Sredstvoto e od Aura, nema ime, na sisenceto pisuva "Stop grickanju noktiju". Prasaj vo bilo koj Zegin, jas go kupiv od City Mall))
Ноктите ги грицкам од кога знам за мене многу пати сум пробувала да се одвикнам но се неуспешно до сега...2 пати сум си ставила нокти леле луѓе верувајте неможев да си облечам панталони како без раци да бев бидејќи не сум навикната Дајте ми некој совет !
Порано цело време гризав нокти.Но,незнам некако сама од себе се одвикнав Инаку сечете ги ноктите на помал временски период и ви го препорачувам лакот оној против грицкање на нокти.Не да горчи,по грдо нешто нема!
Верувале или не на мене горчливиот лак воопшто не ми помогна. Изгледа бев огромен зависник и си ги грицкав и не ми ни пречеше горчливоста Јас се одвикнав со тоа што ставив ластик на едната рака и кога ќе си ги приближам рацете до устата ке се удрев со ластичето. Тоа го прочитав баш на Фемина и ми помогна. Цело лето ги растев и не ми ни текна да си ги ставам во уста, гадно ми стана. Сега од училиштето по своја волја пак почнав да си ги грицкам за да си ја истурам нервозата и стресот Сега пак ќе си го ставам ластичето и почнуваме од ново
Леле помош ве молам..Неможам да читам се. Да ве прашам како да се одвикнам од грицкање нокти.? Имав вештачки нокти ставено и ги извадов леле ко му влегов на моите нокти неможам да се одвикнам.. Што да правам? Дали џвакањето мастики помага?
Помошш Грицкам нокти на големо Не баш нокти де туку месото околу ноктите,прстите ми се жар црвени,некад и по некое сивило..Боли,а особено кога се лаќирам или го тргам лакот со ацетон! Не ставам надградба зашо мислам дека од ѓелот кој се користи ноктот не може да ''дише'' ... Ставам ама многу ретко,правам паузи по два-три месеца,ама за тие два-три месеца САЛАТА ѓи правам... Шо да направам за да не ги грицкам повеке? А и ми смета многу,тренирам и ми смета кога ја мавам топката ме болат прстите а некад и ми крварат Не ми помогна ниту луто да ставам,а ниту пак од лутиот лак!
јас грицкав нокти со години, дури рани ги правев, а кога немав веке што да грицкам и кожата од страна си ја грицкав, се живо пробував тогаш, ни луто, ни кисело, ништо не ми помагаше, додека еден ден не си ветив дека нема да ги грицкам више и така престанав сега имам убави долги ноктии. Од тогаш се поминати три четири години, хаха некогаш ретко кога сум многу нервозна знам пак да си ги изгрицкам ама многу ретко ххаа само што веке не ми е навика
Јас ги грицкав и се одвикнав во DM има еден лак кој ги зацврстува и побрзо растат мене тој ми помогна
Си ставив вакво што горче на едната рака беше тоа пред 5 дена се заборавив и почнав да ги грицкам ноктите и почна да ми горче неможев ништо да јадам и до ден денеска ми горче Некое друго има ли да се препорача или само ова е ?
Ги грицкам ноктите единствено кога сум под стрес,а тоа е обично кога имам напорна недела во школо. Од голема помош ми е лакот. Кога ми се лакирани ноктите,не ги гризам. Не сакам лакот да ми паѓа,така да...
Јас се спасив од грицањето кога си ставив гелни нокти, ми стоеја 1 месец и од кога ги извадов ми беа пораснати и не сакав да ги грицкам и така еве сега си имам најубави ноктиииии
Јас ги грицкав ноктите порано многу ...Но баш грдо ми изгледаа,сепак девојче сум треба да имам големи, средени и убави нокти ...Искрено и јас незнам како се одвикнав да не ги грицкам .А имам убави големи крупни нокти
не ми помага ни тоаа,обожавам љуто.Моите како мала прстите ми ги мачкале со фиферонки,али ја пустата сум продолжила..Се воздржувам,пошто сакам да имам долги нокти али некад од нервоза,ојде ноктот
ахахах ѕвер,ја можам да не ги грицкам али некад од нервоза,а сакам д аимам убави нокти и да ги негувам
Интересна работа кај мене е тоа што, многу тешко успевам да се одвикнам од некоја лоша навика/непожелна храна и сл. намерно, активно преземајќи мерки и сл. Најчесто се испоставува дека е неуспешно одвикнувањето па пак јово на ново. Така спонтано се одвикнав и од ова. Дури не се ни сеќавам кога точно престанав.
Одете на козметичар,на маникир, и нека ви стават врвови со акрил. Траат барем месец-два... и не се грицка тоа, многу е цврсто и дебело така после месец дена ќе почнете да се одвикнувате
Ако ги грицка до живец ни тоа нема да помогне. Има едно против грицкање на нокти од ГР околу 100 денари, при самото нанесување брзо се суши па кога ќе посегнеш да ги грицкаш има лош вкус ( горчлив).