грицкав нокти до пред 2 месеци.... ноктите ми беа ужас пробував да се откажам од грицкање многу пати али неуспешно.Секогаш на крај завршував со ноктите во уста.... Пред 2 месеци ставив надградба на нокти, ме чинеше 700 денари ама вредеше... си ги носев вештачките месец и кусур и откако ги извадив приметив дека ми пораснале мои нокти (што до тогаш немав ) многу ми беа слатки на изглед и само си ги излакирав и еве не сум грицнала нокт од тогаш ... според мене надградба е правата ствар за одвикнување од грицкање
И јас ги грицкам ноктите од кога знам за себе,и ми е многу срам да ги покажувам. Последно се одлучив да ги лакирам со безбоен, не ги гризам, но лакот го лупам, па секој ден се лакирам. Мислам дека успева. Е сега да прашам, кога ќе ги пораснеш, нели има празен простор, односно тоа што ти пораснало е долго колку половина од целосен нокт (мислам дека ме разбравте) па постојат шанси пак да ги гризнеш. Може некако таа празнина да се исполни?
Нема друг начин, па нема ни голема помош од оние горчливите лакови, само воља да престанеш да ги грицкаш! Ги грицкав ноктите до пред година-две и престанав! Како ? Се зарамив ама многу, кога еден познаник, ми ги виде ноктите и ми даде коментар од типот, да ги видев само ноктиве, а да не видев чиви се, ќе се заколнев дека не се на девојче! Најмногу ме здоболе што коментарот доаѓаше од никкава особа, во секоја смисла, лицемер кој страшно ме нервира, а ниту пак има некако вкус за мода, стил и убавина! Но, беше во право! Не ми личиеа, средена, дотерана со нокти изгиризани до кожа И се опаметив! Си купив едно 20 лака за месец дена и почнав да ги лакирам константно! Да ми се кршат повеќе, но со тек на време, со многу препарати се подобреа, и сега ми се прекрани, како што му доликува на женско! така да благодарана сум му на тој коментар, како и да е ме освести, ЗАУВЈЕК
Сличен на мојот случај и јас до пред две три години ги грицкав...она постојано особено на момент на нервоза ,абе до кожа ги јадев буквално немав ништо од нокт ко да не сум јадела цел век...али дечкото на сестра ми секое идење кај нас коа ке ме видеше ми се смееше и ме зезаше дека сестра ми секогаш имаше убави и средени нокти....ме фати некој инает и ги остаив да пораснат (секако со неколку удирања по уста од сестра ми. ) ги чувам веке една година цела со одржување со разни лакови и ми се супер сега неможам да се замислам со кратки нокти.... така да не помагаат никакви препарати или лакови....само барајте некоја личност што стварно ке ве натера да не ги грицкате
Јас како помала стекнав навика за грицкање од една другарка на која постојано и беа во уста и и' беа ужасни! Со тек на време,како што растев полека се одвикнував. Сега не ги грицкам ноктите,туку кожата околу нив. Абе страшна сум,еве веќе 3 дена се воздржувам,ги негувам со креми 300 чуда,ама не бе,пак несвесно го ставам во уста и дур се свестам..ојде Планирам да си купам сега некој лак,нешто грозно,горчливо за да не ми текне да ги пикнам в уста пак
Хаха,исти случај сум и јас,порано ги грицкав ноктите,коа бев основно,но од коа престанав нив,од време на време кожата околу нив,али не многу често. Иначе јас забележав еден интересен феномен кај мене,хахахаха,ги грицкав ноктите цела учебна година,но коа ќе дојдеше летото престанував,така мислам беше едно 2 години се додека не се одвикнав целосно,и коа ке размислам подобро,изглеа дека толку ми било досадно у школо,што јас немајќи попаметна работа си ги грицкав ноктите цело време
Еве веке 2-3 недели со ред користам вакво.. ии помага.. Ми пораснаа ноктињава пааа негде 2-3 мм Се заинетив и ќе си ги порастам!
Може имам напишано во темава, може и не. Али тие што неможат да се одвикнат од грицкање не помислиле дека не личи на женско со изгрицкани нокти до месо? (Не го сваќајте ова како навреда, но стварно е така) Кој не би сакал убави нокти? Излакирајте се убаво и оставете ги да ви пораснат. А од нервоза немора да грицкате нокти. Грицкајте нешто друго. Милион бактерии има под ноктите Јас кога ќе помислам кога ги грицкав ноктите.. Ако сте се решиле, престанете да ги грицкате. Како што направив јас
Јас да ви кажам како еве веќе 3 недели не ги грицкам. Си ја отворив на фемина темата вашите нокти. Ги разгледав СИТЕ страници и останав ваква . И си се размислив малку, зашто јас да немам прекрасни нокти, да ми бидат вакви ужасни изгрицкани до крајот, па дури и крв од страните да имам. И од следниот ден (од истиот поточно) прекинав да ги грицкам. Немам ставено нокт во уста ! Ми пораснаа малку ги средив со турпија, си изнакупив лакови и сега постојано си се шарам. Сеуште ми немаат пораснато убаво, и ми се меки, но ќе продолжам да ги негувам и ќе ги оправам. Инаку од мала, од 6-7 години почнав да ги грицкам се до сега и тоа заблагодарение до ФЕМИНА , девојката што ја отворила темата и сите вие што имате прекрасни нокти и имате постирано слики од нив
Грицкате нокти и живци? Грицкањето нокти е навика која е тешко да ја отстраните, но постојат неколку методи кои можат да ви помогнат. Грицкани нокти, посебно кај девојките... ...но и кај момчињата не оставаат воопшто убав впечаток. Се смета дека оние кои грицкаат нокти се нервозни личности. Прво, одлучете се дека сакате да престанете. Второ, покажете челична сила и волја. Трето, грицкалката за нокти секогаш нека ви биде при рака. Оној момент кога ќе забележите нерамнина - употребете ја грицкалката наместо забите. Добар начин да престанете со грицкање на ноктите е да ги налакирате со омилената боја и редовно да си пружате салонски маникир. Кога вашите нокти ќе бидат скапо средени - тогаш ќе ви биде жал да го уништите својот или платениот труд. Добро би било и ако редовно нанесувате крема наменета за околното подрачје на ноктите, така што и живците кои често се жртва на забите ќе бидат меки и нежни.
Неможам да сфатам како можете да грицкате нокти Уште на првата помисла ми е грозно и гадно,со тоа што знам дека имаат милиони бактерии,и плус си ги уништувам,и им давам некој чкљ форма. Ужас Али добро,повеќето од мали почнуваат,и тоа прераснува во навика.. и тешко е после да се одвикнеш. Луто пиперче му е мајката.
јас сум слушнал за неколку начини. со лути пиперче да се поминат сите прсти или пак со нешто такво слично кое нема убав вкус секој пат кога ќе се начекате самите себеси како го правите тоа да се казните на одреден начин. итн
Јас грицкав ноктии и се одлучив некако да не ги грицкам и добро ми пораснаaи денеска на последен час праевме тест и од нервоза ги изгрицкав сите до живецот..
Откако знам за мене, ги грицкав ноктите. Нема што немам ставано на нив за да се одвикнам, лути пиперчиња, горчлив лак, и ништо не ме спречување во лошата навика. Не ги грицкав до живецот, но доволно за да не употребам ноктарче. Последнава година се решив да ги израснам долги. Едвај издржав, но ете, ми пораснаа и сега цело време ги лакирам за да ми бидат поцврсти, бидејќи онака ми се лупат. Грозно стои од страна, 20 годишна девојка да грицка нокти. Затоа, повеќе не така
И јас ги јадев.И ручек и вечера ми беа Мајками ме зафркаваше, белеше да јадеше толку храна колку што јадеш нокти супер би било.Јас престанав исто со помош на ФЕМИНА односно на темата ВАШИТЕ НОКТИ.И јас останав со отворени устА и веќе јок.Не ги грицкам.И сега ајка ми се радува па ајде лакче па и оние Графити лакови ми ги купу.Абе си се шарам и НЕМА СТАВАЊЕ ВО УСТА! Спојлер Јас почнав со забрана за грицкање и секој пат кога ќе ги доближев до усните си замислував колку бактерии има (како оние на рекламите за производи за отстранување на бактерии пр.DUCK-тоа средство )
За да се одвикнете од грицкањето на ноктите: 1. Рацете никако во близина на устата. 2. Има исто така и повеќе лакови против гризење на ноктите, може и со тоа да пробате. 3. Може исто така да ги намачкате ноктите со нешто што мириса одвратно, па така кога ќе ги доближите рацете до устата ќе ви замириса и никогаш повеќе нема да ви текне да грицкате нокти. Да се надоврзам на тоа што го кажа RoseMarie. Кога ќе ги видите сите тие прекрасни нокти, зарем нема да посакате вашите изгрицкани нокти да ги замените со преубави долги нокти?
Спас за не грицкање на нокти: убаво исшарани и средени (иако се мали), ако можете и тогаш да ги грицката кога се така убавки незнам што да речам Спојлер п.с. ако не мачкајте пипер на прстите