој учен не се родил.
    Инаку на најдиработа се објавуваат сите огласи, ама сепак најдобро е кога имаш врски. Кај нас у последно време се со врски е, за жал...
     
    На Osamena devojka, miss.pretty и ana-banana им се допаѓа ова.
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Девојки,тие што бараат работа по 5-10год. верувајте,не сакаат ни да ја најдат.Факт е дека постои непотизам и наместени огласи,но понекогаш во недостиг на друга работа треба да се прифати и работа која не е соодветна на факултетот кој сте го завршиле,бидејќи ќе стекнете некакво искуство,ќе стекнете работна навика и плус колкава и да е платата и некаков приход е подобар од никаков приход.Тие што не стојат финансиски слабо треба да се обидат и со волонтирање,многу успеале да добијат и решение за работа што се доказале.А останатите не дремете пред компјутер туку излезете на терен распрашувајте се директно,оставајте ваши отпечатени CV,или контакт телефони од кај знаете дека пр.од 20-тина работодавци нема некој да ве исконтактира за брзо време?!Со среќа ;) .
     
    На lylaby му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Ако некој знае маркетинг агенции на коишто им требаат девојки за промоции нека пише :)
     
  5. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Еве повеќе од 5 месеци барам работа...ама не барам само по струка барам се ама буквално се :worried: пошо финансиската состојба ми е лоша..
    Верувајте дека аплицирав и за продавачка и касиерка и за во игротека и за секретарка и секој можен оглас кај што се бара ВСС или пак ССС ама нигде ме немаат викнато, освен на 1 место каде поминав 2 круга и толку :( (дури ми укажаа дека се задоволни од мене на интервјуто и ми рекоа ќе ме исконтактираат ама ништо помина месец ипол). Значи сакам да работам и како продавачка(пошо едвај сврзувам крај со крај) ама аплицирав на 100 огласи и не ме викаат
    очајна сум ;(
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    времето си минува, а работа нема никаде...
    се е со врски... партиски, роднински...
    ама за да не паднам во депресија си го вежбам и подобрувам мојот Англиски Јазик во Американското Катче(на конверзешн, презентации за се и сешто)
    и Заводот за Вработување дава шанса за учење на Албанскиот Јазик(почетен курс)
    (повторување, и подобрување) на истиот
    и секако моето омилено хоби-рачна изработка на накит(највеке обетки, и по некое герданче) и продажба на истите
    :rofl:
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    98.013
    Пол:
    Женски
    Не знам веќе како понатаму...се помалку имам надеж дека ке се вработам...имав солидна работа и добив отказ...и сега што??..секојдневна депресија...барање на работа ..но од никаде позитивна вест..искрено се плашам дека воопшто ке најдам..да не ги споменувам негативните искуства (сексуални алузии,партиски книшки или едноставно да ти го потрошат времето од љубопитност) ...и со моиве речиси 40 години губам надеж затоа што речиси на 90% од огласите за работа возраста е ограничена до 30 максимум 35 години... :worried: :worried: :worried:
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    energeizig123

    еве две познати на мартинг агенции-за промотерки/хостеси

    Bato&Divajn-се наогја во Центарот на Скопје
    Mccan Erikson-nivni meil za kontakt e mccan@mccan.com.mk
    :$
     
  9. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Pro Kar 08 - маркетинг агенција, која има потреба од промотерки и презентерки
    pro_kar_08@yahoo.com
     
  10. billyy

    billyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    15
    Да не знае некој колку плата емаат вработени во кол центаршто се јавуваат во странство и нудат некои производи таму... Видов некој оглас денес ама немам поим дали се исплати или не...
     
  11. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Најчесто барам преку http://www.najdirabota.com.mk/ секој ден проверувам дали има некоја нова работа .
     
  12. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Јас барам работа еве интензивно веке еден месец, и тапкам вместо. Па ако некој знае да бара вработен во Битола, за презентации и хостеси, за превод од англиски и слично, нека ми пиши порака во инбокс...или ако има било каква информација за таква фирма во битола
     
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.089
    Пол:
    Женски
    И јас си ја имам истата мака како вас. Цел живот ми велеле: "Учи, ќерко, учи, ќе ти треба во животот". И јас учи цел живот, завршив средно со сите петки, завршив факултет со солиден просек, ама џабе. Сега од септември и на пост-дипломски ќе се запишувам. Имам и амбиција, и желба за работа, и се. Пробав на сите возможни огласи, и од струката и настрана од струката, од продавачка, до секретарка, туристички работник, што ли не... Секое интервју нова возбуда и надеж дека можеби тоа ќе успее. И повторно разочарување. Или нема да ми се јават, или ќе ме одбијат. Од интервјуата на кои сум била можам да напишам цела книга. На едно ми рекоа дека платата многу им касне, на друго ми рекоа, ако планираш да раѓаш во наредниве 5 години не ни помислувај не планираме ние на породилно да пуштаме вработени(а ако не раѓам во наредните 5 години, значи треба да останам цел живот без деца), на трето ми рекоа сум била "преквалификувана", и тоа баш во наводници напишано (мизерија), на четврто интервју, претходно закажано со датум и време, директорката буквално ме избрка оти ќе задоцнела на состанок. Во една игротека, пак, тој сакаше да му работам 7 дена во неделата по 8-10 саати дневно (демек зависи од тоа колку ќе има работа), и при тоа таму да бидеш и воспитувач и келнер и шанкер и чистач за 7000 денари. Ова се само дел од искуствата што сум ги стекнала од интервјуата. Се надевам дека Господ ќе ни помогне на сите нас кои сме во слична ситуација. Со среќа на сите трагачи по работа!!! :)
     
  14. majaaaaaaa88

    majaaaaaaa88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    27
    не знам дали на постов му е во оваа тема местото ама пак ќе си прашам :D јас имам еден проблем при аплицирање за работа.работам веќе 3 год.поради што го запоставив факултетот,требаше да завршам лани а јас имам уште цела 4та година :(работното место ми е добро но ми е надвор од градот и голем дел од платата ја давам за превоз,па конечно се решив да аплицирам на некое друго место и доколку се појави шанса да си дадам отказ.ама ме фаќа паника при помислата да составам совршено CV и мотивационо писмо,и дали имам шанси да се вработам негде како недипломиран економист а сепак со 3 год работно искуство???Што мислите вие?Да се помачам околку барање на работа или да останам тука и да давам 30% од платата за превоз???
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Зависи која фирма што бара, некој бара факултет и без искуство па ќе го обучува работникот а на некој пак не му е битен факултетот туку сака искуство. Имам пријателка која има педагошки факултет а работи комерцијала во една фирма.
    Сепак аплицирај си па можеби ќе ти се насмее среќата а и успат колку можеш и како можеш давај по некој испит. Штета ќе биде ако за 1 год оставиш а некогаш можеби нависитна ќе ти треба таа диплома и ќе ти се исплати. Убаво е кога работодавец ќе чуе дека имаш искуство и си при крај на дипломирање па ќе има во обзир дека кога тогаш ќе биде.
     
    На majaaaaaaa88 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sundream

    Sundream Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    Fakultetot na prvo mesto!!!!!! Gledaj si gi tvoite interesi... na rabotodavecot mu e gajle za tebe! utre ako mu propadne biznisot ke te sutne kako posleden partal... ke ostanes i bez rabota i bez fakultet :)
     
    На majaaaaaaa88 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    имам слушнато дека и со пораскопчано деколте а богами и со пократко фустанче се добива работно место
    колку е вистина незнам,ама од пуст срам не сум се обидела-попрво би пропаднала во земја од срам
    што мислите вие феминки дали на некоја девојка кога би се појавила на интервју како во горе наведеното следниот пат би имал коректен однос работодавецот кон неа или ова е нешто како ми се допагаш, сакам да те плеснам па секој на своја страна после :wasntme:
     
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
  19. AngieVi

    AngieVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со АГЕНЦИИ ЗА ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ? Какво мислење имате за тоа...

    Јас конкретно аплицирав на оглас објавен од агенција за времено вработување и ми закажаја интервју за работа...огласот е за работа во маркет...
    До сега немам искуство, никогас не сум аплицирала на ваков тип на оглас и немам одено на интервју во приватна агенција за вработување
     
  20. jatika

    jatika Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    јас имам аплицирано на 30 места. Имам завршено Германски јазик, англиски знам совршрно,а администрација имам работено 4 години. Сметам дека сум квалификувана на секое место каде што пратив ЦВ каде што се бараше административен асистент, офис менаџер или пак персонален асистент. На ниедно место не ме ни повикаа на интервју, па се плашам да помислам дека сите сајтови за вработуванје се лажни. Дали некој било кој од форумов нашол работа преку интернет.