И јас ги гризам ноктите ама сега не толку како порано. Ги лакирам на два дена со друг лак, оти така лакирани помалку ме фаќа криза за гризање. Никогаш не сум имала долги нокти, само 3-4 пати кога имав ставено надградба ама и од неа ми здосади А еден другар многу гриза нокти и едно време ставаше некакво уље од аптека се купува и многу одвратно мириса, ама ете он наоѓаше начин и уљето да го излупи за да може пак да гриза
И јас припаѓам тука Иначе почнувам да се одвикнувам од грицкање нокти но некогаш онака ќе се загледам филм и несвесно почнувам А имам и навика незнам како да кажам `кинење на уста` гризање незнам како да кажам но се надевма дека ме сваќате
Јас немам веќе проблем со гризкањето нокти.. си ставив вештачки (акрилни) на козметичар и супер ми е. Еве гледам и дека ми се потпораснати моите. И планирам да си ги одржувам, макар и со акрил да ги правам.
Во време на пубертетот 13-14 години целоо време ги грицкав ноктите.Ама кога си ги видов онака убаво под лупа се изплашив ги налакирав и од тогаш не го грицкам.И кога ќе ми тргнеше раката накај устата си ги глеав лакот и нејкев да го уништам.Постено ќе исчезне таа навика
Од кога знам за себе .. ја правам таа лоша навика .. грицкам нокти !! таман ќе ги пуштам малце .. ќе се порадувам на нив како детенце.. ќе почнам да ги лакирам .. француски маникир .. мајка ми се радува .. и кога ќе се изнервирам за нешто одма до живец гриц - гриц грицкалица или нокторец како и да се вика .. само за нозете користам .. Мајка ми вика ќе ти ставам надградба и нема да ги грицкаш .. ќе платам ако треба 1000 ден . ама барем да не те гледам .. живците ми ги изеде веќе
грицкав нокти од кога знам за себе. и покрај тоа што ми кажуваа колку грозно изгледа и колку не е здраво, јас си продолжував.... се додека не ја видов сестра ми со средени нокти, па посакав и мене да ми бидат такви. си ставив во глава дека несакам да бидам девојка со несредни нокти, да оставам лош впечаток , и плус да внесувам милиони бактерии и нечистотии. и тоа ми беше мотивација. без никакви лакови, средства и сл.престанав да ги грицкам и сеа ми се средени, како никогаш да не сум ги грицкала. значи ако ме прашате мене, ви треба само мотивација и желба стварно да сакате да престанете.
јас никогаш не сум грицкала нокти и никогаш не сум ја сфакала таа потреба од грицкање нокти.. но имав една другарка што никогаш не и беа ноктите средени.. секогаш изгрицкани.. сега во 4та година почна да си става гел на ноктите и се одвикна од таа грда навика.. и навистина сега и изгледаат супер.. ) така да според мене решение против оваа одвратна навика е гелот.. позз и со срека со одвикнувањето
И јас грицкам нокти и ужасно се нервирам кога ќе си ги видам ноктите изгрицкани. Од грицкањето не можат нормално да ми пораснат и секогаш ми се мали, необликувани, не можам дури ни со турпија да ги израмнам, а некогаш знам и толку длабоко да изгризам што одма ми тече крв. Имам пробано да се одвикнам, си купив лак се намачкав, ама па така не можам да јадам НИШТО со раце. Не можеш да јадеш чипс,смоки,не можеш нешто намачкано да јадеш, не можеш да грицкаш сончоглед, семки ... НИШТО не можеш да јадеш со раце затоа што лакот има горчлив вкус и одма те тера да ги извадиш рацете од уста и ако јадеш нешто ти дава грозен вкус. Откако го ставив лакот, ми седеше два дена, пробав да го извадам, ма не сака да се вади и крај, пробав со пет пати со ацетон-не сака, ајде ги миев неколку пати-не сака, со алкохол-не сака, само ептен малце се отстрани горчливиот вкус, ама уште се осеќаше. Така што се откажав и од тоа и сега пробувам да не ги грицкам, а кога некој од пријателите, моите дома ќе ме види, одма ме маваат по рака како мало дете.
А зашто ви е таа навика ? Дечко ми таман ќе го натерам да ги пушти , ќе го изнервирам и ги гризе Чаре е само да не го нервирам .. намачкајте од нешто грдо и валда ќе ви биде гад , не знам
Го знам тоа кинење на устата, сестра ми го прави стално! Многу ме нервира зш испушта некои звуци и без да ја видам и викам не ја јади устата! Ама ни ја не сум нешто подобра, грицкам нокти поише од 10 год! Никако не можам да се одвикнам а сакам долги нокти, раката поубаво и поженствено изгледа, и се Сум пробала со горчлив лак да ги мачкам ама па ке се изгорчам еднаш и после се навикнувам на вкусот и продолжувам! Изгледа надградба на нокти е спасот. Кај и да е, ќе ставам наскоро
koga sum nervozna ili pod stress nishto ne me sopira :/ gi grickam noktite do zivecot.. sepak koristev lak so vkus na gorcliv kaktus i mi bese uzasno tolko loso mi bese od lakot sho koga kje doprev neshto[hrana] posle mi mirisashe cel den v usta mi bese vkusot.. toa me odvikna mozebi ne si gi grickav noktite 2-3 sedmici no koga dojdoa na red pismeni i testovi nishto ne ostana od moive nokti
go imav i jas istiot problem za sreka veke ne probuvam so sekakvi lakovi i se so ke slusnev, no zaludno e veruvajte se e do vas i vasata zelba jas iskreno prekinav odkako si fativ decko na koj mu smetase toa premnogu, a vtoro ne sakase da gi grickam radi sebe, zosto e navistina losa navika taka da ako si najdete navistina dobra pricina poradi koja bi se otkazale, togas ke vi uspea, kako na mene ljubovta pravi cudni raboti, haha pozz
да да, јас баш тоа го правам, секогаш несвесно дури си ја гризам устата, и онака делчиња си кинам. После со крв ми се прави. Проблемот е што мене многу ми се суши устата и ми пука, и затоа ја грицкам. Со лабело сум секој ден, најдобар другар ми е
Јас не грицкам нокти,ама затоа устава партали ја правам.Постојано туку тргам,кинам нешто од неа.Некогаш кога ќе претерам цела уста ми е раскрвавена. За грицкањево нокти знам еден другар користеше некој горчлив лак.Не му помогна,одма изнајде начин како пак да си ги грицка и ужива во тоа.
Spored moeto mislenje za da prestanes da grickas nokti treba da imas golema samodoverba. Jas do neodamna grickav nokti, koga ke videv nekoja devojka so ubavi nokti mene mi bese mn krivo. Taka se resiva da ne grickam poveke, zato sega imam ubavo nokti
Јас сум грицкач веќе дооолги години и години, и нешто што највеќе ме нервира кај себе си е тоа, што неможам да си ги погледнам. Еднаш успеав, со помош на дечкото, да ги пуштам.. со тоа што на секое пикање прст во уста ме удираше по рака, ама нели, не силно И ете, еден период се среќна, се супер, ма француски маникири, ма лакирања, ма свашта, и толку беше... Да речеме од прилика 4 месеци, и толкууу! Сега пак ги грицкам, и сакам пак да си ги пуштам, ама не успешно.... Иако мислам, дека тоа со надградбата е дефинитивно најдобрата опција We can do it!
I belong here .. ги грцкам ноктите и на рацете и на нозете (за нозете ми е и мене смешно) ..Еве сега читајќи ги мислењава од темава си реков КРАЈ .. нема да ги грицкам ноктите повеќе.
ke si stavis vestacki iii jas taka sea ne gi grizam ponekogas koga neosetno ke probam da grickam osekam plastika iii se otkazvam
Да да помага една другарка ми ги излакира со него па неколку дена по ред не ги грицкав и сеа полека полека се одвикнувам