Девојки хеееелп ако некоја познава место да бараат работа или па вие каде што работите бараат понудете
дали провери во агенција за вработување мк ? распрашај се во блиските маркети, бутици, сендвичари, пекари, пицерии, трафики. Скоро секогаш овие што ги наведив бараат работник. Прво тргни од твојот регион, убаво распрашај. И совет плус, кога прашуваш на пример во пекара : дали ви треба работник? и ако нивниот одговор е дека не им треба, тогаш, ти прашај: а, дали познавате некоја друга пекара да бараат работници? Вака ќе собереш повеќе информации. Ти посакувам успех и што побргу да си се вработиш
Не сепак имам медицина завршено и ми остана уште малку до крај... Барам по професија нема барам нешто во меѓувреме додека да го откачам скроз факсот пак нема ахх наша македонијо... Сепак фала срцко
аха, епа ако имаш нешто средно стручно, тогаш барај по струката. Ако имаш фармација на пример, види во аптеките дали бараат. Борба за опстанок, битно да не се откажуваш и само напред. Сигурно си силна штом и покрај факултет бараш и работа. Искрено, ти посакувам се најдобро
Дали некој знае каде бараат хостеси? Не ми е јасно зошто никаде не можам да најдам. Сум била во Будва имам искуство и презадоволна сум ама тоа е сезонска работа. Тука во Македонијава наша немам налетано на такви огласи а барам нон стоп.
Иам видено оглас за хостеса во казино Сенатор и хостеса во хотел Мериот бараат, баш сеа ги има огласите на вработување, провери. И во Салваторе ресторанот мислам дека имаат барано, на такви по фенси места само. Не знам дали е истата работа како во Хрватска, пр. во казино кај нас си или келнер или касиер, не пречекуваш гости ама океј.. така пишува па да си кажам јас. Среќно