Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да не ги грицкам ноктите?

Дискусија во 'Тело' започната од Tam4e, 12 декември 2009.

  1. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    4.786
    Пол:
    Женски
    И јас ја имам оваа грозна навика и тоа само на десната рака. Ноктите на левата рака некако ги израснав и ми се во ред, но затоа од нервоза несвесно страдаат оние на другата. Мора да се потрудам да ги израснам и на другата рака белким ке се ослободам од оваа лоша навика.
     
  2. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Лакирај ги во некои јаки бои...што ако ги грицнеш ке ти се излупат и на ништо нема да ти личат....јас така се одвикнав од таа одвратна навика...и еве веќе две години не грицкам нокти,дури и гадно ми е сега. :)
     
  3. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Јас исто така многу ги гризам ноктите и знам дека не е убаво ама навика е.Tолку ги гризам што до живецот идам и ме боли многу понекогаш и живецот го гризам.
     
  4. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Вака. Јас сум поранешен грицкач на нокти, и од мое искуство имам
    да ви предложам 3 идеи со кои би можеле да прекинете со грицкањето на нокти

    1. Славниот лак за нокти кој е горчлив и кој ке направи да ви се згади од се мило и немило
    ако (кога) ке го пробате

    2. Фиксна протеза. Гарантирано прекинување на грицкање на нокти. Лично искуство

    3. Нанесување на вештачки нокти. Толку ке ви бидат убави што ке ви биде жал да ги грицнете :)
    (слично. - или налакирајте се)

    ;)
     
  5. Snegulkaa

    Snegulkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    Јас порано ги грицкав ноктите и верувајте тоа е навистина гнасна навика. Сега фала Богу се одвикнав сега.
    Знам дека е тешко додека се одвикнете, ама секој ќе се сложи дека секое девојче изгледа поубаво со убави, убаво оформени, долги (што не мора секогаш да значи долги, но сепак убаво оформени) нокти, отколку со такви никакви, изгрицкани .. Тоа сега навистина ми е гнасно.
    А за сето време додека се одвикнувате од грицкање, мислам дека ќе ви биде потребна помош и од другарките. Така на пример мене навистина ми пружеа помош. Кога ќе ме видеа со раката во уста дека ги грицкам ноктите ќе ме прекореа или слично. И навистина делуваше. :) И плус и самата станав свесна дека тоа е гнасно, дека се што фаќаме после во уста ни оди, секакви прљавштини .. бљакк :puke:
    Се надевам ова ви се доволно добри причини да престанете со грицкање. Мене навистина ми беа :D
     
  6. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    Постои една народна поговорка - кога се сака,се се може.Грицкав нокти од 3-то или 4-то одделение.Имаше ситуации кога со фластер ги лепев за да не ги гризам :lol: .хахахаха.Се пробав,ништо не помагаше.Негде кај 2-ра година средно ми завидував на сите кои имаа убви придодни и долги нокти.Бев упорна и сега редовно ги лакирам со лак за да не ги гледам и така си ги пуштам.Упорноста вреди,верувајте.
     
  7. sweetGirl123

    sweetGirl123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    го имав истиот проблем. грицкав нокти од 2-3 години до кај 15 година. можам да кажам дека пробав мн работи,но ништо не ми помогна..немав тогаш ни некоја посбена желба,од онака ми беше имав ставено во глава да се одвикнавм...аама едно време и на сите околу мене им се воодушевував на ноктите,убаво налакирани,средени , стокмени..пуштив јутуб гледав клипови..и ми се појави ОГРОМНА ОГРОМНА желба да имам нокти,да можам и јас така да си ги средувам и лакирам..тогаш почнав ! со ништо др,со самата себе само! си ставив во главата , ии најрпвин се налакирав со безбоен лакк ии еднсотавно ги оставив да растат..коа и да ги ставев во уста д ги грицкам,ми текнуваше на тоа како од грди и мали изгрицкани нокти можам ио јас да имам средени , долки и убави нокти. Од тогаш се откажав од гирцкање. има моменти кога и до ден днеес ќе ги изгрицкам,ама приметувам дека заборавам да грицка,и кога ќе ми текне дека до пред 5 мин омав совршени нокти,а глетката сега во изгрицкани и грди ноктии ме уништуваше..ии повторни сега сум со моите нокти :))
    * мислам дека добар начин ти е да купиш од оние нотки од пазарче по 50 денари што се со френч маникир,залепи ги со супер лепак ии носи ги 5 дена..кога ќе ги извадиш ќе имаш мало нокте,мачкај се со безбоен или некаков лак,ќе ти се појави желбата ии мислам дека ќе успееш . :) само напред :*
     
    На Danny.T му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dusicka.musicka

    dusicka.musicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    Јас грицкав нокти до пред 2 години...и појма си немав како да се одвикнам од таа ГЛУПАВА навика...татко ми ми донесе од Швајцарија нешто како лак го мачкаш на ноктот безбојно е и после кога почнеш да да ги грицкаш ти корчи(и мирисало,но за среќам јас не го чустував тој мирис...а мирисало ужаснооо)но откако се одвикнав...го ставив на видливо место за да се поцеќам :).но сега имам проблем што ноктите никако не ми растат...и ако ми пораснат два милиметри веднаш ми се кршат :( сега јас за тоа пак прашувам...како до долги и цврсти нокти?
     
  9. sweetGirl123

    sweetGirl123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6

    имаш во авон лакови за зацврстување на нокти и за побрзо растење..тој за зацврстување е мн добар стварно , камен ти се ноктите..а тој за побрзо растење нз , не го имам користено..само знам дека треба да пиеш млеко за побрзо да ти пораснат..позз :) :*
     
  10. duplo.a

    duplo.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    7
    Бивш грицкач сум :)
    Формула за одвикнување: лакирајте ги ноктите нон-стоп и купете си го стикчето на Аура за одвикнување, има таков одвратен вкус што нема на памет да ви падне да доближите нокт до уста. Пропратено со малку добра воља и цврст карактер, полека но сигурно ќе се одвикнете :)
     
  11. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    За сите грицкачи на нокти, препорачувам да си купат грицкалка. :lol: Шала, ама така е :D . Е сега вака, ви препорачувам лак за нокти на Deborah кој е наменет против грицкање на ноктите. Има одвратно грозен горчлив вкус и плус има дополнителен комплекс од калциум и одредени минерали наменети за зацврстување на ноктите. Шишенцето е вакво:
    [​IMG]

    Ако имате проблем пак со нокти што се кршат или што се двојат (листаат), исто така на Deborah има многу добри лакови со таа намена. Oдозгоре врз секое капаче и на самата етикета ви пишува за каква намена е, и доста се квалитетни. Проверете во сите подобро снабдени парфимерии. Цената им е 250-300 денари.
     
  12. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Какво е тоа стикче и каде може да се најде ако може да одговориш ?!? :$
     
  13. Macyii

    Macyii Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Ja probuvav so lak za nokti sto luti no ne uspeav :(
    [mod-kirilica:1sb36k0y][/mod-kirilica:1sb36k0y]
     
  14. duplo.a

    duplo.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    7
    Mислам дека го има во поголемиве маркети, а во Космо и Јуник го има 100 посто. Само си ги мачкаш ноктите и кожата околу нив со тоа, и ако само го ставиш прстот во уста осеќаш ептен ентензивен гаден вкус. Цената му е околу 120 денари и изгледа вака:
    [​IMG]
     
    На nadica1996 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Melody13

    Melody13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    215
    Надградба на нокти

    девојки..можeби прашањево е малку (повеќе) надвор од тема..но сакав да ве прашам дали можете да ми предложите некое решение за одвикнување од грицкањето на нокти..знам..тоа е многу лоша навика..но откако знам за себе ги грицкам ноктите :( ..имам пробано од горките лакови за одвикнување, ефикасни се..но со тек на време се навикнувам на вкусот и пак си продолжувам по свое :D ..ве молаааам предложете некое решение..итно е!! ..а и сега нешто поврзано со темата..сум надградувала нокти мноогу пати порано..но за жал никогаш не ми траеле повеќе од 2-3 дена..бидејќи моите ноктиња се мноогу малечки.. :$
     
  16. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    386
    Надградба на нокти


    Ах...лоша навика и јас до пред некое време, ме болеа кога ги грицкав...никогаш не сум користила од тие горките лакови, со другарка ми во средно што седеше до мене се договоривме секогаш да ме удира по рацете кога ќе ги ставам во уста...и успеа за некој период, си ги пуштив, супер, но се случија некои работи и пак почнав да ги грицкам. Мислам дека цел живот ќе се каам зошто ставив надградба за матура, никогаш повеќе нема да ставам, ми беа катастрофални..одвај си ги вратив потоа во нормала ноктите xD
    Од ова лето мн ретко си ги грицкам, обично кога учам, ама ги лакирам и наместо да ги грицкам си го вадам лакот...и така ми се оштетуваат ноктите...ама си викам барем не ми се изгрицкани...
    Знам дека сакаш ама самата треба да се обидеш и цврсто да се решиш, најдобро во периоди кога немаш некои поголеми стресови...лакирај ги често. Јас на пр кога учам наместо прстите во уста пенкалото :)
    И јас се извинувам за оф топик..

    Еднаш имам ставено надградба...мислам дека цел живот ќе се каам, тоа за матура беше, никогаш повеќе нема да ставам, ми беа катастрофални..одвај си ги вратив потоа во нормала ноктите xD и плус не беа баш евтини.. Сега вака си ги гледам негрицкани и си викам како вакви не ми беа тогаш :)
     
  17. Melody13

    Melody13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    215
    Надградба на нокти

    благодарам за советот Em4e711 :D ..Oтсега си ветувам дека ке ги лакирам почесто..па се надевам ке ги пуштам малку подолги.. ;)
     
    На TheQueen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Надградба на нокти

    Мелоди, и јас ги грицкам, ама не постојано. Само кога сум нервозна... :lol: За да се одвикнеш има креми и гелови со непријатен вкус, така да кога ќе ги намачкаш и пробаш да ги грицкаш вкусот нема да биде баш најубав. :) Сепак ова не знам колку помага, пошто пишувам само од слушање, не сум пробала.
    Инаку, јас редовно си ги лакирам со лак во боја, онака, убаво да се обоени, и така не ги грицкам.

    Сега коментар за надградбава: неколку пати имам ставено нокти. Еднаш со гел, и 3-4 пати акрилни. Акрилните се поубави и помалку штетни. Е сега кога ќе ги извадиш тие се лупат, се кршат и нормално е тоа, ама сепак, сакам надградба. Ставам за време на летниот период (на зима не носам бидејки одам на училиште :) ) и секогаш си одбирам некоја неагресивна комбинација. Не преначичкани, најчесто френч со некаков дизајн на палецот и досредниот прст. Мене супер ми изгледаат !! :D
     
    На Melody13 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Srculence--91

    Srculence--91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    52
    Неможам никако да ја тргнам таа пуста навика :( :( Веќе неколку години сум редовен грицкач :lol: :lol: но навистина сакам да се одвикнам од тоа... Не ми помага лак за нокти...
     
  20. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    ^ стави од тоа мачкалото од аура (погоре на сликата) иако мене конкретно тоа не ми помогна, може тебе ке ти помогне. Толку е горчливо што ако се лизнеш еднаш верувај нема пак да ти текне да доближиш прст до уста :D пробај.