Брат ми премногу ги грицкаше ноктите, до живец и мама му купи средство, како гел беше се става на ноктите и препремногу горчи.Помнам секоја храна што ќе ја пипнеше горчеше и така покрај него и ние си патевме.Ама битно се одвикна.
Jas ne gi grickam veke 22 godini.Zadolzitelno lakirani,redovno sreduvanje so turpija i da ne se dozvoli da se bide so izlupen ili izbleden lak na nekoi mesta. Koga se nelakirani se drasticno pomeki i zatoa se podlozni na napuknuvanje od strana pa i na grickanje. Baska i podobro izgleda estetski koga se non stop lakirani so svez lak..
Јас никогаш, немам грицкано, но сестра ми ја научија на училиште и ја одвикнувам така по полека и кажувам страшни работи. За срамота
Девојки, јас ги грицкам моите нокти и никако не можам да се одвикнам,башка плочките на ноктите ми се многу мали па не можам ниту вештачки да си ставам Дали и вие сте ги грицкале па се престанале,ако да дајте ми совет како да се одвикнам, сум пробала се и не иде и не иде.
Грицкав можеби 2-3 години интензивно, мајка ми купи и лак што горчи меѓутоа не го мачкав, им викав ќе си престанам кога јас си сакам. И така ги залажував и себе и нив. Престанав да ги грицкам се сеќавам 2-3 недели пред оваа Нова Година и тоа сама, ми зборувале што ми зборувале и престанале. Вистина кога ќе ме видеа со прстот во уста ми викаа да ја тргнам раката и ми здодеа. Ми здодеа и зборувањето на сестра ми, како за полуматурата сите ќе имале нокти и бла бла. Па затоа со цврста волја одлучив воопшто да не ги грицкам, и не знам како успеав после толку залажувања и самата си се чудам ама си викам фала ти Господе! Откако ми потпораснаа почнав само да ги лакирам со лак за противкршливост и побрзо растење од Aura. И така мислев дека ми се многу мали за да ги налакирам за Нова Година, па следното утре, исто така 1ви јануари ги налакирав и не можев да си ги изнагледам. Сега секако не ги чувам долги, средни, не ги поднесувам големи. И така ви велам пробајте кога ќе ја ставите раката во уста да помислите на сите инфекции и бактерии што можат да ви се пренесат во устата, помислете колку убави нокти ќе имате ако ја тргнете раката и ако не ги грицкате и помислете на тоа колку е грдо женско несредено во ноктите! Ќе успее! Да ја оставиме естетиката и изгледот на страна, правете го тоа за здравје пред сѐ!
Eve jas zasto grickam,ke gi izrasnam ubavo ke gi sredam ama mn mi se meki i ke mi se skrsi eden dva i ke se iznerviram i site pos gi ramnam so prirodna noktarica
и јас порано грицкав нокти и си ги мачкав со прозирен лак и така го гренев само лакот сега веќе се одвикнав од тоа
Грицкав порано на 6-7 години и замислите ме лажеа дека ке ми се залепат за стомакот На 13 години сама веке почнав да си ставам бибер мелен на ноктите и одвратно ми беше.се одвикнав
Jas moite nokti gi grickav celi 22 godini se dodeka ne resiv da si stavam nadgradba na nokti, iskreno se oduciv od grickanjeto so nadgradbata koja sto ja koristev samo dve godini i podocna ja izvadiv skroz noktite mi bea znaci strasno unisteni ali barem se odviknav da ne gi grizam..Podocna kupiv lak na EVElyn 8v1 i so ovoj lak noktite mi se fantasticni momentalno..
Женски можда не е за тука прашањето ама не најдов тема за раст на нокти и сл.Јас од стално сум гризела нокти,ама веќе почна да ми смета изгледот,сакам да ми се средени,женски сте ме разбирате.. Арно ама никако не можам да се одвикнам од гризење.Дури и кога ќе се решам,се фаќам како несвесно ги гризам.Е сега,знаете некое чаре за ова ? Прочитав некаде демек да сум ги лакирала убаво и жал ќе ми било да ги гризам блабла глупост.Пробав ама ништо.И освен тоа,ако знаете нешто за побрз раст,по можност на природна база бидејќи од козметика многу ги оштетив ептен слаби ми станаа.Ќе ви бидам благодарна.
Јас мислам дека не е решение гел. Да, ќе ти пораснат ноктите, но ќе ти бидат премногу слаби, како лист хартија. Јас го имав истиот проблем како тебе. Цел живот ги грицкав и ужасни ми беа. Го купив лакот Eveline 8in1 и за месец дена редовно мачкање ми пораснаа и ми се зацврстија. На почетокот ми беше тешко да не ги грицкам, ама ете некако издржав. Потоа кога почнаа да ми растат цврсти, ми беше жал, а и гадно да ги грицкам. Лакот содржи некоја сотојка што е штетна, но мислам дека во сите лакови ја има, можда само во многу помала количина. Како и да е, пробај ништо не губиш. Поздрав @elenaxbbg
Ќе си земеш против грицкање од Голден Роуз и ќе си најдеш слика од нокти како би сакала да изгледаат твоите и ќе си ја гледаш секој ден. Со малку повеќе упорност ќе успееш и кога ќе ти пораснат појди да ти ги направат.
Треба да имаш цврст карактер за да се откажеш од нешто,стави надоградба,така и да сакаш нема да ги грицкаш,фокусирај се на нешто друго,прави нешто друго,не помислувај на ноктите,јас се откажав еве веќе две год.како не ги грицкам,и навистина споредбата пред и потоа ми е ужас,мали нокти изгрицкани ужас за девојче поготово.Додека сега ми се големи и ги обликувам како сакам,затоа биди упорна,штом јас се откажав,можеш и ти
Lele znaci za mene nema spas... Ke mi porasnat i ke gi izgrickam, znam deka e gadno.. Ali dali znaete nesto da kupam da mackam i da gorci ili nesto sto ke mi pomogne za rast i da ne mi se krsat.. Zasto ke mi pod porasnat ke pocnat da mi se krsat i tuka ke se iznerviram,i ke gi izgrickam mnogu sakam koa ke mi porasnat
Еве го - купи си го лаков од DM, не чини многу, некои си 130 и нешто денари, а навистина помага. Јас што цел живот сум анемична па поради тоа мака мачев со кршливи нокти и паѓање на косата, се препородив откако почнав да го користам лаков - ги зацвртува ептен ноктите, и брзо растат. Во лаков има формалдехид, така што не знам дали горчи ако го грицкаш, ама бидејќи знам што хемија е тоа (затоа и се препорачува пред лакирање да ги заштитиш кутикулите) ни во сон не би ми текнало да приближам прст налакиран со вакво нешто кон устата. И не само лаков, сама себе карај се, мисли дека треба да имаш убави и негувани раце, а не изгризани остатоци од нокти, и само помислувај на тоа колку ѓубре и бактерии ти се собираат под ноктите, а ти потоа сето тоа практично го јадеш, мислам одвратно е. И јас како дете едно време грицкав нокти, сега ми се врти од самата помисла.