Гриц, гриц, гриц. На секој му се случило во еден или друг момент од животот да грицне некој свој нокот, но некои луѓе го прават тоа постојано и без контрола. Грицкањето на ноктите е една од најчестите „нервозни“ навики на луѓето. Кај многумина гризењето започнало уште во детството, но проценето е дека околу половината тинејџери стануваат „зависни“ од гризењето на ноктите.Во најголем број од случаите грицкањето на ноктите е предизвикано од стрес, срам, фрустрираност, здодевност и сл.Гризењето на ноктите е многу лоша и нездрава навика. Таа влијае многу негативно на здравјето затоа што преку ноктите многу бактерии се пренесуваат во устата, се зголемува ризикот за појава на инфекции (и во устата и на прстите) и се уништуваат предните заби. Освен тоа, оваа навика го уништува изгледот на ноктите, а и остава негативен впечаток. Воопшто не изгледа привлечно кога ќе здогледате некој што си ги грицка ноктите. Но, секој што се соочил со овој проблем знае дека не е едноставно да се елиминира. Сепак, постојат одредени методи и совети кои ќе им помогнат на страсните „гризачи“ да се одвикнат од грицкањето на ноктите. Еве ги:Направете си надградба на ноктите одличен метод за одвикнување од грицкањето на ноктите. Прво, со нивна помош ќе ги заштитите вашите нокти, второ, ќе се одвикнете од грицкањето затоа што нема да ви е пријатно да ставате гел в уста, а трето и најважно, најверојатно нема ни да се осмелите да ги ставите ноктите в уста затоа што нема да сакате да го уништите нивниот убав изглед.Напредувајте нокот по нокот. Еден од методите за откажување вклучува заштита на ноктите „еден по еден“. Изберете еден прст (на пример, показалецот) и кажете си дека 3 дена нема да го гризете него. По 3 дена изберете уше еден прст (палецот) и продолжете да ги заштитувате ноктите на тие прсти. Така постепено ќе се откажувате од навиката. А, кога ќе видите колку убаво изгледаат ноктите на прстите кои сте успеале да ги заштитите од грицкање, уште повеќе ќе се мотивирате да продолжите со откажувањето.најважна е волјата и решителноста. Доколку сте решени да се откажете, ќе бидете упорни и кога-тогаш ќе успеете да се ослободите од оваа непријатна навика.
јас како помала мн ноктите сум ги грицкала ама некогаш сум скинала живец мн ме болел и кога сум видела дека крв течи од тогаш не ми текнало повеќе ...
порано и ја ги грицкав ама мајка ми ми купи еден спреј и со него се одвикнав. прво спрејот го прскаш на ноктите и после коа ке пробаш да грицкаш ке те горчи. а исто така има и такви лакови што те горчат
Мене мајками ми ги мачкаше со лута пиперка до толку ја нервирав стварно не се зезам,абе не дозволував да поднараснат ни милиметар како на норма дури и успевав да си пуштам крв од живец
Во аптеките има едно како горчлив гел кој се мачка на врвовите на ноктите.Другарка ми го користеше и многу брзо се одвикна од грицкањето.Едншка проба да ги грзне ама само што го допрела гелот со јазикот животот и се загорчил па веќе никогаш не пробала да ги грзне
мене татко ми ме караше кога ќе ме види со прстите во уста.мора да признаеме дека е незгодно ко мали дека да се лигавиме али тоа навика ни е.со тек на време се одвикнав од гризањето сега сакам да ми се убави ноктите не ги гризам ама во уста ги чувам иако сум свесна дека плунката е силна и штетно влијае врз ноктот
Вашите нокти Ги грицкам ноктите но незнам како да се одвикнам од таа навика.Многу пати купувам онакво за заштита за ноктите и ги ставав,горчеше и престанав но тоа само 15 мин. горчи и повторно ги грицкам,незнам како да се одвикнав 2-3 недели не грицкав многу малку ми пораснаа бидејќи јас и живецот го грицкам,но сепак имаше ефект...но одма ги изгрицкав и тоа со мерак хаха ...Кажете што да правам ,јас стварно незнам како да се одвикам од навикава!!Чекам што побрзо одговор.Благодарам
Моја другарка исто така ги грицкаше ноктите до живец и ништо не и помагаше пак продолжуваше да ги грицка. Но дојде ден кога требаше да одиме на свадба и јас и она и јас имам долги нокти и бев на козметичар и ми ги налакираа многу убаво и она ми ги виде и стварно и падна жал што нема убави нокти и рече дека веќе нема да ги грицка и имаше преголема доверба во себе и до ден денес веќе не ги грицка Потребно е само желба ништо друго
Ако сакаш имаш во Зегин, такво нели за да се намачкаш (дома си го викаме грозозо хаха ) , иначе производот се вика `Stop nail biting`. Ова е најефикасно, зошто од кога ќе се намачкаш, делува цели два дена, паааа пробај го
Како помала односно до пред 2 години постојано грицкав нокти И ништо не ми помагаше за да се одвикнам ( дури ни тоа од зегин со горчлив вкус) .А кога ги гледав другите со убави,средени и долги нокти, мене ми се плачеше.И така еднаш си реков не грицкам веќе нокти и готово.Бев цврсто решена да се одвикнам и успеав.Еве веќе две години ја немам таа навика.
Јас ги грицкам од мала. Најчесто гризам кога сум нервозна или од досада. Некогаш ќе се заинатам и ги оставам да ми пораснат, ама пак ги пикам во уста и од плунката ми омекнуваат и ми се кршат еден по еден. Кога сакам да ги пораснам ги лакирам така го гризам само лакот но не и ноктите. Незнам дали воопшто ќе се одвикнам од оваа зараза.
Леллелееее ја да ги намачкам со лимон или оцет,нема да ги грицкам ,туку ке ги изедам бре ко што сакам кисело Јас со еден гел ги мачкам,еве се одвикнувам полека,ама проблемот е што што и да јадам ми горчи од тоа
Само помисли на тоа колку е одвратно да грицкаш нокти, колку грдо тии изгледаат ноктите и колку бактерии внесуваш со тоа. Веројатно ќе ти се згади и нема да ги грицкаш ноктите. Но, не знам дали успева бидејќи никогаш не сум грицкала нокти.
Јас веќе со години ги грицкам, додека учам, додека гледам серија или слично. Пробав и со оние на аура како горчливи течности што се, но и на тоа подлегнав за жал.Е сега бидејќи едниот нокт ми е деформиран од малтетирање и грицкање па скоро и да немам нокт разговарав со една козметичарка, ми рече дека не може на кожата да стави силикон.Ќе си почекам 2-3 недели малку да ми порасне па ќе отидам за да ми стави силикон со што под него ќе ми растат моите нокти, па на секој 1 и пол месец да правам некаков маникир со што би се оневозможило грицкање и уништување на ноктите што даваат навистина неуредна и неубава слика. Така да оние кои ја имаат оваа нездрава навика нека пробаат да си направат некој убав маникир, нека фрлат малце парички па ќе им биде жал да ги уништувааат ноктите и така ќе си ги чуваат. Или пак да имаат огроооомна волја за негрицкање на нокти,да не потклекнуваат на искушението да си ги изгрицкаат и уништат.
Мене ми помогна гелчето од Golden Rose против грицкање на ноктите. Кога ќе видам како ми се убави сега ич не ни помислувам да ги грицкам.
и јас ги грицкам ми се чини се пробав...и грозозо,па и вештачки нокти само колку пати сум ставала Спојлер
Јас ги грицкам ноктите од мала,се десило неколку пати да ги пуштам ама пак се враќам на старо.Баш вчера си купив едно средство од Зегин што горчи и од кога го намачкав на ноктите ни еднаш не сум ги ставила во уста.Се става на врвовите на прстите,одма се суши и трае и после 3-4 миења.