Навикната сум да грицкам нокти и не ми пречи. Но, им завидувам на моите другарки кога гледам дека имаат прекрасни нокти и сакам и јас да имам. Кога бев мала и кога сум немала заби сум ги кршела, потоа кога ми пораснале забчиња сум почнала да ги грицкам и така се до денес. Какви трикови немам испробано. Горчливи лакови, лути пиперки, па дури и ноктите со ханзаплас ми ги лепеше мајка ми и никако да се одвикнам. Се лакирам за да се одвикнам бидејќи кога ја гледам шарата на ноктите не можам да ги изгрицкам, но многу глупо ми стојат со лак...на ништо не личам ... Мајка ми или татко ми понекогаш ме зафркаваат со тоа што ќе ми речат: -Гладна ли си, па да ги грицкаш ноктите? или ќе ми речат - Ги изеде, ги дојаде остави ги малце на раат...итн. Ве молам некој нов трик ако имате да кажете???
Бубси, речиси сама не ги гризам и готово, ако си испробала се ! До мислењето на нашиот мозок е , до ништо друго. Само речи си не ги гризам и кога ќе ги доближеш прстите до раката речи си НЕМА СЕГА ДА ГИ ГРИЗНАМ! Остави ги да ти израснат 2 цм па ќе видиш, самата нема да ги гризеш
^Мислиш 2мм, нели? Инаку јас си ја најдов инспирацијата во братучедка ми. И двете ја имавме истата навика, но кога престана таа се запрашав зошто да не можам и јас и едноставно престанав да ги грицкам. Неколку совети: -Гледајте во ноктите на други девојки, ќе посакате и вие да имате такви. -Лакирајте ги во некоја убава боја, ако ви се допаѓаат нема да ги расипете. -Играјте си со нешто т.е. држете нешто во рацете. Имајте друга занимација и раката нема да ви оди кон устата. Пример, јас имам гумено топче и во тој период на одвикнување насекаде го носев со мене.
И јас бев опасен грицкач до пред една година. Ми се случуваше до толку длабоко да ги загризам што крв ми потекуваше. Според мене потребна е само голема желба за да прекинеш. На почетокот ми беше тешко, едвај се воздржував да не ги грицкам. Ми се случуваше и несвесно да си седам и да одгризам некој нокт, па отпосле да се свестам што направив. Фала богу полека се навикнав, и сега воопшто не ми ни паѓа на ум да ги грицкам, и секогаш ми се средени Инаку пред некој ден на рекорд видов од голден роуз еден лак против грицкање на ноктите. Најверојатно има некој лут/пецкав вкус, претпоставувам
јас многу ги грицкав ноктите ама пред да го ставам прстот во уста се потсетував какви ке ми бидат ноктите кога ке ги изгрицкам и така се одвикнав
Јас како мала многу ги грицкав ноктите , мајка ми со помош на луто пиперче ми ги намачкуваше прстите и околу нив . но тоа помина сега има специјални работи за одвикнување на грицкањето како на пр намачкај те ги со крема или скратете ги , така помалку ќе имате за грицкање а и бактериите во ноктите ќе имаат помалце простор за живеење еве некој виц за грицкањето нокти Трпе се фали на другарите: - Конечно го одвикнав син ми од грицкање нокти! - Како? - Му ги скршив забите.
Најдобар лек за одвикнување од грицкање на нокти е гел на ноктите. Ела грицни ги да те видам не за друго, жал ќе ти биде да си грицкаш 50 денари (50 денари по 10 прста = 500 денари)
...направи си маникир и да те видам дали ке грицкаш нокти... секогаш пред да ги ставеш во уста ќе се сетиш колку пари си дала за маникир а сега ти да ги изгицкаш ноктите. Помага.
Сакам да престанам да ги грицкам ноктите до сега се сум пробала но не ми успеалооооооооооо сакам да имам убави и долги нокти
Највеќе е потребна желба. Треба сама себе да си кажеш и ветиш дека нема да ги грицкаш. Многу помага ако си вложила труд во тоа. На пр. Од парите што си ги заштедила купи си некој лак со убава нијанса и налакирај си ги ноктите. Гледај лакот да биде квалитетен и можеби малку повеќе скап . Кога ќе ги налакираш ќе ти падне жал да ги изгрицкаш а и парите што ги потроши ќе ти дојдат во главата. Така ќе почнеш да се одвикуваш. Исто така можеш да си ставиш ластиче на рака и кога ќе ги грицнеш со ластичето плесни се .Потегли и потоа пушти.Така го тренираш мозокот. Тој ќе разбере дека кога ги грицкаш ноктите следува казна и ќе престане. И јас сум била најголем грицкач во семејството. Моите не грицкаат но стрина ми грицка.Прво ми беше интересно што јас грицкам и стрина ми. Но потоа ми падна жал. Кога ги гледав на братучетка ми одев во бања и плачев. Си велев зошто и јас неможев да имам такви нокти. Се е до психата и што се ти зборуваат. Ако мајка ти те подржува и ти вели ,, Ќе успееш,можеш ти, ти си силна" ти самата ќе престанеш. Јас исто така слушав и песни кои ќе ме подржуваат. Песни кои велам дека можам. Повторувам се е до психата и желбата. Ќе ми биде мило ако на некого сум помогнала Спојлер П.С -и стина ми престана да ги грицка
Не си пробала се, јас пробав со лак за нокти што горчи но со тоа не престанав да ги грицкам ноктите пробај да идеш во козметички салон и ке ти ги направат ноктите поцврсти и ќе неможеш да ги грицкаш и така од ден на ден ке се одвикнеш, нормално постепено ке ти паднат но јас мислам дека вреди да се даде 1000 за да се одвикнеш од таа лоша навика, ако со тоа си пробала незнам со што друго
Сега се потсетив дека додека бев во периодот -одвикнување од оваа грозна навика. Секогаш носев едно гумено цревце исечено на помали делови. Цревце како тие со кои плетат нараквици.И тоа го жвакав секој пат кога ќе сакам да грицкам.И од време на време ноктите веќе не беа интересни.Се сеќавам дека еднаш ан ноктите им реков: - Еј искулирајте не ми се допаѓате! Потоа мајка ми цел месец ме зафркаваше со тоа Но баш помага.Добро немора цревце но нешто гумено или пак мастика секогаш во усни. Спојлер Тоа што го ставате во усните исмијте го убаво па тогаш.Којзнае кој се го фаќал
Треба само да имаш голема желба за да се одвикнеш. Јас ја имав оваа грозна навика порано и не ми помогна никаков лак. Си ги средив ноктите и ми беше жал да ги грицкам така наџиџани, па сега ми се црвсти и пораснати и секогаш средени - да ти е жал во уста да ги ставиш
Јас ги грицкам ноктите уште од 8 год неможам да не ги грицкам тоа е зависност.Ама за среќа моите ми купија еден лак кога ке го допрев до усните имасе грозен вкус И не ги грицкав 1 год ама сега кога ја видов другарками и јас си почнав пак да ги грицкам и сега не ми помага ни лак ни ништо
Јас цел живот ги грицкам ноктите и што се не сум пробала најдобра варијанта е постојано да ставас наггадба било акрилни било наливни имам резултати проверено.
Помислете на тоа колку бактерии јадете со тоа што ги грицкате ноктите. Ама пред тоа задолжително погледнете клипче како растат истите во нашето тело. Погадно нема. Една колешка грицкаше, до корен, немаше нокти скоро. Арно ама имавме таков предмет на факс и кога виде како растат и се размножуваат бактериите кога ќе се насадат во соодветна средина (во случајов нашите органи), не само што не ги грицка ноктите, туку и постојано ги чисти, ги дезинфицира рацете.
Каква надградба какви бакрачи одете на нива малку покопајте да ви влезе малку кал под ноктите потоа потријте ги со лук може и некој дополнителен зачин да им ставете и проблемот е завршен.Нема потреба од трошење пари
ни надградба ни ништо. Јас бев можеби најголем грицкач на нокти. Појдов во аптека и си купив гел против грицкање од кој кога ги ставив прстите во уста ми се слоши и кашлав 3 дена. И бев упорна неможе да се гледам во ноктите какви ми се никакви, кога ќе ја подадев раката целите изгрицкани, ни накит ни прстен, а камо ли лак .. и се чуствував мизерно и еве сега можам да се пофалам со убави долги нокти и си ги обожавам.. Се е до желбата и волјата!