Kај мене во клас имам еден соученик кој постојано ги грицкаше ноктите,дури почна и цел палец да го грицка,рацете му беа катастрофа... Eден час кога одговараше на табла по математика,проф. му ги забележа рацете и му даде еден препарат незнам точно од каде го набавила(дали од аптека или од авон,орифлем)со вкус на кактус..најдобро беше во тој препарат што со миење не се вадеше,имаше горчлив вкус ако го лижнеш..и после што и да пробаш ќе ти горчи.. тој неможеше ни цигара да запали му мирисаше на кактус ..Ако сакате да прашам за името на тој препарат и како се набавува..па ќе ви пишам!
Сум слушнала за таа метода но исто помага и ако си ги прамачкате со лук или кромид посебно ако ги мразате.... ке не можете да ги приближите до устата не па да ги грицкате
И јас порано ги грицкав ноктите и ужасни ми беа.Дури одвратни за гледање.Гадни И почнав да гледам како девојчиња си ги средуваат ноктите,па си ги лакираат,па прстенче некое си стават и опп убаво женско раче,а јас си ги погледнам моите и гадни,никакви! И сама си одлучив си купив лак во црна боја ги премачкав и престанав да ги грицкам.Така налакирани не ги грицкав и ги пуштив. И чудно,но јас не користив ни пиперки ни кромиди ни лукови,едноставно се решив и јас да имам убави и женски нокти ...
Грицкање на нокти Можам да кажам дека си ги запустив прстите со грицкањето на ноктите..Пробав од Аура стоп за грицкање на ноктите ама ништо и од тоа..Се навикнав на одвратниот вкус и пак почнав да грицкам..Дај луѓе поможете како да ги пораснам...премногу лоша навила
Грицкање на нокти Налакирај ги убаво, или оди на маникир да ти ги направат. Од убавината ќе ти биде жал да ги грицкаш , јас така се одвикнав. Ќе ти потпораснат и лакирај ги цело време, и ќе се одвикнеш да ги грицкаш.
Грицкање на нокти Проблемот можеш да го решиш со многу концентрација. Се е до психата. Секогаш кога рачето ќе ти појде накај устата, исконтролирај се и врати го назад. Сама убаво кажа дека станува збор за навика, а секое навикнување има одвикнување.
Грицкање на нокти Како што рече Gea се' е до психата. Верувала или не јас откако почнав да вежбам јога (уште почетник - месец има) се смирив.Пред тоа немав контрола на телото сами ми одеа рацете накај устата без да ги сетам, а и ми се тресеја
Јас имав многу мали нокти. Беше невозможно да се стави дури и лак. Пред можеби 1/2 години престанав да ги грицкам. Не користев никакви горчливи лакови, лути пиперки, лук итн. Едноставно се откажав, зошто веќе и немаше што да гризам, ќе требаше од месото да си јадам.. Кога почнаа да ми растат видов колку се убави и се одвикнав од грицкањето. Во саботата бев кај една другарка и таа имаше купено од Зегин - аптеката една мала тубичка со лак ли којзнае што беше тоа [имаше вкус кој неможе да се опише] за одвикнување од грицкање нокти. Што ми текна да ставам, од пуста љубопитност. Се намачкав и тоа веднаш се впива во ноктот и не се познава дека имаш ставено.. И се враќам дома, си лупам некое овошје и да го каснам ми дојде тој одвратен вкус. Што да му правам на овошјето, па го измив, но кога видов дека не се вади тој вкусот го фрлив. Прво ги утепав од миење прстите и ноктите по 5 пати ги бришев со ацетон, но камо среќа тоа да помогнеше.. До денеска го чувствувам вкусот во устата. А од тогаш дали по 5 пати ги миам забите дневно.. И сеуште ми се гади. Инаку вака приближно изгледаше побарајте го во Зегин аптеките доколку сакате да се одвикнете од грицкање нокти. Ви гарантирам дека нема никогаш повеќе да ги доближите ноктите до уста и да ги грицнете. Еве го: http://www.aura.co.rs/media/catalog...19eda06f020e43594a9c230972d/t/r/tretman_6.jpg (се надевам дека помогнав )
И јас до пето/шесто грицкав нокти.Ама се одвикнав.И тоа само од збор.Тој период ставив протеза (мобилна) и ортодонтот така меубеди дека не треба да грицкам нокти дека ќе ми се искриват забите.И јас престанав.Од тогаш навака не грицкам нокти.Дури глупаво ми е да ставам прст во уста..
http://www.aura.co.rs/media/catalog...19eda06f020e43594a9c230972d/t/r/tretman_6.jpg (се надевам дека помогнав )[/quote] дефинитивно само ова е лекот! јас вака си ги пораснав.
15 години грицкав нокти,моите пробуваа со се и сешто да ме одвикнат од таа навика.Накрај самата престанав бидејки почна да ме фаќа срам,не е убаво една девојка да има изедени нокти. А сега пак и ми ги фалат дека ми се убави и дека секогаш ми се средени
Грицкање на нокти навика братче, ја ми се чини дека грицкам одкако ми пораснаа заби ми се случува коа гледам ТВ махинално да си почнам со грицкање, исто и у момент на замисленост у група со луѓе, или од нервоза и поооосебно кога учам ... кога бев мала моите пробуваа со сеЧ ми ставаа горчелив лак - го излупив , триумфално ги кренав рацете и после си продолзив со грицкање ... пробаа и со лута пиперка - така поцнав да јадам луто ... бев на маникир ми ги направија пуцка ... помина матурата ми падна еден и останатите успеав да ги одлепам ни ја незнам како така да може да се престане само со јака волја, висок степен на разумност и да се избрисе махиналноста од психицкиот зивот ако си го забелезуваме секој нас потег ке знаеме кога правиме грешка ... работам на тоа и сенадевам дека еден ден ке бидам способна да го имплементирам во секојдневниот живот а до тогаш единствена мотивација ми е новиот лак што си го купив за кој ако не го ставам на ноктите ке ги жалам парите што ги дадов за него
Јас престанав со грицкање бидејќи многу ги имав оштетено ноктите но користев лакови и гелови за зајакнување и растење и сега се супер
Да го сподeлам моeто искуство со вас. Јас од кога знам са сeбe грицкав нокти и никако нe можeв да сe одвикнам од таа грда навика, ноктитe ми изглeдаа одвратно. Пробував со сeкакви лакови против грицканјe ни ништо нe ми помогна. Прeд околу 1 мeсeц случајно во eдна парфимeрија вработeната ми прeпорача лак што горчи јас скeптично и рeков нeма шанси но мe убeди да го купам и го купив. И да ви сe пофалам eм што ми пораснаа ноктитe и ми сe прeубави и во нeго си содржи зацврстувач и калциум за побрзо растeнјe. Нe знам точно која цeна бeшe ама дeфинитивно врeди за паритe.
Пробај некој од лаковите кои ја имаат таа намена. Само ако ги допреш до устата/јазикот горчат толку многу што нема да ти текне пак да ги доближиш Со среќа!
Koга ги грицкав ноктите ни тие лакови не ми помогнаа,горчат ама навиката за грицкање е поголема од се