Додека сум излакирана со ваков не грицкам и додека ми се средени лакирани убаво ми е мака да ги уништувам а така ги грцикам растур правам незнам и јас
Многу години ги грицкав ноктите и ми беа ужасни ! Крв течеше , абе многу грозно за гледање.Пробав се.И горчлива течност ама не бе да не претерувам и со неа не ми преставвуаше проблем да ги грицкам.Единственото нешто што ми помогна е мојата волја и желба за убави нокти.Си велев зошто и моите нокти да не се убави како на останатите девојки.Сега имам средени, долги и убаво налакирани нокти и ни на крај памет не ми текнало да ги грицкам Сепак најмногу е до самата себе, ако имате волја-за секоја навика има и одвика
јас порано многу ги грицкав ноктите, ги грицкате од нервоза, ви препрачувам семки или сончоглед да си носите во џеб и што повеќе да си грицкате тоа наместо ноктите и секако желбата за убави нокти
Моја препорака е, да си најдете некој убав маникир за кој вреди да си ги направите ноктите. Извадете сликичка и наместете ја во некој агол од собата што често го гледате. Кога ќе го видите, ќе ви дојде желба да си ги направите ноктите и ќе престанете. А ова, горчлив лак, нема некоја улога - горчлив вкус кој ако запнеш да ги грицкаш ќе се навикнеш на вкусот и пак подолжуваш. Се ми е глупаво некако, до толку да неможеш да се контролираш сам и своето тело. Јас сум си горда самата себе што успеав да се контролирам, можете и вие.
Памелче па ти си посебна прича бе ... Отиди под микроскоп и ќе видиш какви се не бактерии има и ќе ти се згади..Ако и после тоа ги грицкаш..Незнам
Оф колку тешко се одвикнав од оваа глупа навика.Пробував со се и сешто,и лакови и лути пиперки и грицкање на семки,накрајот ставив и надградба па од криза самата ја вадев за да можам да си ги грицкам ноктите,па пак повторно ке ставев и се така во круг.Накрајот почна да ме фаќа срам од ужасните нокти и почнав да ги кријам рацете кога седев до друштво.Кога сватив дека воопшто не е убаво млада девојка да има ужасни нокти ставив повторно надградба и успеав да издржам а да не ја извадам. А и позитивните коментари од моите другарки ми дадоа дополнителна мотивација да успеа. Сега имам прекрасни нокти (мои) и често знаат да ме прашуваат дали се мои,како ги одржувам и сл.а кога ке им кажам колку години су ги грицкала сите се чудат Така да ако сакате да престанете со оваа грозна навика и имате силна желба за тоа,сигурна сум дека ке успеете!
Многу време си ѓи грицкав ноктите.Еднаш и до живецот ѓи изгрицкав па две години ми беше цел прст сиин.По па почнав и на крај лакот ме спаси.Почнав да се лакирам и престанав да ѓи грицкам.Па денес воопшто не ги грицкам,во случај ако ми се скршат ѓи сечам, ама ѓрицкање повеќе нема...
Јас ги пуштам моите нокти 4 недела е веќе, но бавно ми растат веројатно поради грицкањето. Иначе некако ми престана навикава и мене веќе ми беше срам во град да излезам со грицкани нокти. Си купив едно гелче од голден роуз и на секои два дена ги мачкаш со него, кога ќе ги допреш усните со прстите тоа горчи. Иначе грицкањето нокти е некое пореметување на мозокот, тој знае дека грицкаш и дека не е здраво, но сепак свесно грицкаш.
ни јас никако не успеав , неколку дена не ги грицкав и потоа пак истото . .а другарка ми беше да и бае еден човек и , и помогна
И јас сум грицкач на нокти но не постојан. Кога не се израснати ги грицкам се додека не добијам желба за долги нокти и не одлучам да престанам со грицкање. Откако се пораснати ноктите жал ми е да ги грицкам и си се задоволувам само со кожичките околу ноктот.
Грицкање на нокти Ау како мала колку ги гризев... Ми се згрозува сега од помислата. Ма ни лакови ни никакви тракатанци ,туку едино што ме одвикна беше тоа што сабајле секогаш ги триев напред ноктите со лута пиперка,и ај гризни да те видам
Грицкање на нокти Желба и воља за убави нокти...тоа ти е потребно. Ама џабе ако имаш желба а немаш намера Тоа му е мајката
Ја незнаев каде да прашам па еве тука . Не ги грицкам ноктите туку цело време ја кризам кожата до ќошето на ноктот , кога ми се водени прстите се гледаат слоевите на кожата . Како да се одвикнам ?
па многу лесно ке стаите лути пиперчиња по прстите и кога ке земеш да грицкаш ке се излуиш еднаш двапати и после ке се одвикнеш се шалам . За грицкање нокти знам дека постои таков лак горчлив ке го побарате по продавници.. се надевам помогнав
мора да се одвикнеш,тоа може да е опасно до живецот да ги изгризеш ноктите.прочитав дека тоа е на нервна база,па пробај да се смириши штом се почувствуваш напнато најди начин да се опуштиш,или почни да правиш нешто со кое ќе си го окупираш времето,па ќе се оттргнеш од оваа грда навика.
Како да се одвикнам од грицкање на нокти? Многу пати сум пробала... Со вештачки нокти, со крем што горчи... Не успеав... Ве молам ваш совет за одвика на грицкање нокти Благодарам однапред!
Јас од малечка си ѓи гризам пред некое време не ги гризав 2 месеци и ми пораснаа големи и така ми беа средени и убави 1 месец Но коа пишував во школо не можев да си го држам пенкалото и така еден ден ги гледам и ми сметаа и пак по старо по мое ги изгрицкав од денес натаму не ги гризам веке
И јас порано многу ги грицкав ноктите околу 4 години и после еден период престанав Си реков е батерфлај грл види и ги ноктите нема веќе да ги грицкаш И сеа пак ги грицкам но помалку