Хахаха.. тогаш единственото решение ти е потсвеста. Пробај убеди се дека тоа е лоша навика и дека си посилна и можеш да ја надминеш, само треба да посакаш.
Купи горчлив лак. Инаку пробај да ги налакираш ноктите со некоја светла многу боја, и кога ќе ги ставиш ќе ги забележиш и ќе ти текне.
Јас на секоја рака почнав да оставам по еден нокт да ми порасне, па постепено да се надевам дека ќе се одвикнам.
На мене порано не ми требаше грицкалка јас ги грицкав ноктиве абе партал ги правев и упорно гледам дека на нишо не личи и си продолжував.И кога ќе видев некоја девојка со убаво средени нокти се повеќе ми растеше желбата да ги пуштам и сега имам преубави нокти како надградба да сум ставала а и се одвикнав од грицкање
Грицкање на нокти фала многу, еве пробвам некако што подалеку да ги држам од устата..па ќе видиме..хахаха иначе каков лак користиш за ноктите?
Грицкање на нокти било кој лак ... некоја омилена боја или повеќе лакови што ке ги менуваш зависно од комбинацијата што ја носиш... замисли колку поубаво стојат и колку се попривлечни убави нокти на рацете за разлика од изгрицканите
Грицкање на нокти Ќе одиш ќе си ставиш надградва на нокти и гелот нема да моѓеш да го грицкаш. А тие 4 месеци додека ти израснат ноктите ќе се одвикнеш верувај.
Имаш два начини: 1. Ќе си купиш од аптека аура против грицкање нокти и ќе се мачкаш делува. 2. Ќе одиш на надградба на нокти и гелот нема да можеш да го грицкаш и тие 4 месеци додека ти израснат твоите никти ќе се одвикнеш.
Пробав и со првото и со второто. Првотот колку и да ме горчеше, пак ги гризав. Второто го искршив гелот.
Јс прво порачував од Авон гел некој што горчи но не ми помогна.Потоа ми ставаа луто, не бре брате ништо не помага. И така кога ги гледав другарките сите лакирани долги нокти, мене ми беше срам да ги ставам на маса рацете и од тогаш решив и еве ги исчував
Јас ги грицкав ноктите целиот мој живот и ми беа ужасни Кога пораснав(сметај 2-3 средно) сакав да имам долги нокти и од желбата што ми беше толку голема едноставно прекинав. Со упорност се се успева
Леле јас сеуште грицка нокти. Мајками ја имала таа навика како мала ама таа сеа има убави нокти. Вујко ми исто така грицка нокти. Кога ќе видам некој со убави нокти леее ми се плаче сакам и јас. Еднашка така ги пуштив ми беа убави после 2 дена ги изгризав. Нема спас луѓе,што се не сум пробала. Ми купуваше мајками од Орифлеим некои препарати џабе мене се тоа вкусно ми делуваше. Сега јас си купив лак за побрзо растење на ноктите, џабе се е џабе. Ми се плаче.
Јас пак имама чудна навика,не ги грицкам ноктите до живец како навика туку друг проблем си имам. Кога ќе ми дојдат ноктите за скратување,наместо да земам да си ги скратам со ноктарица,јас со заби тап-тап и средени ми се исто ко со ноктарица.И никако неможам да се одвикнам А иначе за тие што секојденвно си грицкате нокти,побарајте лак од аптека мислам дека има против грицкање нокти
Ќе си купите луто пиперче (народски кажано) убаво ќе ги истриете и да ве видам дали ќе ги ставите во уста Јас мислам тоа ви е чарето!
Јас уште од 4 години грицкам нокти и сега месецов се решив да престанам...Само почесто ставај си лакче во јака боја и кога ке видиш колку ти се убави ноктите земи црткај нешто по нив и тадаа...не ми се веруваше дека ми успеа
Јас ги грицкам од мала и никако да се одвикнам. Кога ќе видам некоја од другарките со долги, налакирани и негувани нокти ми иде да си ги исечам прстите. Колку и да се трудам неможам да се одвикнам и крај. Ќе го побарам то аура па ќе видиме резултати.
Така другарка ми многу си ги грицкаше ии си купи едно незнам како се викаше во едно шишенце беше и си ги мачаше ноктите ии баш мене ми стаи од тоа и кога ќе сакаш да си ги грицкаш ноктите тоа горчеше и така се одвикна!!!