Od koga znam za sebe postojano girckam nokti a sakam da imam ubavi sredeni nokti probuvav da se odviknam ama ne ide :/ koga sum mnogu nervozna premnogu grickam imate li nekoj sovet za mene ? [mod-kirilica:2i7tdz1h][/mod-kirilica:2i7tdz1h]
И јас си ставив вештачки али од навика и тие ги пукнав.. и ги извадив ништо не ми помага... и лак што гочи имам ставено на нокти и што уште не и неможам :/
Имаш во зегин едно како у туба е, се мачка и после коа ке гризнеш ке се згадиш! И јас грицкав нокти порано, и мајка ми постојано ме опоменуваше, и еден ден ми се избаци со тоа онака тадааааам! И ајде сега гризај да те видам Одвратно беше ! Така да прашај по апрекиве, сигурно има.. колку толку ке се одвикнеш
Два пати се откажав...ама силна нервоза коа ќе ме фати тоа е нешто невидено и пак ги изгризав. Уште прсти што не сум почнала да гризам.
колку пати сум се решила да не грицкам таман ќе ми пораснат се убаво.. и некој ќе ме изнервира до бескрајно па ќе г изедам до последното и најмало делче
Сите шо мислите дека неможете да се одвикнете се лажете. Значи ја зборувам од лично искуство, имав нокти два милиметри ги оставив една недела да живнат и отидов да ми стават акрил малце ме болеше додека ми ги ставаа ради тоа шо требаше да се истушка многу ама издржав ги носев од 24 мај до пред недела дена и сеа ми се големи и убави и навиката ми замина не грицкам веќе и срцето не ми дава на вакви убави нокти да грицкам , конечно и јас можам да трошам пари за лакови и ацетони
Јас од кога знам за мене ги грицкав ноктите. Се одвикнав од пред некој месец со горчлив лак. Навистина го платив 2-3 пати поскапо од обичен лак, ама се исплаќа кога си ги гледав така големи и средени ноктите неколку месеци Спојлер Вчера не знам што ми текна ги изгрицкав сите до еден , сега пак 1-2 месеци ќе чекам да ми пораснат .
7 години ги грицкаам ноктиве..и не можам да се одвикнам..некако имаше некои периоди као престанував но тоа беше 2-3 недели и после ај пак..посебно па ако сум на школо и некоја нервоза ме пукне охооо..имам пробано со горчлив лак, но не успева
Од кога знам за себе грицкам нокти! имав милион обиди да прекинам ама тоа траеше многу кратко! Но,се се смени пред 1 месец и тоа многу лесно..мајка ми ми купи еден прекрасен лак и ми ги налакира ноктите и самото тоа ме натера да не ги грицкам за да не го расипам лакот на ноктите! не знам како порано не ми текнало на тоа..и така многу често ги лакирав и полека тие си растеа..последиците се уште ги чувствувам дека ноктите не се баш перфектни по малце се деформирани ама далеку поубаво изгледаат од пред тоа такви цели испукани и изгрицкани! и да,се е во мозокот и психата! едноставно решив не грицкам,можам и ќе успеам-и успеав! верувам дека можете и вие
Од мојата 4та година ги грицкам ноктите. По гадна навика НЕМА. Но што да правам. Колку пати сум се обидела да престанам. Најмногу сум успеала 6 недели. Ништо не ми помага значи. Лакирај се, средувај ги (демек да ми е мака да ги расипам) Ништо. Навика си е навика. А колку грдо изгледаат ноктиве, прстите. Свесна сум дека е грдо, но не можам да се одвикнам...
Јас бев заразена со тоа до живецот ги грицкав,цели ми беа искукани катастрофа ми беа и имаше дома еден мирис на мајками иго дадоа за роденден ама едно гадно што мирисаше исто како Спојлер лајно . И цело време се прскав од него и кога ќе ги измиев рацете пак ми мирисаа и кога ќе пикнев во уста ми горчеше и само така се одвикнав(успева)
Откако знам за себе јас грицкав нокти. Постојано ми беа рацете во уста. Али се одвикнав самата со голема упорност и со безбоен лакт на ноктите. Кога и да го допрев лактот ми се згадуваше. И така малку по малку почнаа да ми растат ноктите и почнав да ги лакирам со лак во боја и откако видов колку ми пораснале ми стана греотка да ги грицкам и со тек на времето таа навика ми ја снема.
моја другарка имаше ист проблем со грицкањето на нокти но се одвикна, побарај во аптеките и во тинекс има нешто како течност незнам баш како се викаше точно околу 70 денари беше но навистина и помогна . утре ке одам накај тинексот па ке ти кажам точно како се вика Поздрав
Нешто слично и јас практикував, само вториот чекор не ни го пробав http://www.zazdravje.com.mk/upload/cont ... 1%82%D0%B5 За да се одвикнеш мислам дека најважно е да решиш во тоа и да се поставиш цел или најубаво налакирај ги и ќе ви е мака потоа убави нокти да ги грицкате Додека се помали налакирајте ги убаво, еве вака например, дајте си сами на себе мотивација Или еве погледнете нокти на гугл ( така јас правев ) и сеуште сакате да ги грицкате и да немате вакви прекрасни нокти? Не, никако, секоја девојка што ја познавам сака нокти . Преубави се И на крај ВЕРУВАЈ ВО СЕБЕ И ЌЕ ЈА ПОСТИГНЕШ ПОСАКУВАНАТА ЦЕЛ Среќно феминки
vi blagodaramm mnogu za sovetite ke posluzat i jas gi grickam noktite cel moj zivot no sega poretko i mislam deka ke mozam da pretanam.SAMO VERUVAM VO SEBE!!!
и моите се ... едно време се „одвикнав“ ама пак ништо пак ги грицкам.. :Ѕ ај ке пробам со тие лакови што лутат или пак ке си напраам убавииииии нокти и ке ми биде жал да ги грицкам...ке ви пишам обавезно ..*