Многу полесно оди ако пријатели ти кажат дека некаде се бара работник од твојата струка, отколку од интернет. Сум праќала на тие огласи, мислам дека 80% се лажни, со веќе примани луѓе, а другиве се неплаќачи кои си бараат работници нон стоп.
Го ставив и во темата за сопствен бизнис, но мислам дека е убаво да го има и тука. Огласот за поддршка за самовработување е излезен: http://www.avrm.gov.mk/?ItemID=849A42C0 ... F3A25F3AEE Би им препорачала на сите што имаат идеја и мислат дека можат да работат нешто свое, да се пријават. Секако една од групите е млади до 29 години, а невработени кои се пријавени во АВРМ повеќе од една година, па верувам дека многу од форумов ќе се најдат во една во овие две групи.
Бидејќи немам некои врски, барам преку интернет. Ама кажете ми вие што имате искуство дали се бара така работа? Многу огласи се сомнителни, нецелосни, праќаш ЦВ, одговор нема, одиш на интервјуа и повеќе не те бараат. Дали навистина се наоѓа работа преку интернет? Досега ниеден не познавам што се вработил така.
може ли некој кој е во тек со огласиве и коментариве да ми каже што е муабетот за базаро, кој бил на разговор и какво ви е искуството, имав аплицирано и јас, ме повикаа но немав време да појдам. Потоа слушнав дека овде на фемина имало поплаки од нив, па ако некој знае да ме информира околу таа фирма...Ви благодарам
Повеке феминки имаат коментирано за интервјуто во Базаро на темата ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ еве линк од темата baranje-rabota/oglasi-za-vrabotuvanje-t8745/510.html
Се извинувам можеби постот не ми е за во оваа тема.Само сакав да прашам видов оглас од Младинска книга за во мојот град бараат анкетари,да не има некоја од вас искуство со вакво нешто?. http://najdirabota.com.mk/vacancy.aspx? ... UBoAdbvuO4
Носиш да продаваш книги на терен а заработка е од процент, а за анкетари тоа го работеше моја пријателка одеше по куќи и правеше анкети (листови анкетни кои и ги даваа) исто така заработка од процент. Во добри месеци (бидејќи ништо не раб. освен тоа) вадеше по 4-5 000ден месечно, а некогаш кога во одреден месец нема анкети нема заработка. Не ми текнува колку денари добиваше од пополнето ливче.
Се надевам мојот пост ке го прочита лице што има познавање од оваа област.Се работи за вработување на лице со намлена работна способност со работно искуство од осум години во заштитно друштво.Се разбира дека има документи од ПИОМ.Сега ме интересира дали може да се вработи било каде а работодавецот да повлече средства и ако не заштитно друштво.Дали ке ги има истите привилеги како и при првото вработување ? Од агенцијата ми рекоа дека работодавците може да повлечат средства ама после подолг временски период и не морало да е заштитно друштво,а пак работодавците ми кажуваат спротивно на тоа. Кому да верувам , се плашам дека ке најдам работа овој пат, за разлика од првиот пат кога по добивањето на документот во рок од еден месец се вработив .Има ли некој што може да ми одговори точно ?
Може ли некој да ми каже како се викаше агенцијата за вработување каде што клиенти има се Т-мобиле мислам дека на форумов читав, ако знае некој нека ми пише лп. Фала однапред
И јас се обидувам со овие сајтови, и глупаво ми е и да прашам, ама квалификациите... CCC, BCC... не разбирам што значат...
Дали некоја од вас е зачленета на http://www.vrabotuvanje.com.mk? Како одат работите таму? Вреди ли да се зачленам и да им пуштам CV ? Исто и за другите сајтови да ве прашам,заhttp://www.najdirabota.com.mk i http://www.fakulteti.mk,кој знае нека ми кажи
Здраво, сакам нешто да прашам, дали може знаете работа во Германија, Лондон ма било каде... пишувам во име на маж ми зашто тој нема ник на фемина. има искуство како пекар, и има работено како кувар. Кој знае нешто нека ми пиши, многу би била благодарна. фала ви однапред.
Пробајте со работа од дома, зачленете се овде http://www.sfi4.com/13033430/FREE разгледајте па ако ве интересира исконтактирајте ме во инбокс. стекнуваш знаење и заработуваш позз
Sakam da znam za vas dali bi prifatile rabota za 9000 denari, a imate zavrseno faks i 4 god rabotno iskustvo? Neli e malku bezveze. Sakam da znam dali do vilku samo jas ke si gi spustam standardite ili ima i drugi kako mene.
Зависи од неколку фактори. Како прво дали работата ти е по струка и има ли шанса да напредуваш во иднина?!? Дали ти се пронаоѓаш во таа работа и дали ја сакаш ?!? и многу други прашања.... Јас би ја прифатила како привремена додека не најдам нешто друго подобро. Од секоја работа се учи по нешто а искуството поготово ,,животното искуство,, никој не може да ти го даде на тацна. Знам дека е понижување бидејќи имаш завршено факс и работено 4 год а платата е премала, ама зависи какви стандарди и цели имаш поставено пред себе.
И јас си барам работа ама не по струко зошто и не можам да ја најдам по струка,за стандарди во Македонија тешко е да се зборува барем јас така мислам,мака ми е што имам потрошено пари за студии и посдипломски и на крај да си седам дома и да барам работа за 9000,ама тоа етоа ,морам да барам и да најдам зошто имам малечко детенце и мора со нешто да се живее,е сега ако немаш фамилија и ако имаш повеќе можности што ти се нудат сега е шансата да бираш и да најдеш
Дали некој знае во кој весник ги објавуваат конкурсите за вработување во образование? И дали тестовите што ги даваат за тестирањето на пријавените кандидати се исти, стандард или различни во сите училишта низ Македонија?
незнам каде да го поставам прашањево може не е за тука ама ке си прашам ако грешам поправете ме добро бе Skopje City Mall толкав трговски толку продавници,а имам видено само 2-3 огласи за работа за по продавниците во Skopje City Mall?? како се вработени тие сите луге таму? преку кој оглас? јасно ми е дека се е со врски ама ај ние што немаме врски како да најдеме работа? не е фер ова